
Црвеана завеса. Точно го одслика овогодинешниот плакат на овогодинешниот “ Војдан Чернодриснки„ како некој однапред да има шепнал на креаторите при одбирањето на плакото, за она што го чека гледачот.

По 54 пат на МТФ, ја расплака црвената плишана завеса од тага, и со по некоја солза радосница. Некои напред, а некои позади. Застанаа нашите актери, режисери, осветлувачи, испиценти, тонски мајстори …
Секој со својот ансамбл си го донесе својот багаж, со се она што го сработил. Имаше што да се погледне оваа година, но, мислам дека само три претстави го заслужуваа она мото, кое за цело време не следеше на овој фестивал:
„Ова е наше време, време за Театар„
Секогаш е време за Театар, секогаш сме сега и овде, односно во и на осумте фестивалски денови во Прилеп.
Мојот внатрешен инстинкт кој години наназад, не ме лаже за она што е во мометов актуелно, го потврдија претставите како „ Животинска фарма„ на Струмички театар, која зборува за проблемот овде и сега, во фармава во која сите ние „претаме“ како давеници во кал и смрдеа, отрови и ГМО … а да не говорам дека, кој и како не води, секој кој ја има прочитано книгата или гледано оваа престава барем еднаш, тоа сигурно го знае.
Втора претстава која соодвествува со мотото на фестивалот е “ Странци“ на Драмски театар – Скопје, која е токму тоа сега и овде. Живот кој во модерниот „ај – фон„ свет фамилијарен, пријателски полека се јаде и руши, при една пријателска средба . Почеток на една навидум едноставна игра… Низ која сите ние секој ден, или, барем еднаш сме се нашле во нашите животи.
Криенка “ај – фон“ – миженка, пу пу те видов, те фатив жив …
Секако, претставата “ Пиреј „ си имаше точно место во овој контекст, од аспект на тоа што денес се случува, втемелено во една реплика:
„ Која е и како се вика оваа земја ?!„
Е, тоа ни се случува СЕГА И ОВДЕ! Затоа, поборник сум на идеата секогаш да има барем една ваква драма која говори за корените…Потврдата што го оправда нејзиното присуство годинава на фестивалот. Се и наградите за Марија Спиркоска Илијеска – Велика и Александар Степанулески – Јон, заедно со наградата за музика од Димитар Андоновски.
Лауреата е претставата на Битолски театар “ Бакхи – краток распад на историјата“…
Искрено, бидејќи, не ја гледав, мојот желудник не ги вари ваквите претстави, но, според она што се говореше меѓу публиката на тркалезните маси, ме направи среќна што не ни влегов.Ништо не ми значи пристапот, на вулгарноста вадењето на своите гинеталии пред публиката, што денес се нарекува модерен театар!
Сигурно ваквите претстави си имаат свој публика, но, не МТФ „ Војдан Чернодрински„!
Благодарам на сите што се потрудивте и оваа година, а се надевам до година ќе бидеме помудри и нема да си ја распараме внатрешна завеса и нема да не одвратите од одењето во театар. До следното дружење!
Гледачот