
Од
МИХАИЛ АФАНАСИЕВИЧ БУЛГАКОВ
во режија на
НАТАША ПОПЛАВСКА
АЦО ГОГОВ, драматург
МАЈА МИТИЌ, кореографија
МИЛЧО АЛЕКСАНДРОВ, дизајн на светло
ЕМИЛ ПЕТРО, дизајн на сцена и костим
ЃОРГИ КРМЗОВ, асистент костимограф

ЛИЦА:
СТОЈАН ВЕЛКОВ – ТРН – ГЕНАДИЈ ПАНФИЛОВИЧ
директор на театарот, во исто време и Лорд Едуард Гленарван
ГОРАН НИКОВ – ВАСИЛИЈ АРТУРОВИЧ
Димогоцкиј, алијас Жил Верн, алијас Кири – Куки дворски никаквец
ОЛИВЕРА АРИЗАНОВА – МЕТЕЛКИНА НИКАНОР
помошник-директор и папагалот кој зборува и Кај – Кум првиот позитивен домородец
КОЉО ЧЕРКЕЗОВ – ЖАК ПАГАНЕЛ
член на географското друштво
ТАНКИЦА СТОЈАНОВА – ЛИДИЈА ИВАНА
и Лејди Гленарван
ВАНЧО ВАСИЛЕВ – ХАТЕРАС
капетан и Фара – Тете вториот позитивен домородец
АНГЕЛИНА ТРЕНЧЕВА АНГЕЛОВА – БЕТСИ
собарка на Лејди Гленарван
ВАНЧО МЕЛЕВ – СИЗИ – БУЗИ ВТОРИОТ
бел арапин, властодржец на островот
КОСТА АНГОВ – ЛИКИ – ТИКИ
командант, бел арапин
АЦО ГОГОВ – СУФЛЕР
ИГОР ТОДОРОВ – ТОХОНГА
арапин од гардата
КИРЕ ЃОРЃИЕВ – САВА ЛУКИЧ
,,Пурпурен остров” е пиеса која преку сатира, која понекогаш преминува во лакрдија, го разглобува системот на цензура, ја воведува на сцена ,,злокобната сенка на Големиот Инквизитор, кој го гуши уметничкото творештво и им дава предност на ропските, додворувачки, невешти драматуршки шаблони, ги ништи личностите на писателот и актерот”.
Сценската постановка на комедијата на Михаил Афанасиевич Булгаков е тематизирање на неукоста, волунтаризмот и партиската правоверност, толку присутни и денес, одново осветлување на грчот на уметноста кога таа ќе се најде соочена со ,,повисоки цели”. Истовремено оваа постановка е и навраќање на прашањата: Што е тоа театар? Каков е односот меѓу театарот и човекот-актер? Како се прави театар? Режисерското читање на пиесата го потенцира токму тој пиранделовски момент на правење театар, истовремено нагласувајќи ја играта преку кореографско-музичките точки, како и преку триковите и акробатската умешност, својствени за буфонадата.
За прв пат праизведена на 11 декември во 1928 година во Московскиот камерен театар, а забранета по педесеттата изведба, комедијата ,,Пурпурен остров” и по речиси еден век, денес, ја потврдува својата актуелност, соочувајќи не’ со вистината дека поимот театар и поимот живот се, всушност, синоними за една иста суштина.