Кумановскиот театар вечер 20.09.2019 (20 септември) премиерно ќе ја изведе претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Андреј Цветановски.
Брачниот пар Горан и Кети Илиќ, кои ги толкуваат улогите на брачниот пар Макбет, велат дека е задоволство да се работи Шекспир, порачувајќи дека оваа тема за борба за власт никого нема да остави рамнодушен.
Актерката Кети Дончевска-Илиќ смета дека претставата е комплетна визуелна, актерска и сценска слика која ќе ги воодушеви гледачите. Големината на делото, вели, ги надминува сите предизвици со кои се соочувале при подготовка на претставата.
Во претставата играат и Александра Пешевска, Сања Русеска, Александра Михајловска, Антонио Димитриевски, Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ , Владо Дојчиноски, Давид Илиќ и Матеј Стојковски. Сценограф и дизајнер на плакатот е Сергеј Светозарев, костимограф Александар Рашковиќ, а композитор Димитар Андоновски.
Во Македонскиот народен театар, во рамките на годишната програма поддржана од Министерството за култура, започнаа подготовките на претставата „Бесачи“ по текст на актуелниот британско – ирски автор Мартин Мекдона, а во режија на Јавор Грдев.
Премиерата се очекува кон средината на месец септември 2019 г. и ќе биде одиграна на големата сцена во МНТ.
Авторот на текстот, Мартин Мекдона, е познат по неговите црни комедии кои се поставени во голем број театри низ светот. „Сакатиот од Инишман“, „Поручникот од Инишмор“, „Човек перница“, „Убавицата од Линејн“, а за неколку од нив е и номиниран на престижните награди „Тони“ и „Лоренс Оливие“. Тој не е само драматург со одлична креативна моќ, туку е и етаблиран сценарист и режисер на филмовите: „Six-Shooter“, „Во Бриж“ и „Седум психопати“.
Во светот на театарот, тој е познат по тоа што вовел нов жанр, таканаречениот „in-your-face theatre“ (театарски правец со презентирање на бесрамно агресивни, вулгарни или провокативни текстови), а неговите драми и сценарија се крајно духовити и сурово реалистични.
За бугарскиот режисер Јавор Грдев ова е прва соработка со МНТ. Тој е еден од најзначајните бугарски и современи европски театарски режисери. Досега поставил повеќе од 35 театарски претстави во повеќе земји низ Европа и добитник е на повеќе од 45 награди. Овојпат Грдев го одбира текстот „Бесачи“, кој за првпат ќе биде поставен пред македонската публика.
„Основната причина што текстот ’Бесачи‘ го поставувам на сцената на Македонскиот народен театар е што театарот располага со актерски ансамбл кој е во состојба да понесе проект со таква тежина. Уште од 2015 година ја имам во предвид оваа пиеса и трагав по соодветно место и ансамбл кадешто ќе ги имам сите можности за поставување на таков голем проект. Друга, многу важна, мотивација за поставување на овој текст е неговата тема. Пиесата се занимава со тема која привидно веќе е решена и во Македонија и во Бугарија, а и во многу други држави. Станува збор за смртната казна, но Мекдона почнал да се занимава со темата откако таа веќе била излезена од фокусот на јавноста. Причината за тоа е што тој верува дека покрај укинувањето на смртната казна, сепак, човечките инстинкти и импулси за насилство продолжуваат да го водат и да го владеат човековиот дух. Во таа смисла, ние секојдневно во нашето општество сме сведоци на акти на насилство на еден човек кон друг и како такви тие многу добро се опишани во пиесата“, објаснува режисерот Грдев.
Во претставата игра веќе докажаната актерска екипа од ансамблот на МНТ: Никола Ристановски, Кире Ѓоревски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Ѓорѓи Јолевски, Славиша Кајевски, Владо Јовановски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Александар Михајловски, Нелко Нелковски, Трајче Ѓоргиев.
Асистент на режисерот е актерката Звездана Ангеловска, драматург е Дејан Дуковски, а преводот на текстот го направи Благоја Бошковски. Сценограф е Никола Тороманов, костимографијата е на Свила Величкова, композитор на музиката е Калин Николов, инспициент Вукица Александрова и суфлер Тања Ивановска.
Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес, в сабота, 14 септември, на Големата сцена со почеток во 20 часот премиерно ќе ја изведе комедијата „Одам на лов“ од францускиот автор Жорж Фејдо, во режија на Деан Дамјановски.
„Одам на лов“, напишана во 1892 година и досега поставена на многу сцени во светот, е комедија на вонбрачни заплети во која двајцата сопружници (парот Дишотел) решаваат, секој одделно, да направат брачна изневера. Но, сплетот на околности е таков што и пред двајцата се испречуваат мноштво пречки кои им пречат да ги остварат своите намери, со што влегуваат од една во друга комична ситуација.
„Одам на лов“ е осовременување на една класична комична фарса, во насока на излегување од нејзиниот херметизам и отворање кон актуелниот општествено социјален момент. Жанровски таа личи на своевиден телевизиски ситком, со сите негови типизирани ликови и заплети, но таков, во којшто на моменти гледаме од другата страна на кулисата, од другата страна на смеата. – потенцира режисерот Дамјановски.
Во претствата настапуваат актерите: Маја Љутков, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Самоил Стојановски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова и Исидор Јовановски. Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Елена Вангеловска, изработката на костимити е на Раде Василев, а изборот на музиката на Горан Трифуновски-Пајак.
„Одам на лов“ е втора продукција на Велешкиот театар од програмата за 2019 година поддржана од Министерството за култура. Првата реприза на претставата е закажана за 17 септемри во 20 часот.
автор: Даниел Глатауер режија: Димче Николовски драмтург: Александра Бошковска костимограф: Раде Василев превод од германски јазик : Дориана Кокиноска Ристевска
Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта? Животот е генератор на пречки кои ја носат врската во неочекувани насоки и проблеми. Начинот на кој се справуваме со нив, може да ја зацврсне, а може и потполно да ја уништи. Во ваквите моменти, комуникацијата е единственото ненасилно и ефикасно оружје што го поседуваме. Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем. Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне? Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада.
Мофет е еден од основачите на Remains Theatre Ensemble од Чикаго, каде учествува како глумец, режисер и/или продуцент во над 40 претстави. Првпат го првилекува вниманието на јавноста настапувајќи во ценетата драма на Лери Кремер, „The Normal Heart“ во њујоркшкиот „Public Theatre“. Подоцна се појавува на Бродвеј во „The Boys of Winter“ и „The Real Thing“, како и продукцијата на „The End of Day“ од Џон Робин Бејтс. Меѓу неговите позначајни актерски остварувања е настапот со Кевин Спејси во одличната продукција на „The Philadelphia Story“ во лондонскиот театар „Old Vic“ во 2005 година.
По преселбата во Холивуд, кариерата на Мофет е поделена меѓу филмот и телевизијата. Неговите главни филмски појавувања ги вклучуваат улогите во „Stealing Beauty“ во режија на Бернардо Бертолучи, „Thirteen“ во режија на Кетрин Хардвик, „Twisted“ во режија на Филип Кофман, како и „Traffic“ на Стивен Содерберг, за која освои Screen Actor’s Guild Award.
Телевизиските улоги на Мофет ги вклучуваат пионерскиот ТВ-филм „An Early Frost„, како и серија редовни улоги во “The Oldest Rookie”, “Hidden Palms”, ‘Skin”, “For Your Love”, “Chicago Sons” и “Life is Wild”, „Friday Night Lights“, „Happily Divorced“, „Switched at Birth“и други.
Д.В.Мофет последните години работи како режисер и професор. Се потпишува како режисер дел од серијалите „Happily Divorced“; „Switched at Birth“ и детската продукција „Austin and Ally“ на Disney Channel.
Д. В. Мофет работи како професор/шеф на Катедрата за Филм и Телевизија на SCAD. (2016-)
Награди:
Screen Actor’s Guild Award, за улогата во филмот Traffic во режија на Стивен Содерберг. Номинација за наградата Џозеф Џеферсон за театарска режија за „The Time of Your Life“ во Goodman Theatre во Чикаго. Номинација за наградата Џозеф Џеферсон за Актер во главна улога за „Speed-the-Plow“ во Remains и Wisdom Bridge во Чикаго, Илиноис.
Во НУ Драмски театар Скопје започна реализацијата на уште една претстава NSFW (Not Safe for Work / Несоодветно за на работа), која ќе ја реализира светски познатиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет (D.W.Moffett).
Господинот Мофет ќе поставува дело од британската современа драмска авторка Луси Кирквуд (Lucy Kirkwood) преку чие дело NSFW се актуелизира родовата тематика преку критички став за објективизацијата на женското тело и борбата за надмоќ.
Преку соработката со господинот Мофет се зајакнува културната димензија со Соединетите Американски Држави, како и културната соработка со Велика Британија преку презентација на современта британска драматургија.
Премиерно „Несоодветно за на работа“ ќе се изведен кон крајот на месец јули.
Во прилог на ова известување Ви ја доставуваме и биографијата на г-динот Мофет.
