
Претпоставувате, се работи за инсценацијата на “Лолита# на Набоков овојпат во сценска верзија на режисерот Мицевски на новоотворената Мала сцена во Драмскиот театар
Борче ГРОЗДАНОВ
Преточувањето на едно култно прозно дело во драмско, сценско, театарско дејствие, исчистено од нарација и експлицитно до срж (при)кажано, секогаш е предизвик кој сам по себе носи низа стапици и дилеми поврзани со прашањето: дали виденото може воопшто да се поими како субјективното чувство на восприемното писмо? За да се успее во преминот “од зборови на дело# секогаш се откажуваме од дел од мечтата за сметка на суштината… Сепак, со многу желба и ентузијазам може романот да биде Театар…
Таа размисла ја наметнува младиот ентузијаст, дипломец Оливер Мицевски, кој култната “Лолита#, нимфетата на Набоков, ја претвора во своја чигра, која ги плени очите, ги дразни чувствата.
Инсценација на “Лолита# на Набоков овојпат лоцирана на новоотворената Мала сцена во Драмскиот театар е исчистена од напати (иако мајсторски раскажано) здодевната нарација. Неколкуте наративни лика се преточени во два – Констанс, наизглед наивната озборувачка и посесивна #прва# сосетка и Квилти, “наивкото#, перфиден и импотентен, чија интелектуалност задскриено се граничи со дебилност… одлично пренесени Билјана Драгиќевиќ Пројковска и Сашо Тасевски… Хамберт… вљубениот педофил, кој преку редуцираната неретко и жестока реплика во адаптацијата на Оливер се претвора во чист, искрен иако ексцентричен љубовник… Уште и кога го игра еден добар актерски познавач како Александар Микиќ, кој буквално во сите моменти, пред се во психолошката компонента на ликот ја носи “како на тацна# низ патешествието наречено “Лолита#. Таа… чиграта која својата снежно-бела појава и не така наивно ја претвора во детска игра, како параван на сите недоречености на нејзината младост… од сонот до инфантилноста, но никако до Љубовта… Занесната Лолита е верно предадена од Викторија Лоба, млада дама која првпат се појавува на сцената (полу)професионално, но ветува дека може и мора повеќе… Тука е и искусната и одлична Магдалена Ризова, со нејзината нервно-посесивна Шарлота, која преку својата брборливост и доминација оди само кон еден праг – смртта… Интересни впечатливи #епизоди” остварија Ненад Нацев како Дик и Трајанка Илиева – Таци, пред се во точноста во извршувањето на нивните не така мали актерски задачи.
Уште и ако се додаде напорот на функционалната иако крајно редуцираната сценографија и дизајн на Ива Павловиќ и Никола Томовски… за да биде се тука, видливо, но сепак јасно раздвоено, низ движењето и играта… како и врзивната музичка нумера од групата “Тхе книфе# по избор на режисерот.