МАКЕДОНИЈА ВО „ЖИВОТИНСКА ФАРМА“

Љупче Петрески

Орвеловата вонвременска „Животинска фарма“ е базирана на настаните (револуциите во тогашна Русија) кои претходеле и довеле до ерата на Сталин. Тој, Орвел, успешно го исмева сталинизмот, потенцирајќи дека Руската империја, се претворила во брутална диктатура врз база на култот на една личност. 
Вечерва, на театарскиот фестивал во Прилеп, струмичкиот ансамбл „Антон Панов“ се претстави пред прилепчани со претставата „Животинска фарма“ во која, режисерот Љупчо Ѓорѓиевски не само што автентично ни го претстави Орвел, туку и успеа успешно да ги вмрежи нашите општествени случувања и да ги исмее актерите-учесници во настаните кои претходеа и не доведоа до општественото дереџе во кое моментално живееме. Па така, во „животинската фарма“ видовме „шарени револуционери“; видовме како дел од нив станаа власт, станаа министри или владини функционери; видовме потрчковци; го видовме Премиерот во вистинско „светло“; видовме „шмркање“ кокаин; видовме како револуцијата ги изеде своите деца; видовме раскалашаност на власта; видовме преименување од „Бивша животинска фарма“ во „Република животинска фарма“; видовме и „животни“ кои извикуваа „Да живее Македонија“; видовме терор, репресии; видовме брутална диктатура. На крајот, дури и Могерини ја видовме!
Видовме многу добра постановка, во невообичаена средина каде гледачите и актерите беа сместени во некаков хангар. 
Моите очи видоа многу добра глума, интересна сценографија, костимографија, одлична музика и мали режисерски недостатоци. 
Summa summarum многу добра претстава!
Најинтересно е што оваа и ваква престава доаѓа од родниот град на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *