Tркалезна маса со дел од екипата на „Макбет“

Денеска околу 11 часот  во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ се одржаа првите разговори на тркалезна маса по повеќе од 20 години. И тоа за првата од осумте претстави во конкуренцијата за награди на фестивалот – претставата на МНТ од Скопје – „Макбет“ на Вилјан Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ.

Реакциите се многу позитивни и имавме плодна дискусија смета професор Ана Стојаноска од Фкултетот за драмски уметности од Скопје и водител на разговорите.

– Првиот впечаток е дека ни недостасуваше да зборуваме за театарот. Ни недостасувало да зборуваме за тоа што сме го одгледале. Искрено, навистина му благодарам за можноста што ја создаде фестивалот да проговориме гласно за претставите што ги гледаме. Позитивно сум изненадена од првата „тркалезна маса“ за претставата „Макбет“ од Вилјам Шекспир во режија на Нела Витошевиќ, а во продукција на МНТ од Скопје.  Имавме можност да слушнеме мислење и од гледачите и од „едуцираната“ публика, од критичарите, но и од самите автори на претставата. Ваквите тркалезни маси се инзвонредна можност за учесниците во претставата да видат каков повратен ефект има нивната претстава врз гледачите и мислам дека таа цел ја усвоивме.

Според тоа што се слушна на „Разговорите на тркалезната маса“ , видовме дека сите го препознаа режисерскиот концепт на режисерката Нела Витошевиќ, посебно, активното учество на вештерките кои беа вклучени во претставата. Слушнавме забелешка околу говорењето на стиховите, што е исклучително важно и слушливоста на некои од актерските изведби. Позитивно ја нагласивме играта на неколку актери од МНТ и го испочитувавме токму тој момент дека режисерката собрала една актерска екипа која многу моќно, и истовремено, многу интересно функционира заедно на сцената, изјави Стојаноска.

Слободан Беличански, пасиониран вљубеник во театарската уметност ја поздравува иницијативата и акцентира поенти од претставата.

– Со големо внимание ја одгледав претставата. Мора да се земе предвид дека претставата „Макбет“ се играше во атмосфера во која публиката претходно емотивно се трошеше. Прво беше прогласувањето на добитниците на Наградата за животно дело, Владимир Милчин и Бајруш Мјаку, потоа емотивно се проследи концертот на Влатко Стефановски. Остатокот од емоциите, по паузата, беа за претставата од 2 часа и 20 минути. Токму во ова „интернетско“ време кога публиката е навикната да одгледа „набрзина“ едно фрагментарно парче, да прими набрзина еден „дајџестиран“, лесно сварлив Шекспир, но вие тоа не сакавте така да го претставите зашто Шекспир не го заслужува тоа. Мои два лични впечатоци беа апострофирани од претставата: појавата на вештерките кои како да игра двојна улога. од една страна како да потикнуваа на злостор, а од друга, како да ги поттикнуваа совестите на Макбет и на леди Макбет. вториот впечаток е во врска со прашањето – Кога се донесе одлуката за злосторството, нагласи Беличански, коментирајќи ја претставата на МНТ.

Љупчо Печијарески, професорот-социолог на прилепскиот Економски факултет и пасиониран проследувач на театарската уметност, посебно на фестивалот во кој низ годините имал и поактивно учество, го поздравува воведувањето на Разговорите на тркалезната маса на критиката  по повеќе од 20 години.

– Некои и можеби не паметат кога се разговараше за претставите на фестивалот. И тоа бурно се коментираше секоја претстава. „разговорите“ постоеја и пред 40, па и 50 години. Сакам да ве поздравам, зашто пријатно сум изненаден дека по толку години се води една квалитетна дебата за претставата.  А сакам да се задржам околу две дилеми: Дали претставата требаше да се игра на оваа сцена која ги нема технилчките можности на матичната сцена на МНТ. Првата жртва е што Шекспир се игра на македонски. Втората поента е мнбогу побитна. Со вашето присуство на фестивалот и со изведбата засекогаш се вградувате во меморијата на МТФ „Војдан Чернодрински“. Тоа вреди. Само на тој начин ги градиме сопствената култура и сопственото битие, истакна Печијарески.

Инаку на крајот на разговорите на тркалезната маса на критиката беа соопштени резултатите од гласањето на публиката. За претставата „Макбет“ на МНТ од Скопје публикта  даде оцена од 3,83.

Вечер на програмата на 54. издание на МТФ „Војдан чернодрински“  е втората претстава во конкуренцијата за наградите, и тоа од 19.30 часот на сцената од ЦК „Марко Цепенков“, тоа е претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ според Еврипид во режија на Игор Вук Торбица, а во продукција на народен театар од Битола. Веднаш по претставта се разговорите на тркалезната маса.

Елизабета Митреска
Фото: Анастасија Бошкоска

МАКЕДОНИЈА ВО „ЖИВОТИНСКА ФАРМА“

Љупче Петрески

Орвеловата вонвременска „Животинска фарма“ е базирана на настаните (револуциите во тогашна Русија) кои претходеле и довеле до ерата на Сталин. Тој, Орвел, успешно го исмева сталинизмот, потенцирајќи дека Руската империја, се претворила во брутална диктатура врз база на култот на една личност. 
Вечерва, на театарскиот фестивал во Прилеп, струмичкиот ансамбл „Антон Панов“ се претстави пред прилепчани со претставата „Животинска фарма“ во која, режисерот Љупчо Ѓорѓиевски не само што автентично ни го претстави Орвел, туку и успеа успешно да ги вмрежи нашите општествени случувања и да ги исмее актерите-учесници во настаните кои претходеа и не доведоа до општественото дереџе во кое моментално живееме. Па така, во „животинската фарма“ видовме „шарени револуционери“; видовме како дел од нив станаа власт, станаа министри или владини функционери; видовме потрчковци; го видовме Премиерот во вистинско „светло“; видовме „шмркање“ кокаин; видовме како револуцијата ги изеде своите деца; видовме раскалашаност на власта; видовме преименување од „Бивша животинска фарма“ во „Република животинска фарма“; видовме и „животни“ кои извикуваа „Да живее Македонија“; видовме терор, репресии; видовме брутална диктатура. На крајот, дури и Могерини ја видовме!
Видовме многу добра постановка, во невообичаена средина каде гледачите и актерите беа сместени во некаков хангар. 
Моите очи видоа многу добра глума, интересна сценографија, костимографија, одлична музика и мали режисерски недостатоци. 
Summa summarum многу добра претстава!
Најинтересно е што оваа и ваква престава доаѓа од родниот град на …

Доделени признанијата од „ Евродрам“, на преведувачите Оливера Павловиќ и Дарко Јан Спасов

Преводната драмска литература во земјава е засилена со три наградени текста од руските драмски автори Иван Вирипаев и Људмила Разумовскаја, како  и од ирскиот драматичар Конор Мекферсон. Ова е заслуга на преведувачката од руски јазик, Оливера Павловиќ, вработена во НТ-Битола и на Дарко Јан Спасов-драматург во театарот Комедија во Скопје и преведувач. Нивните преводи беа поттикнати од ланскиот конкурс што го спроведе Евродрам- европска мрежа за драма и превод , која обединува 30 јазични комитети од разни земји. Според претседавачот на Македонскиот комитет на Евродрам, Иван Додовски, на конкусот пристигнале 8 преводи, од кои изборот паднал на три.

  • Во таа селекција, трите преводи се најистакнати , за таа година. Денеска сме тука јавно да им честитаме на преведувачите. И тоа да го искористиме како повод за прослава и гест на ценење на тоа што тие го направиле како преведувачи зашто тоа е извонредно важна работа. Особено во театарот , особено кога еден текст треба да се преведе добро и да е сценски изведлив во нашата средина, рече претседавочот на Македонскиот комитет на Евродрам, Додовски.

Признанијата на Дарко Јан Спасов и на Оливера Павловиќ , им ги врачија Доминик Долмие од Франција, еден од основачите на Евродрам и Иван Додовски од Македонскиот комитет. Заблагодарувајќи се за признанието, Оливера Павловиќ, која беше рангирана како прва и трета за преводите на драмските текстови „ Танцот Делхи“ од Иван Вирипаев и „ Милата Елена Сергеевна “ од Људмила Разумовскаја, рече дека ова е прв пат јавно да се оддаде признание на преведувачи кои работат за театарот .

  • Благодарам за наградата, за тоа како сум вреднувана. Прв пат јавно во Северна Македонија им се оддава признание на луѓе кои прават превод за театар. До сега не сум слушнала за вакви признанија и возбудена сум и многу ми е мило затоа што веќе 30 години ја следам руската драматургија и преведувам. Дел од тие пиеси што сум ги превела имале среќа да бидат играни во театарот , ама поголемиот дел уште стојат во фиока. Ова е јавен повик до сите театарски работници да обрнат внимание на тоа дека има луѓе кои ја следат драматургијата во Европа. Современата руска драматургија и по квантитет и по квалитет е многу значајна, истакна Павловиќ.

Дарко Јан Спасов кој по конкурсот беше рангиран на второто место за преводот на наградената драма со „ Лоренс Оливие“- „ Брана“ од Конор Мекферсон, заблагодарувајќи се за признанието , повика да се чита повеќе во нашата средина.

  • Читајте ! Кога некој искрено ќе ви рече дека текстот е многу убав, прочитајте го , земете си време. Само читајте, ништо друго. Ако не читаме мозокот ќе рудиментира како казма. Им благодарам на организаторите од МТФ „ Војдан Чернодрински“ и им благодарам и на Евродрам.

Осврнувајќи се на историјатот на мрежата Евродрам, која постои од 1991 година, основачот и режисер Доминик Долмие, рече дека приказната со европската мрежа за драма и превод започнала барајќи преведувач од албански на француски јазик, на текстот „ Историја на тие што веќе ги нема “, од албанскиот писател Касем Требешина, при посетата на Тирана.

  • Текстот го преведе младата преведувачка Мирела Кумбаро (сега министерка за култура во Албанија м.з.). Кога беше направена постановката сватив дека тоа беше прва албанска драма преведена на француски јазик. Бев изненаден како е можно тоа. Така се заинтересирав за остатокот од Балканот. Исто така и во Анадолија и во регионот на Кавказ, ситуацијата е слична околу преводите и си реков дека треба да направиме нешто во врска со тоа.

Конкурсите на Евродрам за преводна драмска литература се објавуваат во непарни години, а во парни, се објавуваат повиците за оригинални драмски текстови, кои потоа се споделуваат низ мрежата. До крајот на годината се очекува да биде објавен конкурсот за оригинални текстови, напишани на македонски јазик кои ќе ги разгледа Македонскиот комитет на Евродрам и ќе направи селекција. Одлуката ќе биде соопштена во март, следната година. Авторите од земјава кои пишуваат на јазиците на етничките заедници ќе можат да аплицираат во соодветните јазични комитети на Србија, Албанија и Турција. Постои желба од Евродрам, наградените оригинални текстови да се објават,  промовираат и да се одржи нивно сценско читање в година, на јубилејниот 55 МТФ „ Војдан Чернодрински “.

  • Зошто да не бидат и да не се играат низ театрите во Македонија , кои токму преку овој фестивал ќе бидат анимирани малку да размислат и да обрнат внимание на домашната драматургија. Таа потреба беше констатирана во рамките на разговорите на трибината „ Ова е наше време- време за театар“, дополни Додовски

Преку Евродрам до сега се преведени текстови од Дејан Дуковски, горан Стефановски, Жанина Мирчевска и Венко Андоновски.

Сотир Трајков
Фото: Анастасија Бошкоска

Tркалезна маса со екипата на „Физика на тагата“

НУЦК Трајко Прокопиев – театар Куманово

„Физика на тагата“ од Георги Господинов

Режија: Милош Б. Андоновски

Играат: Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Јасмина Василева, Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Нина Максимова, Симона Димковска.
Честитајќи ѝ на екипата на Кумановскиот театар за претставата „Физика на тагата“, водителот на разговорите на тркалезната маса на критиката Ана Стојаноска поттикна на разговор за претставата.
– Идејата е на овие разговори повеќе да го слушнеме гласот на публиката,  во почетокот ќе потенцирам неколку основни координати, битни за претставата. Начинот на кој група научници решаваат да ја измерат тагата според насоката што ја дава романот на Господинов, а не е напишана во самиот роман, и користеењето на некои од најможните приказни во тој роман, рече Стојаноска.

Мишел Павловски, Институт за македонска литература:
– Впечаток ми остави почетокот, првиот дел на претставата. Мислам дека беше креативна и храбра идеја драматизацијата, која говори за тагата, да почне со гротеска.  Во актерскиот и во физичкиот израз, како и во говорот. Тој премин од гротеска, па да речам, до трагичен завршеток, помага за претставата. Режисерската идеја не може да помогне во зголемувањето на тоа чувство на трагичноста без актерската игра. Не може да се одвои неке актерско име, туку естекстиот впечаток е на целиот ансамбл, на колективната игра. Едно големно благодарам на актерите, актерките, на режисерското ангажирање во оваа претстава, рече Павловски.

Јована Ѓорѓиовска, Гледај мк:
– По вторпат ја гледам претставата. Овојпат, мене ми беше тивка претставата.  Не слушнав работи кои ги чув кога ја гледав претставата во Кино Култура во Скопје. Тоа е мала забелешка наспроти доживувањата за викање. Го прочтав романот на Господинов и со Милош (режисерот) разговарав кој ми беше ставот, а сега кога ја гледав вторпат, мора да го пофалам темпото во претставата и одличнуот баланс помеѓу сите различни емоции што ги доживуваме како публика. Мора да ја пофалам екипта која по секоја одиграна претстава, организираат тркелезна маса за дискутирање со публиката, рече Ѓорѓиовска.

Зоран Лазаров, вљубеник во театарот:
– Седев во првиот ред и воопшто не забележав викање. Им се заблагодарувам на актерите за доживувањето. Единствено ми остана прашањето, бидејќи не сум ја читал книгата, дали останува нешто загубено со тоа што се референцира книгата? Зашто има многу сечовечки, универзални пораки и не мораше да се инсистира на деловите на романот, рече Лазаров.

Милош Б. Андоновски, режисер:
Го знам романот на Господинов. Романот е мал книжевен, фрагментарен, осврт. Изобилува со многу приказни. Додека траеше склопувањето на драмскиот текст, а тоа беа два до три месеца, буквално го измалтретирав драматургот. Тоа е трета или четврта верзија, зашто имавме голем избор на приказни. Романот е, буквално, лавиринт од приказни, авторот почнува со една се префрлува на другите без ред. Скоковите се временски и емотивни.  Имавме една верзија за претставата во која дејството се сместува во циркус, втората верзија беше во лавиринт, за на крајот да дојдеме до последната верзија и да го допишеме делот со физичарите кои во романот не постојат. Но насловот на романот и одредени глави кои се осврнуваат на квантната физика, ни беа клучот за да вметнеме седум физичари кои слушнале за постоењето на некаков роман со наслов „Физика на тагата“ , па се одлучиле да го испитуваат, па оттаму доаѓа и гротеската. Моравме да дадеме една рамковна приказна која сите приказни од романот ќе ги спои и ќе ги држи кохерентно во една целина, рече Андоновски.

Тодор Кузманов, театарски критичар:
Оваа претстава ми звучеше како микс на литературата и на театарот. Оваа „Физика на тагата“ е многу тажна и многу монотона. Иако не е во прашање таа мултипликација на многу проблеми, параболи,  сепак, основниот тон, не само што е тажен, туку по малку е и монотон. Театарот, како и секое творештво, пред сѐ, е и радост. Шекспир се прослави кога во бајката напиша дека кога играте тажно, барајте го веселото. И обратно. Станиславки ги учеше актерите дека кога играш лош, зол, барај каде е тој добар. Во таа слимла, ми недостасува колорит на претставата. Очекував наместо мрцварење, снебивање, да видам радосна тага. Или тажна радост. Варијации на темата, но никако, како уметници, како актери, да тонете во монотонија и да не влечете со вас. Ја повлекувате публиката, рече Кузманов.

Александар Милосављевиќ, театарски критичар од Србија:
-Не се слогласувам дека театарот треба да биде весел во манифестна смисла. Според мене, има задача да го постави вистинското прашање за времето во кое се создава. Ако тоа го направи на уметнички, релевантен начин, тогаш од театрот не очекувам ништо повеќе.  Во претставата ги гледам валерите, контрастите и гледам нешто што ја разбива монотонијата. Точно е констатирана гротескната ситуација врз основа на потребата научно да се дефинира тагата, да се измери и на некој начин, да се направи допирлива. Тоа е гротексно, затоа што е апсурдно, зашто тагата е невозможно да се измери и да се одмери, како што е невозможно да се измери убавината. Бидејќи имаме враќање на почетните елементи на драмската ситуација, добиваме мињони, кои, всушност, се дело на романот. Тоа е приказната. И секоја приказна е тажна. Не сум го прочитал романот, но како критичар велам дека нема монотонија, и ниту сум ја доживеал. Гротеската воспоставува режисерска динамика која се пренесува на играта на актерите. Од друга страна, мора да признаам, дека сериозноста на актерскиот ансамбл ја спознав дури кога преминавме на сцените од романот. Мене ми пречеше дистанцираноста во играта на актерите, рече Милосављевиќ.

Осврт кон самиот тетарски процес уште од неговиот зародиш изнесе режисерот Милош Б. Андоновски:Почнавме погротескно со тоа што  разаговаравме со екипата и актерите, после првата или втората приказна заради присуството на тага, дека физичарите треба  да станат, малку понесвесно допрени од тоа, односно, тоа да влијае врз нивниот жар и интензитет итн. И како се развиваа и се отвараа приказните сѐ повеќе до самиот  крај, некако, самиот експеримент е неуспешен, тие доаѓаат до тој момент дека не може да се измери тагата, дека не можат да изберат дали ќе чувствуваат тага или не и тоа беше мојата позиција како режисер кога се подготвувавме.

Импресии за темата  изнесе  актерката Јасмина Василева:-Во суштина тоа беше тезата, бидејќи не знаеш  кога точно ќе се случи тагата и дека никогаш не си подготвени да ти се случи,  да те допре и да ја почувствуваш и мислам дека баш се водевме од таа теза дека тагата нема да го фати секој оној во моментот кога го игра ликот и кога публиката очекува логично да го почувствува ликот, туку, некогаш, случајно и спонтано во некој нелогичен момент. И мислам дека затоа, на некои ни се случува малку подоцна, некои одма не влегуваат, дисанцата подолго трае и  нема правило, во момемнтот кога го играш ликот и дека токму тогаш ќе почувствуваш.

Симона Димковска, актер:–         Има еден стереотипдекафизичарите се пред се интелектуални, тоа чувственото е многу некаде зад, така да тргнувањето со гротеска е токму од таму, а претставата поаѓа од едно интелектуализирање што не може да се интелектуализира. И како што нагласија и Милош и Јасмина, полека доаѓаме до тоа до коешто реално не може интелектуално да се дојде, туку само преку искуството и мислам дека тоа беше еден мошне важен момент преку кој ние како актери можеме да креираме, од каде да почнеме и каде да завршиме.

Милан Пиркер, словенечки театарски критичар:–         Сметам дека сѐ што  до сега се говори се однесува на драмски театар. Според мене, една од можностите да се „спаси“ ваква претстава која е подготвувана според роман, каков што е овој на Господинов, треба да се направи во некој типоперформативен театар. Во Словенија тоа го прави Јанежич и Лоренци. Оваа рамка го оневозможува тој перформативен театар. Интересно ми се виде тоа што го кажа и режисерот дека на почетокот сакале да ја прават претставата така што таа ќе излегува од лавиринтот и сметам дека тоа за оваа претстава  би било решение. Друго што ми е исклучително драго и што сега во словенечкиот театар се работи на раскажувањето приказни. Не е веќе класичен театар кадешто глумат големи актери, туку глумците доаѓат и разкажуваат приказни, како во ирскиот театар. И глумците се исклучително добри, исклучително добро ги раскажаа тие приказни. Јас го прочитав и романот, пред пет години беше преведен  и на словенечки јазик и Господинов е ѕвезда во Словенија како писател, многу пати доаѓа и во Словенија. Ми се чини дека тое е исклучително добар роман и исклучително добар потег романот да се пренесе во театар.

проф. д-р Иван Додовски, професор по критичка теорија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
– Во почетокот сакам да признаам дека многу се радувам, не сум воопшто тажен. Имам свои причини зошто е така. Една од причините што по цела една деценија се враќам да разговарам на овие тркалезни маси на овој значаен фестивал. Другата причина е што можеби по исто толку долго време ги гледам актерите од кумановскиот театар кои ја играа оваа претстава и би сакал да споделам неколку свои размисли кои се разбира се првични размисли за нешто што го доживеавме. Господинов е еден исклучителен автор кој пишува во овој роман за тагата, а всушност, во исто  време пишува за тоа, како се пишува роман. И тоа е негова препознатлива поетика. Таа автопоетичност и автореференцијаност постојано ја наоѓаме кај него како автор. Тука се поставува прашањето како сето тоа да се пренесе и во исто време да биде автореференцијалност на оние што го отвораат театарот, а не романот. Во суштина, овој роман е роман за приказната, а да се потсетиме на грчки приказна е митос, мит и митот на којшто се потпира овој роман е митот за минотаурот, односно за лавиринтот, а дури на крајот доаѓа претставата. И во суштина овдека имаме три проблеми кои треба да ги реши режисерот и целата екипа: како во театар перформативно, како што рече колегата, да раскажете мит, со сите негови современи референци ставен во историски и други контексти низ приказните што се раскажуваат, притоа, не заборавајќи дека  сепак ова е една постмодерна прикрпка на приказна, не е тоа една приказна која се развива со почеток, средина и крај како што  велеше стариот теоретичар Аристотел. Мислам дека овој обид да се реши тоа така што ќе се најдат физичари кои вивисекцираат едно книжевно дело и потоа самите се заразуваат со предметот на своето истражување, е еден добар пристап, едно решение на ова прашање. Понатаму, се поставува прашањето на етосот, на карактерот. Навистина има многу ликови во овој роман, но прашање е дали има карактери. Според мене само неколку, и тоа се оние заокружени карактери кои најмногу пробиваат во просторот на тагата. Некои од нив се избрани и прикажани  и во претставата. Но, на митосот и етосот се надоврзува и патосот. Како да се „извади“ емоцијата и тука е најлизгавиот терен за актерите, особено во ваква драмска структура потпрена на ваква книжевна структура која самата се поигрува со себеси, односно самиот Госдподинов сака да избега од патосот во обидот да ја објасни тагата. Дури и во романот има по една вметната страничка која вели: сега овде има пауза, нели треба да се одмориме малку од оваа тажна приказна. Јас не забележав дека во драмската структура и  во актерската изведба ги имаме тие значајни семантички паузи, а можат да се постигнат, го има текот на приказните, сплетот на приказните и тука треба една пауза за да се извлечеме од патосот. На почетокот тоа го има со овие автореферентни моменти кога се спомнуваат претставите во кои играте претходно и тоа е таа дистанца што се поставува. Но, како што навлегуваме треба да ја доживееме тагата низ приказната и мислам дека етосот е постигнат во една или две прилики бријијантно. На пример, најуспешна за мене сцена во тој поглед, е онаа на старицата со младичот. Во секој случај, оваа претстава за мене е предизвик, како некој што има сроден бекграунд со режисерот во областа на компаратиовната книжевност, но, и како некој што пишува за театар и интензивно се занимава со тоа, мене ми недостигааат две други работи, она што Аристотел го нарекува опсис и мелос. Мелосот дискретно го има во два момента, како еден благ музички фон кој треба да ја формира атмосферата на тагата, но опсисот, визуелното, е нешто што ми недостига. Мислам дека актерите се оставени, веројатно намерно, да извлечат сѐ во обидот да ја раскажат приказната-митосот, а притоа им недостига некој дополнителен момент што ќе ги стави акцентите на сценскиот простор и ќе пунктира во ритамот на тагата што ја вивисекцираат.

Ана Стојаноскаводител на Разговорите на тркалезната маса, упати прашање до екипата од кумановскиот театар во насока на пренесување на искуството што го имаат со организирање разговори после претставата, за да пренесат колку тие разговори им помагаат за следните изведби и дали нешто користат од изнесените сугеститии, зашто е тоа и намерно поставено за да се постигнува некаков ефект.

 Горан Илиќ, актер
– Досега имавме сигурно петнаесетина изведби (станува збор за 22-та изведба, н.з) по кои имавме разговори и навистина, имаше отворени разговори и критики, главно од наши пријатели кои беа доста сериозни по своите оценки. Ние некако многу упорно се држиме до тие првични работите кои ги договоривме со режисерот Милош  Андоновски иако сите нивни забелешки и критики секако дека делуваа врз нас и најверојатно дека пртетставата има „мутирано“ од мината година. Би сакал да кажам дека ми е многу драго ова што се случува во Прилеп после толку години, а јас мислам дека многу години сум тука на фестивалот, мислам дека само Чернодрински е повеќе од мене на овој фестивал. И навистина беше битна оваа работа, овие разговори, секако дека даваат еден пресек за тоа што сме го работеле и би сакал многу покритично да се се однесуваат и критичарите и публиката бидејќи навистина нам ни треба.

На маргините од разговорите, актерот Горан Илиќ изнесе свои размислувања поврзани со состојбата во Кумановскиот театар која, според него, е драмска секција во Центарот за култура и ја искористи приликата јавно да ги повика надлежните и авторитетите во државата  за  независен Театар Куманово.Тоа според него ќе овозможи  соочување со предизвиците што ги носи театарот, преземање активности и одлуки кои ќе овозможат продуктивност и се заложи за релевантен уметнички израз.

Заокружувајќи ја тркалезната маса, модераторот, професор Ана Стојановска ги извести и ги потсети присутните за уште една годинашна фестивалска новина: Наградата од публиката. Претставата Физика на тагата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово публиката ја оцени со 3,45.

Елизабета Митреска
Фото: Оливер Ангелески

Тркалезна маса со екипата на „Животинска фарма“

НУЦК „Антон Панов“ Струмица – Народен театар

„Животинска фарма“ од Џорџ Орвел

Режија: Љупчо Ѓоргиевски

Играат: Насто Ангов, Стојан Велков – Трн, Јулија Милкова, Игор Тодоров, Кире Ѓоргиев, Ванчо Васил, Јасмина Вучкова, Анкица Бенинова, Ангелина Тренчева Ангелова, Тонкица Стојанова, Стојан Стојанов – Тачи и Ване Трајков.

Ана Стојаноска, театролог, водител на Разговорите на  тркалезната маса:
„Пред неколку години во Лондон го видов најубавиот графит, кој што целосно го покажува она што вечерва го видовме:’Џорџ Орвел беше во право’. Мислам дека и оваа претстава ни докажува колку е во право и колку е сето тоа актуелно и денес. Сакам да им честитам на целиот тим на театарот од Струмица за вечерашната изведба. Предизвикот да се постави ‘Животинска фарма’ е повеќе од јасен. Мислам дека не постои општество кое не се соочува со промени, кое не му се навраќа на Орвел. Во оваа претстава имаше и една актуализација во однос на општествено-политичките прилики со кои што секојдневно се сретнуваме. Тоа можеме да го прифатиме или не, може да ни се допадне или не, можеме да кажеме дека тоа беше успешно врежано во целиот текст на Орвел“.

Борче Грозданов, театарски критичар, Театарче.мк:
„Браво струмичани, браво ‘Антон Панов’, браво Љупчо Ѓорѓиевски. Зошто? Затоа што ни рековте дека Орвел и тоа како живее и денес, за жал или за среќа, кому како. Не би двоел актерска игра, бидејќи буквално сите ми се допаднавте. Сите до еден. Ме воодушевивте како тоа може со брехтовски тресок да се раскаже една приказна која ја живееме денес, меѓутоа која нѐ боли до коска и која е чистата вистина. Животинска, ама во човечка смисла. Ви честитам бидејќи во стотина минути покажавте дека може да се каже и современото, може и со ономатопеја да нѐ воведете и нас во фармата, бидејќи и ние сме дел од таа фарма и како тоа може да се спои. И мора да кажам дека, после подолго време, јас сум воодушевен од струмичани“.

Сашо Димоски, театролог, драматург и драмски автор:
Честитам за преставата, кохерентна претства, на начин на кој јасно се поврзуваат работите. Токму тоа јасно поврзување, мене ми прави проблем. Бидејќи една тема која е толку универзална, да се контекстуализра и да  ни се обраќа само географски мислам дека е пречка во универзалноста на јазикот кој Орвел го поседува, односно во приказната која ја поставува. За актерската  игра и јас ништо не би издвојувал и сметам дека најсилна страна на претстава е режисерскиот концепт и неговата изведба заедно со аудио-визуелната семантика која е изградена во самата престава и поздрав за целата екипа која сето ова го направи.

Марјан Нечак, автор на музиката:
„Мотивите за музиката секогаш доаѓаат од моменталната инспирација која што се раѓа помеѓу мојата соработка со режисерот и, секако, со ансамблот. Да се прави музика која што не илустрира, е нешто кое јас го правам сега а нешто треба да се роди кај нив малку подоцна, во самиот процес. Што, секако е и некаков ризик понекогаш. Така што, најтешкото прашање кое што можеше да ми го поставите, за мотивите, ми го поставивте. Немам некаков посебен одговор, тоа е некаква интуиција, нешто кое ние претходно го ‘раѓаме’ со режисерот, тој концепт…“.

Анастасија Бошкоска, гледач:
Мислам дека беше генејално направена, во секој детаљ . Ми се допаѓа концептот на сценографијата, нешто што го немам видено и многу ми се допадна фактот дека се беше поврзано со нашата денешна политика и реалност, пораката сметам дека беше јасно пренесена, ви благодарам.

Александар Милосављевиќ, театарски критичар, Србија:
„Почетокот на претставата беше моќен заради енергијата, заради прецизноста со која се лоцира темата. Очекував дека во понатамошниот процес, во драматургијата на претставата да се случи деконструкција на она што Орвел во своето сиже го нуди. Тоа не се случи до крај, или има одредени сцени во кои се уфрлаат елементи кои, повеќе од прецизно не алудираат, туку ги конкретизираат работите. Просторот е добро решен. Не само што хангарот произлегува од атмосферата која постои во романот на Орвел, туку нѐ води во таа клаустрофобична атмосфера. Марјан Нечак направи музика која е исто така многу моќна, затоа што ја отвора можноста за брехтовско користење на сонгот. Таа музика е театарска музика и податлива е за текстови на сонговите и, од друга страна, колку и да била во тој контекст применета, таа е моќна и сама како музика. Зборувам за тој ритам, кој е ритам на марш, кој непрекинато нѐ удира во стомак и нѐ потсетува на тоа дека мораме нешто, дека нешто ни е наметнато“.

Тодор Кузманов, театарски критичар на Македонското радио:
„Морам да истакнам дека ни доаѓа еден театар „од страна„ во многу условна смисла, театар којшто е отворен и затоа пријатно изненадува,со ваква една естетика да не удри од глава како отворен театар, да укаже на проблемите за кои и денес станува збор. Ја наоѓам корупцијата како„неизбежна“ и дури од животните ќе направи ситемот да им пропадне, а тоа се случува и во општеството. Финеси има тука, финеси има во демократијата, во  парламентаризмот, во организацијата на општеството, нема црно бело и така тече животот….Да го поздравам режисерот Ѓоргиевски којшто го следам подолго време, а поретко се осмелува да пристапи, на вака оригинален начин во она што го викаме политички ангажиран театар што овде е прилично конеквентно спроведено преку актерската игра, сценографијата, музиката и сите останати сегменти на театарскиот чин“.

Љупчо Ѓоргиевски, режисер на претставата:
„Ова дело е самото по себе универзално. Нема потреба да се потенцира никаква универзалност. Овој роман, безмалку е прирачник за владеење, за раководење на власта. Или за манипулација на власта со народот. Внатре точно ги има напишано сите методи. И за жал, гледаме дека не се промениле. Од еден систем за кој беше напишан романот, тоталитаризмот на минатиот систем, сакате комунистички, социјалистички и така натаму… тие тоталитаризми не постојат, затоа што тие системи не постојат повеќе. Но со сигурност тоталитаризмот на таканаречената демократија која со свои механизми сака да ја легализира својата моќ, тортура и пропаганда, фактички тоа е само легализација на моќта, ништо друго“.

проф. д-р Иван Додовски, професор по критичка теорија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите од екипата на струмичкиот театар, навистина енергичен влез, клаустрофобичен, опасен, се влегува во еден метален кафез и сето тоа ги отвора сите наши стравови и почнува со тоа брехтовско испрашување на оние прашања кои скришум или јавно си ги поставува, а не наоѓа ехо, одговор. И во таа смисла бев поријатно изненаден од екипата и од режисерот кои го имаа тој влез во претставата.  Значи битен е контекстот, ако зборуваме за тоа што е тој роман и како сега е адаптиран за една ваква пртетстава одиграна во еден хангар, тоа е извонредно решение на сценографот, засилен со една извонредна музика која ги пунктира брехтовски сите овие прашања и се поставува прашањето кој е контекстот на оваа претстава. Жанрот е велат една стирична дистопија, но има и еден друг, клучен момент: станува збор за дистопија со клуч и мојата дилема за оваа претсва е кој е клучот на ликовите и ситуациите кои се дадени во оваа претстава. Кога почна претавата јас мислев дека го имам клучот, но, се  заглави во бравата …..кога ме посипаа со слама, мислев дека тоа е клучот и дека ќе продолжи тоа вклучување. Но, уште неколку јајца од кокошарникот и други ситни детали  и се изгуби тој момент и моето прашање е која е револуцијата што е тука инсценирана и кој е Џонс?

