WЕLCOME TO ANIMALDONIA!

За претставата “ Животинска фарма “ според Џорџ Орвел, во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски.

Продукција НУЦК „ Антон Панов „ Струмица

( играна на МТФ „ Војдан Чернодрински „  Прилеп )

Наполеон не е секогаш во право!

Впрочем, кој над кого, колку и зошто воопшто има право?! Дали одземањето на нечиј идентитет и право на мислење  е неприкосновено право на посилниот?! И дали, ако некому се обидете да му го одземете правото да дише, сте завршиле работа?!

Овие, сал неколку од низата прашања, кои ги отвора претставата „ Животинска фарма „ на Струмичкиот театар и видувањето на режисерот Љупчо Ѓоргиевски, оставаат горко – кислекав вкус кај секој еден кој е или претендира да биде свсено битие!

Така барем потписникот на овие редови се почувствува за 100 ина минути во хангарот – штала во која нему, како и на 60 тина „ среќници „  му беше дозволено да влезе во животинскиот ( дали и колку?! ) свет на Орвел и  Ѓоргиевски пред се затоа што дознавме дека за жал, или пак можеби за среќа, ние од некогашна држава влеговме во  АНИМАЛДОНИЈА, која во светски размери е безкрупулозно застрелана, или ајде барем, така се чини од „ Наполеон, кој е секогаш в право!„

Во оваа какофонија од дисонантни емотивни тонови, своето право ( без )глас го имаа Коста, Трн, Јулија, Игор, Кире, Ванчо, Јасмина, Анкица, Ангелина, Танкица, Стојан и Ване кои, сепак прозбореа, загровтаа, залајаа, закукурукаа, заквакаа… дека Вистината никој не може да ни ја одземе, колку и таа да е мачна и плод на подвиени плеќи.

Браво, за сите актери во оваа претстава, пред сѐ за нивната енергичност, но и над сѐ за нивната свеност, за тоа што и  во кои околносит живееме, и што и зошто нѐ чека за напред?!

Брахтовскиот пристап, фантастично искористен, само ни потврдува оти бунтовноста е единствениот лек во борбата против на пола свиениот човек!

Затоа, ГОЛЕМ ПОЗДРАВ до Бубе и Театарот од под царевите кули.

Борче Грозданов