
МОДЕРНОТО ГО ЗАСЕНИ ТЕАТАРОТ!
Секој крај е и нов почеток…Ако се суди по крајот на годинешниов МТФ “Војдан Чернодриннски, модерното го “ засени “ Театарот! Ќе живееме модерно, (не)ќе се сеќааме на традиционалното, УБАВОТО!
Ако е по уметничко- народната, тогаш, што ќе си посееме, тоа и ќе си жнееме, или по модерното, што живееме, тоа ќе преживееме, (кој-како) па и доживееме, така, го добивме годинешниов победник, во име на модерното, наспроти назадното!
За почеток, имаме победа на модерното, над традиционалното,односно, на она што поголо, макар и неоправдано, толку по сегашно,толку понаградено….
СЕТО ОСТАНАТО ОСТАНА НАГАДЕНО!
Без намера за ничија деградација, сметам дека основната идеја дека Театарот живее по принципот “ЕДЕН ЗА ЕДЕН„ во односоот актер – публика, но, го изгубивме компасот топејќи се во времето- невреме!
АЈ, НЕКА НИ Е СО СРЕЌА, ПА ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ПРАВИМЕ ТЕАТАР!
БОРЧЕ ГРОЗДАНОВ