Надица Петрова – актерка

ЉУБОВТА – Нека постои во полна светлина!

1. ЗА СЕБЕ: Јас сум исто што и ти, но и посебна како што и ти 🙂

2 . ЗА ЉУБОВТА: Нека постои во полна светлина.

3.  ЗА ЖИВОТОТ:Училиште. На некој му се учи, на некој му се бега од часови .

4. ЗА ТЕАТАРОТ:Специјално училиште. Бесценето богатство кое треба да се заслужи.

5. ЗА ДОБРОТО: Една страна.

6. ЗА ЗЛОТО: Друга страна.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Нека не си прават карма.

7 А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Огромна благодарност, љубов и поддршка. Ги поздравувам, си знаат кои се. Штета што неколкумина мораа да заминат од Македонија. Но тука сме.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : ЗА свесната глума и добрите играчи.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:Магична е, те носи до вистината. Но знае да биде и шизофрена.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ:Да работиме ЗА/ЕДНО и  сите да растеме како актери и луѓе. Да си даваме шанси, да сме отворени како деца и да веруваме.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ:Да се одиграат. Секоја во  вистинскиот момент.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Креативна умисла со некаква цел. Ни го прави животот поинтересен.

13.  ЗА СОНОТ: Уште многу имам да истражувам и работам .

14. ЗА ЈАВЕТО: Да го има повеќе. Без многу илузии.

15. ЗА ВИНОТО :Секогаш црвено, за вистината, чистотата и љубовта ( плус опушта, добро е за здравјето и за срцето).

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Благодарна сум што ги имам. Мнооогу!

17. ЗА КРАЈ: Бај Бај  Нема крај 🙂


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *