
НУЦК Трајко Прокопиев – театар Куманово
„Физика на тагата“ од Георги Господинов
Режија: Милош Б. Андоновски
Играат: Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Јасмина Василева, Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Нина Максимова, Симона Димковска.
Честитајќи ѝ на екипата на Кумановскиот театар за претставата „Физика на тагата“, водителот на разговорите на тркалезната маса на критиката Ана Стојаноска поттикна на разговор за претставата.
– Идејата е на овие разговори повеќе да го слушнеме гласот на публиката, во почетокот ќе потенцирам неколку основни координати, битни за претставата. Начинот на кој група научници решаваат да ја измерат тагата според насоката што ја дава романот на Господинов, а не е напишана во самиот роман, и користеењето на некои од најможните приказни во тој роман, рече Стојаноска.
Мишел Павловски, Институт за македонска литература:
– Впечаток ми остави почетокот, првиот дел на претставата. Мислам дека беше креативна и храбра идеја драматизацијата, која говори за тагата, да почне со гротеска. Во актерскиот и во физичкиот израз, како и во говорот. Тој премин од гротеска, па да речам, до трагичен завршеток, помага за претставата. Режисерската идеја не може да помогне во зголемувањето на тоа чувство на трагичноста без актерската игра. Не може да се одвои неке актерско име, туку естекстиот впечаток е на целиот ансамбл, на колективната игра. Едно големно благодарам на актерите, актерките, на режисерското ангажирање во оваа претстава, рече Павловски.
Јована Ѓорѓиовска, Гледај мк:
– По вторпат ја гледам претставата. Овојпат, мене ми беше тивка претставата. Не слушнав работи кои ги чув кога ја гледав претставата во Кино Култура во Скопје. Тоа е мала забелешка наспроти доживувањата за викање. Го прочтав романот на Господинов и со Милош (режисерот) разговарав кој ми беше ставот, а сега кога ја гледав вторпат, мора да го пофалам темпото во претставата и одличнуот баланс помеѓу сите различни емоции што ги доживуваме како публика. Мора да ја пофалам екипта која по секоја одиграна претстава, организираат тркелезна маса за дискутирање со публиката, рече Ѓорѓиовска.
Зоран Лазаров, вљубеник во театарот:
– Седев во првиот ред и воопшто не забележав викање. Им се заблагодарувам на актерите за доживувањето. Единствено ми остана прашањето, бидејќи не сум ја читал книгата, дали останува нешто загубено со тоа што се референцира книгата? Зашто има многу сечовечки, универзални пораки и не мораше да се инсистира на деловите на романот, рече Лазаров.
Милош Б. Андоновски, режисер:
Го знам романот на Господинов. Романот е мал книжевен, фрагментарен, осврт. Изобилува со многу приказни. Додека траеше склопувањето на драмскиот текст, а тоа беа два до три месеца, буквално го измалтретирав драматургот. Тоа е трета или четврта верзија, зашто имавме голем избор на приказни. Романот е, буквално, лавиринт од приказни, авторот почнува со една се префрлува на другите без ред. Скоковите се временски и емотивни. Имавме една верзија за претставата во која дејството се сместува во циркус, втората верзија беше во лавиринт, за на крајот да дојдеме до последната верзија и да го допишеме делот со физичарите кои во романот не постојат. Но насловот на романот и одредени глави кои се осврнуваат на квантната физика, ни беа клучот за да вметнеме седум физичари кои слушнале за постоењето на некаков роман со наслов „Физика на тагата“ , па се одлучиле да го испитуваат, па оттаму доаѓа и гротеската. Моравме да дадеме една рамковна приказна која сите приказни од романот ќе ги спои и ќе ги држи кохерентно во една целина, рече Андоновски.
Тодор Кузманов, театарски критичар:
Оваа претстава ми звучеше како микс на литературата и на театарот. Оваа „Физика на тагата“ е многу тажна и многу монотона. Иако не е во прашање таа мултипликација на многу проблеми, параболи, сепак, основниот тон, не само што е тажен, туку по малку е и монотон. Театарот, како и секое творештво, пред сѐ, е и радост. Шекспир се прослави кога во бајката напиша дека кога играте тажно, барајте го веселото. И обратно. Станиславки ги учеше актерите дека кога играш лош, зол, барај каде е тој добар. Во таа слимла, ми недостасува колорит на претставата. Очекував наместо мрцварење, снебивање, да видам радосна тага. Или тажна радост. Варијации на темата, но никако, како уметници, како актери, да тонете во монотонија и да не влечете со вас. Ја повлекувате публиката, рече Кузманов.
Александар Милосављевиќ, театарски критичар од Србија:
-Не се слогласувам дека театарот треба да биде весел во манифестна смисла. Според мене, има задача да го постави вистинското прашање за времето во кое се создава. Ако тоа го направи на уметнички, релевантен начин, тогаш од театрот не очекувам ништо повеќе. Во претставата ги гледам валерите, контрастите и гледам нешто што ја разбива монотонијата. Точно е констатирана гротескната ситуација врз основа на потребата научно да се дефинира тагата, да се измери и на некој начин, да се направи допирлива. Тоа е гротексно, затоа што е апсурдно, зашто тагата е невозможно да се измери и да се одмери, како што е невозможно да се измери убавината. Бидејќи имаме враќање на почетните елементи на драмската ситуација, добиваме мињони, кои, всушност, се дело на романот. Тоа е приказната. И секоја приказна е тажна. Не сум го прочитал романот, но како критичар велам дека нема монотонија, и ниту сум ја доживеал. Гротеската воспоставува режисерска динамика која се пренесува на играта на актерите. Од друга страна, мора да признаам, дека сериозноста на актерскиот ансамбл ја спознав дури кога преминавме на сцените од романот. Мене ми пречеше дистанцираноста во играта на актерите, рече Милосављевиќ.
Осврт кон самиот тетарски процес уште од неговиот зародиш изнесе режисерот Милош Б. Андоновски:–Почнавме погротескно со тоа што разаговаравме со екипата и актерите, после првата или втората приказна заради присуството на тага, дека физичарите треба да станат, малку понесвесно допрени од тоа, односно, тоа да влијае врз нивниот жар и интензитет итн. И како се развиваа и се отвараа приказните сѐ повеќе до самиот крај, некако, самиот експеримент е неуспешен, тие доаѓаат до тој момент дека не може да се измери тагата, дека не можат да изберат дали ќе чувствуваат тага или не и тоа беше мојата позиција како режисер кога се подготвувавме.
Импресии за темата изнесе актерката Јасмина Василева:-Во суштина тоа беше тезата, бидејќи не знаеш кога точно ќе се случи тагата и дека никогаш не си подготвени да ти се случи, да те допре и да ја почувствуваш и мислам дека баш се водевме од таа теза дека тагата нема да го фати секој оној во моментот кога го игра ликот и кога публиката очекува логично да го почувствува ликот, туку, некогаш, случајно и спонтано во некој нелогичен момент. И мислам дека затоа, на некои ни се случува малку подоцна, некои одма не влегуваат, дисанцата подолго трае и нема правило, во момемнтот кога го играш ликот и дека токму тогаш ќе почувствуваш.
Симона Димковска, актер:– Има еден стереотипдекафизичарите се пред се интелектуални, тоа чувственото е многу некаде зад, така да тргнувањето со гротеска е токму од таму, а претставата поаѓа од едно интелектуализирање што не може да се интелектуализира. И како што нагласија и Милош и Јасмина, полека доаѓаме до тоа до коешто реално не може интелектуално да се дојде, туку само преку искуството и мислам дека тоа беше еден мошне важен момент преку кој ние како актери можеме да креираме, од каде да почнеме и каде да завршиме.
Милан Пиркер, словенечки театарски критичар:– Сметам дека сѐ што до сега се говори се однесува на драмски театар. Според мене, една од можностите да се „спаси“ ваква претстава која е подготвувана според роман, каков што е овој на Господинов, треба да се направи во некој типоперформативен театар. Во Словенија тоа го прави Јанежич и Лоренци. Оваа рамка го оневозможува тој перформативен театар. Интересно ми се виде тоа што го кажа и режисерот дека на почетокот сакале да ја прават претставата така што таа ќе излегува од лавиринтот и сметам дека тоа за оваа претстава би било решение. Друго што ми е исклучително драго и што сега во словенечкиот театар се работи на раскажувањето приказни. Не е веќе класичен театар кадешто глумат големи актери, туку глумците доаѓат и разкажуваат приказни, како во ирскиот театар. И глумците се исклучително добри, исклучително добро ги раскажаа тие приказни. Јас го прочитав и романот, пред пет години беше преведен и на словенечки јазик и Господинов е ѕвезда во Словенија како писател, многу пати доаѓа и во Словенија. Ми се чини дека тое е исклучително добар роман и исклучително добар потег романот да се пренесе во театар.
проф. д-р Иван Додовски, професор по критичка теорија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
– Во почетокот сакам да признаам дека многу се радувам, не сум воопшто тажен. Имам свои причини зошто е така. Една од причините што по цела една деценија се враќам да разговарам на овие тркалезни маси на овој значаен фестивал. Другата причина е што можеби по исто толку долго време ги гледам актерите од кумановскиот театар кои ја играа оваа претстава и би сакал да споделам неколку свои размисли кои се разбира се првични размисли за нешто што го доживеавме. Господинов е еден исклучителен автор кој пишува во овој роман за тагата, а всушност, во исто време пишува за тоа, како се пишува роман. И тоа е негова препознатлива поетика. Таа автопоетичност и автореференцијаност постојано ја наоѓаме кај него како автор. Тука се поставува прашањето како сето тоа да се пренесе и во исто време да биде автореференцијалност на оние што го отвораат театарот, а не романот. Во суштина, овој роман е роман за приказната, а да се потсетиме на грчки приказна е митос, мит и митот на којшто се потпира овој роман е митот за минотаурот, односно за лавиринтот, а дури на крајот доаѓа претставата. И во суштина овдека имаме три проблеми кои треба да ги реши режисерот и целата екипа: како во театар перформативно, како што рече колегата, да раскажете мит, со сите негови современи референци ставен во историски и други контексти низ приказните што се раскажуваат, притоа, не заборавајќи дека сепак ова е една постмодерна прикрпка на приказна, не е тоа една приказна која се развива со почеток, средина и крај како што велеше стариот теоретичар Аристотел. Мислам дека овој обид да се реши тоа така што ќе се најдат физичари кои вивисекцираат едно книжевно дело и потоа самите се заразуваат со предметот на своето истражување, е еден добар пристап, едно решение на ова прашање. Понатаму, се поставува прашањето на етосот, на карактерот. Навистина има многу ликови во овој роман, но прашање е дали има карактери. Според мене само неколку, и тоа се оние заокружени карактери кои најмногу пробиваат во просторот на тагата. Некои од нив се избрани и прикажани и во претставата. Но, на митосот и етосот се надоврзува и патосот. Како да се „извади“ емоцијата и тука е најлизгавиот терен за актерите, особено во ваква драмска структура потпрена на ваква книжевна структура која самата се поигрува со себеси, односно самиот Госдподинов сака да избега од патосот во обидот да ја објасни тагата. Дури и во романот има по една вметната страничка која вели: сега овде има пауза, нели треба да се одмориме малку од оваа тажна приказна. Јас не забележав дека во драмската структура и во актерската изведба ги имаме тие значајни семантички паузи, а можат да се постигнат, го има текот на приказните, сплетот на приказните и тука треба една пауза за да се извлечеме од патосот. На почетокот тоа го има со овие автореферентни моменти кога се спомнуваат претставите во кои играте претходно и тоа е таа дистанца што се поставува. Но, како што навлегуваме треба да ја доживееме тагата низ приказната и мислам дека етосот е постигнат во една или две прилики бријијантно. На пример, најуспешна за мене сцена во тој поглед, е онаа на старицата со младичот. Во секој случај, оваа претстава за мене е предизвик, како некој што има сроден бекграунд со режисерот во областа на компаратиовната книжевност, но, и како некој што пишува за театар и интензивно се занимава со тоа, мене ми недостигааат две други работи, она што Аристотел го нарекува опсис и мелос. Мелосот дискретно го има во два момента, како еден благ музички фон кој треба да ја формира атмосферата на тагата, но опсисот, визуелното, е нешто што ми недостига. Мислам дека актерите се оставени, веројатно намерно, да извлечат сѐ во обидот да ја раскажат приказната-митосот, а притоа им недостига некој дополнителен момент што ќе ги стави акцентите на сценскиот простор и ќе пунктира во ритамот на тагата што ја вивисекцираат.
Ана Стојаноска, водител на Разговорите на тркалезната маса, упати прашање до екипата од кумановскиот театар во насока на пренесување на искуството што го имаат со организирање разговори после претставата, за да пренесат колку тие разговори им помагаат за следните изведби и дали нешто користат од изнесените сугеститии, зашто е тоа и намерно поставено за да се постигнува некаков ефект.
Горан Илиќ, актер
– Досега имавме сигурно петнаесетина изведби (станува збор за 22-та изведба, н.з) по кои имавме разговори и навистина, имаше отворени разговори и критики, главно од наши пријатели кои беа доста сериозни по своите оценки. Ние некако многу упорно се држиме до тие првични работите кои ги договоривме со режисерот Милош Андоновски иако сите нивни забелешки и критики секако дека делуваа врз нас и најверојатно дека пртетставата има „мутирано“ од мината година. Би сакал да кажам дека ми е многу драго ова што се случува во Прилеп после толку години, а јас мислам дека многу години сум тука на фестивалот, мислам дека само Чернодрински е повеќе од мене на овој фестивал. И навистина беше битна оваа работа, овие разговори, секако дека даваат еден пресек за тоа што сме го работеле и би сакал многу покритично да се се однесуваат и критичарите и публиката бидејќи навистина нам ни треба.
На маргините од разговорите, актерот Горан Илиќ изнесе свои размислувања поврзани со состојбата во Кумановскиот театар која, според него, е драмска секција во Центарот за култура и ја искористи приликата јавно да ги повика надлежните и авторитетите во државата за независен Театар Куманово.Тоа според него ќе овозможи соочување со предизвиците што ги носи театарот, преземање активности и одлуки кои ќе овозможат продуктивност и се заложи за релевантен уметнички израз.
Заокружувајќи ја тркалезната маса, модераторот, професор Ана Стојановска ги извести и ги потсети присутните за уште една годинашна фестивалска новина: Наградата од публиката. Претставата Физика на тагата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово публиката ја оцени со 3,45.
Елизабета Митреска
Фото: Оливер Ангелески