Љупчо Ѓоргиевски, режисер:
„Ми се чини дека триесетина години тапкаме со такви господа како што е Џонс и нема потреба да ги конкретизираме. Тоа е отприлика контекстот со кој се занимаваме, овие триесетина години низ клои врвиме. По однос на универзалноста и конкретноста сакам да кажам дека делото само по себе е универзално и нема потреба да се потенцира никаква универзалност. Во врска со дилемата да се бега од било каква конкретизација на овој текст, јас многу суптилно тие конкретизации ги имам спроведено, точно е дека се многу малце и ете, некои очекувале и по храбра  деконструкција, но во секој случај, да не се провнат суптилно тие конкретности од нашето секојдневие сега и овде на некој начин како да е бегање од одговорноста да се кажат одреден и работи, ако ние само направиме инсценација на прикаската не како дистопија/што е посвојствена за „1984“ /тогаш би направиле сатирична бајка и тоа би го инсценирале во една театарска претстава“.

Милан Пиркет ,Театарски критичар, Словенија

“Јас би го прашал режисерот дали размислувале претставата да ја постава на некоја фарма, еден вид амбиентален театар и тоа би било можеби добро за претставата или од почетокот се определивте за хангар каков што видовме на сцената“?

Љупчо Ѓоргиевски, режисер:
„Сценографската идеја потекна и оттаму, дури едно време размислувавме да земеме вистнски хангар. Можеби би било уште поинтересно да се игра така, но технолошшки е многу сложено за една претстава да живее: би се изиграла само во одреден период, технички и технолошки е многу проблематично, но не и неизводливо“.

Стојан Велков, актер
„Мене ми е многу драго дека на Чернодрински, има разговори и се надевам дека тоа ќе биде применето и на „Ристо Шишков“, зашто е доста ефективно,  импресиите од публиката веднаш да се кажуваат и тоа е добро и за актерите и сите креатори на претставата, за да видими на кое ниво сме и го поздравувам тоа. Во врска со овој разговор вечерва, мислам дека премногу рационално ја гледаме претставата, јас би сакал да прашам за чувствата од претставата, дали тоа што го гледавте нешто кај вас се случи … оваа претстава е крик, зборува за реални проблеми. Ако претставата има материјал „да ве грабне“ за еден момент да се запрашате, што правиме, ние сме луѓето кои сме одговорни за однесувањето на политичарите кои ги избираме и сакам да зборуваме за тие прашања, за тоа што го критикуваме во самата претстава.“

Ана Стојаноска, театролог, водител на Разговорите на  тркалезната маса:
„Тоа што на почеток молчевме некое време, мислам дека е доволен показател дека секој од нас се пресметуваше себе си што направил во поглед на тоа и јас зборувам еве, за себе си. И еве, тоа ми се случи и после една друга претстава, да не можам да се соберам јас. Мислам дека ми беше доволен показател кога сите овие луѓе ги во себе ги составуваа тие прашања, без разлика дали нешто може да ви се допаѓа или не. Јас и тоа го нагласив, толку моќно влегувате  на почетокот што човек се запрепастува, ние сите како читаме што се случува, секој од нас се локализира и токму тој проблем, од старт не вовлече во сето тоа и мислам, дека тој знак е доволен показател за мене.“

Борче Грозданов
„Брехт до коска и до болка, навистина го почувствував, од воведот-многу добро внесено, како сами да си го викаме Армагедонот и тоа ме заболе. Имаше болка, имаше емотивна иритација, имаше чуденки и не втеравте во едно „лудило“ и ви благодарам.“

Претставата Животинска фарма НУЦК „Антон Панов“ – Струмица – Народен театар публиката ја оцени со 4,02.

Елизабета Митреска
Фото: Анастасија Бошкоска

Фестивал „Војдан Чернодрински“: Награди за животно дело на Владимир Милчин и Бајруш Мјаку

“… Прилеп бил град на моето детство. Бос го имам шетано по браздите, на Селечка, на Маркукуле… Го паметам Прилеп како что веројатно поввеќето овде во салата, не го паметат и секогаш кога ќе дојдам сум посебно возбуден.„

Владимир Милчин

“ Сега кога мислам, кадде ли поминаа овие 45 гоодини на сцената, на тоаколку пати сме играле на оваа сцена, колку пати сме биле аградени, си велам, можеби ќе заборавиме. Само драга публко, нема да го заборавам, вашиот искрен аплауз „

Бајруш Мјаку

МТФ „ ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ„

ДЕНЕСКА НА ФЕСТИВАЛОТ

Денешниот, петти ден на фестивалот, започнува со промоција на театарска и  театролошка литература (11 ч., фоаје, “Марко Цепенков“), на која ќе бидат промовирани необјавената драма на Антон Панов „Вероника Самарак„, книгата театарски есеи од Ацо Гогов со наслов „ Децата на Мнемосина„ и збирката интервјуа „Во четери очи 2„ на Борче Грозданов. Промотори на делата ќе бидат Ацо Гогов, Тодор Кузманов и Христо Петрески, а модератаор на целиот настан е Ана Стојаноска.

Во попладневниот дел од 12 часот е закажно детското театарско време со „Том Соер“ на Марк Твен во продукција на Театарот за деца и младинци – Скопје. Претставата ќе се одигра во НТ „Војдан Чернодрински„

Вечерниот, најнапред натпреварувачки дел, започнува со „Смртта на Дантон„ од Георг Бихнер, во режија на Дино Мустафиќ, на Албански театар – Скопје. (НУЦК “Марко Цепенков“ 19.30)

Како дел од придружната програма ќе ја видиме „Ана иХана„ на НУ Турски театар – Скопје од 23 ч. во „ Војдан Чернодрински Прилеп„

АЈДЕ ДА ПРАВИМЕ ТЕАТАР!

Овој сублиамтен наслов, што ја отсликува моменталната (не)сосотојба во Театарот во Македониија, е најверојатно, причината за (не)вешто, смисленото лого на годинешниов МТФ „ Војдан Чернодрински „ во Прилеп, „Ова е наше време! Време за театар„

Театарот не е создаден и не се создава во „ 5 до 12„ како што е илустрирано на официјалните и промоторни театарски материјали, но е во секој случај воедно желба и можност, за продолжување на нишката што одвреме – навреме се прекинува, но од друга страна неминовно продолжува, а и натамошно одржување на она за што живее и ќе живее – Театарот!

Затоа, за поздрав е и стартот со „малерозниот„ Макбет на МНТ, па и продожението со по сѐ изгледа успешниот обид на „денешните„ Бакхи  на НТ Битола …

За поздрав е и можноста секој да си го каже своето, преку обновенеите тркалезни маси на фестивалот, на кои сите оние што сме овде во Прилеп ( кумуваме и умуваме), мислиме пред сѐ и над сѐ за доброто на Македонскиот театар, но и на глобално позитивниот Театар…

Кога многу умуваме, најчесто се и многу рзлични патишта за она за што и како сакаме да го восприемаме и пеживуваме театарскиот момент. Како на еден од тие замисли и моменти ви пожелувам се најубаво, во вашите патешетвија Скомраси!

ВЕЧЕРВА НА МТФ „ ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ „

Денешната, четврта вечер на фестивалот е посветена на „Животниска фарма„ од Џорџ Орвел, режирана од Љупчо Ѓоргиевски, на НУЦК „Антон Панов„ Струмица во19.30 (НУЦК „Марко Цепенков„), по што следуваат  и разговорите за оваа претстава. Во неофицијалната програма, студентите од УКИМ – Скопје  ќе ја изведат „ Елените проколнувањата“, дипломски испит по актерска игра на студентите во клссата на проф. м-р Ељеса Касо и демонстраторот м- р Јетким Сезаир ( Театар „ Војдан Черндрински,  23 ч.)

Грозданов

На тркалезна маса со екипата на „Бакхи-Краток преглед на распадот“

Народен театар – Битола

Бакхи-краток преглед на распадот“ по Еврипид

Режија: Игор Вук Торбица

Играат:Маја Андоновска Илиевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски ,Васко Мавровски

Хороводецот – Викторија Степановска Јанкуловска

Хорот на Бакхите – Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска 

Ана Стојановска, театролог, водител на Разговорите на тркалезната маса

„Имавме прилика да видиме една претстава за која ќе зборуваме, ама и понатаму ќе зборуваме. Не затоа што тоа е Еврипид, еден од авторите кој секогаш е актуелен и што посебно во антиката не го сакале, зашто милувал да ги каже работите, онакви какви што се, директно и затоа што се Бакхи. Сакам да ја нагласам улогата и функцијата на музиката во претставата што беше вонредно решена. Овој краток преглед на распадот го видовме со еден многу суптилен премин од нешто што се вика, интимна приказна во која не воведе хороводецот, сè додека не ја видиме конечната суштина на распадот на самиот крај. Да се постави антички театар денес, не е лесно, иако сите се обидувале, се обидуваат и ќе се обидуваат. Меѓутоа, мислам дека во оваа претстава се имаат сретнато естетиката на режисерот со естетиката на ансамблот и некако се нашле, повлијаеле едни врз други и режисерот врз ансамблот и ансамблот врз режисерот.

Кога зборуваме за ансамблов театар или колективна игра, малку ги мешаме поимите, бидејќи ние овде бевме во мрежата на режисерот, ова режисерот го има направено ние да мислиме дека оваа е игра на сите подеднакво, рече, Стојановска честитајќи му на целиот ансамбл на битолскиот Народен театар, за изведбата на претставата.

Сашо Димовски, театролог,  драматург и драмски автор

„Во 1999 година од оваа страна на театарот ни се случи навистина една многу важна книга „Пост драмски театар“. Ние вечерва бевме сведоци на еден постдрамски театар изведен на многу автентичен начин со сите алатки коишто постдрамскиот театар ги нуди за операционализација, односно за создавање театарски претстави. Она што е главно за оваа претстава е доминантниот режисерски ракопис на кој е подведена целата структура на претставата, на кој се води целото дејство на претставата од една страна. Од друга страна, е исклучително кохерентната игра на ансамблот. Битолскиот театар докажува од претстава во претстава дека има ансамбл кој може да носи секакви продукции. Моите честитки одат пред сè за нив. „Бакхи“ од Еврипид е прв пат поставена во 404 година од старата ера и победува на тие тогашни големи диониси и до денес ние се занимаваме со начинот на кој одмаздата како таква ни се сервира или сами себе си си ја сервираме.  А, она што е ново во оваа претстава, е тоа што, митската семантика која е кодирана во пиесата на Еврипид станува семантика на нашето секојдневие, која поаѓа од семејството како такво, од неговото уривање и нам директно, в лице, ни зборува за сите можни видови терор, кои како луѓе можеме да си ги направиме, копнеејќи по нешто ново. Тоа од една страна.  Од друга страна, ова е претстава која го преиспитува концептот на слободата, според сите основни терминанти кои ги проследивме во него. Слободата и слободното битие и дали воопшто, ние денес можеме да зборуваме за слобода. Или кога зборуваме за слободата зборуваме за рамките во кои таа е возможна. Сакам да ја нагласам аудио-визуелната семантика на претставата која  поаѓа од една покрената сценографија, која јасно и недвосмислено го издигнува светот кој нам ни се обраќа наспроти основниот свет. Употребата на музиката станува еден вид лик во претставата, кој зборува со свој специфичен глас.Од актерските изведби не би сакал да издвојувам, бидејќи сметам дека оваа е претстава која се однесува на колективот и дека целата заслуга е на колективот како таков. Она кое што Еврипид го напишал, Торбица го преработил, стои во основната матрица која ние до денеска ја наследуваме, ја гледаме и ја доживуваме, нам директно ни се обраќа како таков. Моите искрени комплименти за претставата. По слоганот којшто Фестивалот го носи оваа година, оваа е претстава која е директно во слоганот на годинешното издание на Фестивалот“- рече театрологот Димовски.

Борче Грозданов- театарски критичар на Театарче.МК :

-Покрај сета таа модернизација на Еврипид и на случајот „ Бакхи“, кој за мене беше претежок , јас видов еден воведен монолог кој на моменти заличи на монодрама. Видов развлечен прв пролог кој, како идеја, можеше да биде пократок за сето тоа да се повлече и да се спои во една многу подинамична и пожестока семантика. Третиот дел- спојот на Бакхите и обезличувањето на индивидуата, не ми беше најјасен. Затоа би го замолил режисерот да експлицира. Едноставно, за обичниот гледач, верувајте, дека тоа е премачно. А, во публиката, слушнав крцкање на седиштата, енормно титкање на телефоните, светење на телефони. Значи, на публиката и беше здодевно. Што се однесува до актерската екипа, сметам дека уште еднаш се допиша непишаното правило , актерот да биде роб на режисерската идеја.

