
ДЕНЕСКА НА ФЕСТИВАЛОТ
Денешниот, петти ден на фестивалот, започнува со промоција на театарска и театролошка литература (11 ч., фоаје, “Марко Цепенков“), на која ќе бидат промовирани необјавената драма на Антон Панов „Вероника Самарак„, книгата театарски есеи од Ацо Гогов со наслов „ Децата на Мнемосина„ и збирката интервјуа „Во четери очи 2„ на Борче Грозданов. Промотори на делата ќе бидат Ацо Гогов, Тодор Кузманов и Христо Петрески, а модератаор на целиот настан е Ана Стојаноска.

Во попладневниот дел од 12 часот е закажно детското театарско време со „Том Соер“ на Марк Твен во продукција на Театарот за деца и младинци – Скопје. Претставата ќе се одигра во НТ „Војдан Чернодрински„
Вечерниот, најнапред натпреварувачки дел, започнува со „Смртта на Дантон„ од Георг Бихнер, во режија на Дино Мустафиќ, на Албански театар – Скопје. (НУЦК “Марко Цепенков“ 19.30)
Како дел од придружната програма ќе ја видиме „Ана иХана„ на НУ Турски театар – Скопје од 23 ч. во „ Војдан Чернодрински Прилеп„