Од МИХАИЛ АФАНАСИЕВИЧ БУЛГАКОВ во режија на НАТАША ПОПЛАВСКА АЦО ГОГОВ, драматург МАЈА МИТИЌ, кореографија МИЛЧО АЛЕКСАНДРОВ, дизајн на светло ЕМИЛ ПЕТРО, дизајн на сцена и костим ЃОРГИ КРМЗОВ, асистент костимограф
,,Пурпурен остров”
ЛИЦА: СТОЈАН ВЕЛКОВ – ТРН – ГЕНАДИЈ ПАНФИЛОВИЧ директор на театарот, во исто време и Лорд Едуард Гленарван ГОРАН НИКОВ – ВАСИЛИЈ АРТУРОВИЧ Димогоцкиј, алијас Жил Верн, алијас Кири – Куки дворски никаквец ОЛИВЕРА АРИЗАНОВА – МЕТЕЛКИНА НИКАНОР помошник-директор и папагалот кој зборува и Кај – Кум првиот позитивен домородец КОЉО ЧЕРКЕЗОВ – ЖАК ПАГАНЕЛ член на географското друштво ТАНКИЦА СТОЈАНОВА – ЛИДИЈА ИВАНА и Лејди Гленарван ВАНЧО ВАСИЛЕВ – ХАТЕРАС капетан и Фара – Тете вториот позитивен домородец АНГЕЛИНА ТРЕНЧЕВА АНГЕЛОВА – БЕТСИ собарка на Лејди Гленарван ВАНЧО МЕЛЕВ – СИЗИ – БУЗИ ВТОРИОТ бел арапин, властодржец на островот КОСТА АНГОВ – ЛИКИ – ТИКИ командант, бел арапин АЦО ГОГОВ – СУФЛЕР ИГОР ТОДОРОВ – ТОХОНГА арапин од гардата КИРЕ ЃОРЃИЕВ – САВА ЛУКИЧ
,,Пурпурен остров” е пиеса која преку сатира, која понекогаш преминува во лакрдија, го разглобува системот на цензура, ја воведува на сцена ,,злокобната сенка на Големиот Инквизитор, кој го гуши уметничкото творештво и им дава предност на ропските, додворувачки, невешти драматуршки шаблони, ги ништи личностите на писателот и актерот”. Сценската постановка на комедијата на Михаил Афанасиевич Булгаков е тематизирање на неукоста, волунтаризмот и партиската правоверност, толку присутни и денес, одново осветлување на грчот на уметноста кога таа ќе се најде соочена со ,,повисоки цели”. Истовремено оваа постановка е и навраќање на прашањата: Што е тоа театар? Каков е односот меѓу театарот и човекот-актер? Како се прави театар? Режисерското читање на пиесата го потенцира токму тој пиранделовски момент на правење театар, истовремено нагласувајќи ја играта преку кореографско-музичките точки, како и преку триковите и акробатската умешност, својствени за буфонадата. За прв пат праизведена на 11 декември во 1928 година во Московскиот камерен театар, а забранета по педесеттата изведба, комедијата ,,Пурпурен остров” и по речиси еден век, денес, ја потврдува својата актуелност, соочувајќи не’ со вистината дека поимот театар и поимот живот се, всушност, синоними за една иста суштина.
Претпоставувате, се работи за инсценацијата на “Лолита# на Набоков овојпат во сценска верзија на режисерот Мицевски на новоотворената Мала сцена во Драмскиот театар
Борче ГРОЗДАНОВ
Преточувањето на едно култно прозно дело во драмско, сценско, театарско дејствие, исчистено од нарација и експлицитно до срж (при)кажано, секогаш е предизвик кој сам по себе носи низа стапици и дилеми поврзани со прашањето: дали виденото може воопшто да се поими како субјективното чувство на восприемното писмо? За да се успее во преминот “од зборови на дело# секогаш се откажуваме од дел од мечтата за сметка на суштината… Сепак, со многу желба и ентузијазам може романот да биде Театар…
Таа размисла ја наметнува младиот ентузијаст, дипломец Оливер Мицевски, кој култната “Лолита#, нимфетата на Набоков, ја претвора во своја чигра, која ги плени очите, ги дразни чувствата.
Инсценација на “Лолита# на Набоков овојпат лоцирана на новоотворената Мала сцена во Драмскиот театар е исчистена од напати (иако мајсторски раскажано) здодевната нарација. Неколкуте наративни лика се преточени во два – Констанс, наизглед наивната озборувачка и посесивна #прва# сосетка и Квилти, “наивкото#, перфиден и импотентен, чија интелектуалност задскриено се граничи со дебилност… одлично пренесени Билјана Драгиќевиќ Пројковска и Сашо Тасевски… Хамберт… вљубениот педофил, кој преку редуцираната неретко и жестока реплика во адаптацијата на Оливер се претвора во чист, искрен иако ексцентричен љубовник… Уште и кога го игра еден добар актерски познавач како Александар Микиќ, кој буквално во сите моменти, пред се во психолошката компонента на ликот ја носи “како на тацна# низ патешествието наречено “Лолита#. Таа… чиграта која својата снежно-бела појава и не така наивно ја претвора во детска игра, како параван на сите недоречености на нејзината младост… од сонот до инфантилноста, но никако до Љубовта… Занесната Лолита е верно предадена од Викторија Лоба, млада дама која првпат се појавува на сцената (полу)професионално, но ветува дека може и мора повеќе… Тука е и искусната и одлична Магдалена Ризова, со нејзината нервно-посесивна Шарлота, која преку својата брборливост и доминација оди само кон еден праг – смртта… Интересни впечатливи #епизоди” остварија Ненад Нацев како Дик и Трајанка Илиева – Таци, пред се во точноста во извршувањето на нивните не така мали актерски задачи.
Уште и ако се додаде напорот на функционалната иако крајно редуцираната сценографија и дизајн на Ива Павловиќ и Никола Томовски… за да биде се тука, видливо, но сепак јасно раздвоено, низ движењето и играта… како и врзивната музичка нумера од групата “Тхе книфе# по избор на режисерот.