Александар Милосављевиќ- театарски критичар од Србија:

-Мене не ми беше здодевна претставата. Таа има врска со постдрамскиот театар и со други пост нешта. Значи, сето тоа не е ништо ново. Само е прашањето, како сите тие елементи ќе бидат расчленети и на кој начин ќе бидат повторно склопени во една структура со смисла , која некому му се допаѓа, некому не му се допаѓа, а некому, пак, може да му биде и здодевна. Јас сум во мала предност во однос на вас, зашто гледав една друга српска претстава неодамна, што ја режираше Игор Вук Торбица, а станува збор за „Тартиф“. Таа започнува идентично како „Бакхи“. Имате наратор и тоа женски, кој е на просцениумот и најдиректно и се обраќа на публиката и најдиректно, привидно воспоставува дијалог за политиката, а за сето време, актерски ја контролира ситуацијата. И би се рекло дека тоа е автоцитат. На прво така ми се виде. Меѓутоа, тоа е само дел од едно проседе кој режисерот многу доследно го спроведува на многу различен начин во „Тартиф“ и на сосема друг начин во „Бакхи“. Можеби драматуршката функција е приближно иста. Можеби актерските сретства кај актерките- нараторки кои играат во оваа и во српската претстава се разликуваат за нијанса. Но, смислата е поврзана со постапката на деконструкција. Нема да го гледате Еврипид. Тоа што овде (ќе) го гледате е нешто друго. Дали сте се запрашале кој  е Вашиот идентитет? Според мене, тоа е клучно прашање со кое започнува оваа претстава. И тоа го соопштува личноста која треба да биде наратор. Наратор во театар, обично е личност која се знае. Оваа нараторка во „Бакхи“, веднаш ни дава до знаење дека не е баш начисто, со едно од клучните прашања кое постојано се повторува во секоја цивилизација, а особено во нашата. Кои сме ние ? Ние сме и аполониското и дионизиското. Ние сме и убавото и среденото и грдото, ирационалното, екстатичното. И потоа доаѓаме до сцената која многу потсетува на претставата која е на репертоарот на Драмскиот театар во Скопје- „Фестен“. Значи, имаме една семејна прослава , која во граѓанска смисла е прецизно дефинирана и можеби тука некој и ќе се напие. Но наши сме, па не е страшно. Јас премрев жив, размислувајќи што јадат тие во претставата , која се вика „Бакхи“. Потоа добивме прецизно мени кое започнува со Карпачо од коњско месо, а се завршува со тартуфи. За да сфатиме на крајот дека тоа што го повраќаат драмските лица , не е ништо од тоа мени. Тоа е токму она од што јас на почетокот се смрзнав од страв, мислејќи што ли јадат. Торбица преку назнаки ни покажа дека во семејството опасно владее декаденцијата и дека во тоа семејство, со некој необичен консензус се договориле да ја преживеат роденденската прослава. Па сепак, им се случува некој гест, некој бакнеж, некој поглед, кој укажува дека семејството е сериозно во фаза, не во распажање, туку на трулеж и потоа повторно одѕвонува тоа прашање на идентитетот и започнува сецирањето, на она што ние го нарекуваме уредно, средено, граѓанско општество. И тоа сецирање Торбица не ни го покажа за прв пат, дека тоа граѓанско општество е труло , но според мене на оригинален, афтентичен и храбар  начин ни покажа дека секој ансамбал ова не може да го одигра. Мора да бидат актери кои веќе поминале одредени проседеа и постапки. Ова е истрениран ансамбал кој е во состојба да си ја преврти сопствената кожа.

Игор Вук Торбица, режисер на претставата „Бакхи“:

-Верувам дека ви било здодевно.  Морам да кажам дека седев во последниот ред и ги гледав тие мобилни телефони кои светеа во темнината и само една работа ме израдува, а тоа е фотографирањето на претставата. Значи, не гледаа во своите пораки, туку сите со ред или повеќето, фотографираа. Тоа е она што јас го видов. Можеби грешам. Кога човек избира да се занимава со конотативни претстави, да го темели своето творештво на конотативната стварност според сопствената перцепција, тогаш, всушност, избира дека не е должен тоа на сите да им се допаѓа, да им биде на сите читливо, а на крајот на краиштата, да даде некое време што бара (изискува). Тоа е време е време во кое ќе биде исфрлен одреден број публика. Меѓутоа, човекот избира кому му се обраќа. И мислам дека се околу нас е денотативно до таа мера и за тоа зборува оваа претстава , дека е банално. Дека ние веќе немаме именители за тие нешта околу нас. Кога ние ќе речеме љубов, ние не мислиме на тоа. Кога ние ќе кажеме дионизиско, ние веќе не мислиме на тоа. Ние ги измешавме термините и живееме во постнаративна цивилизација. А, јас избирам да ја конструирам сопствената смисла , од внатре. Тоа би бил мојот одговор. Се извинувам ако било здодевно.

Тодор Кузманов- театарски критичар на Македонското радио :

-Се сетив на Бранко Брезовац, кој пред 17-20 години на слична изобразба, на „ Бакхите“ на Еврипид, што ја напиша Горан Стефановски, ја реализира „Баханалии“, која патуваше низ Европа. Најсилниот впечаток е дека тоа беше претстава, во која доминираше режисерскиот ракопис на Брезовац, формулиран како „ждерење“ без мерка. И едноставно, сцената беше доминантно, во тој стил и во тој однос. Сакам да кажам дека во еден последователен ред го следам Битолскиот театар , низ продукции за кои почнав веќе и да се плашам дека стануваат манир. Но мислам, за среќа, овој пат сум многу пријатно изненаден затоа што се работи за иновативен пристап, за еден култивиран и суптилен приод кон иновирање на класиката. Или, овде може да се рече дека класиката е повод, а целта е дообработка, односно мелење на самите учесници во процесот. Како што рече и режисерот, неговите рецепции и преокупации ги пренесува на ансамблот . Се создава некоја  драматуршка предлошка која е вовед и има некое ехо  од Еврипидовите „Бакхи“. Особено сложен и деликатен текст, во кој што се меша митското и хуманото , двополовоста на Дионис. Тој е и бог и човек, но можеби тој има и индикации дека е бисексуалец. Овде сум фасциниран од текот на дејството, од ритамот и темпото на претставата. Ја нагласувам таа скротеност, за разлика од овие неколку други претстави во кои доминира екстатичноста и слично. Овде има се, но, реков дека е убаво скроено, има убав тек, убав концепт со мирна, темелна реализација.

 Моника Талеска, Сотир Трајков

Од публика

„БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ“
Што е идентитетот? Низа проблеми.
Кои сме ние? Не знаеме.
Што сме ние? Не знаеме.
Всушност, знаеме, но не сакаме да си признаеме. Ние сме, некој помалку некој повеќе, варвари, хедонисти, сладострасници. Ние, всушност, сме ѕверови кои се јадеме меѓу себе!
Но, не сакаме да си признаеме. Иако често и повраќаме од тоа, сепак, ја вртиме главата.
Ние имаме идентитетска криза. Ние сме слепци водени од слепи водачи.
Екстравагантна сцена на погебување на Богот (Дионис) и човекот (Пентеј).
„Шлагот“ беше одличниот перформанс на крајот, кој го „видов“ и доживеав како самоубиство на идентитетот и себеничкосувањето до ниво на ѕверови. 
Во глобала, многу добра претстава на битолскиот театарски ансамбл. Навистина комплексна, можеби премногу „длабока“ и на моменти „тешка“, но одлично режирана, со прекрасна глума, сценографија … 
Ако не грешам, битолчани имаат силен „коњ“ во трката за награди на овој фестивал!

Љупче Петрески