
Овој сублиамтен наслов, што ја отсликува моменталната (не)сосотојба во Театарот во Македониија, е најверојатно, причината за (не)вешто, смисленото лого на годинешниов МТФ „ Војдан Чернодрински „ во Прилеп, „Ова е наше време! Време за театар„
Театарот не е создаден и не се создава во „ 5 до 12„ како што е илустрирано на официјалните и промоторни театарски материјали, но е во секој случај воедно желба и можност, за продолжување на нишката што одвреме – навреме се прекинува, но од друга страна неминовно продолжува, а и натамошно одржување на она за што живее и ќе живее – Театарот!
Затоа, за поздрав е и стартот со „малерозниот„ Макбет на МНТ, па и продожението со по сѐ изгледа успешниот обид на „денешните„ Бакхи на НТ Битола …
За поздрав е и можноста секој да си го каже своето, преку обновенеите тркалезни маси на фестивалот, на кои сите оние што сме овде во Прилеп ( кумуваме и умуваме), мислиме пред сѐ и над сѐ за доброто на Македонскиот театар, но и на глобално позитивниот Театар…
Кога многу умуваме, најчесто се и многу рзлични патишта за она за што и како сакаме да го восприемаме и пеживуваме театарскиот момент. Како на еден од тие замисли и моменти ви пожелувам се најубаво, во вашите патешетвија Скомраси!
ВЕЧЕРВА НА МТФ „ ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ „
Денешната, четврта вечер на фестивалот е посветена на „Животниска фарма„ од Џорџ Орвел, режирана од Љупчо Ѓоргиевски, на НУЦК „Антон Панов„ Струмица во19.30 (НУЦК „Марко Цепенков„), по што следуваат и разговорите за оваа претстава. Во неофицијалната програма, студентите од УКИМ – Скопје ќе ја изведат „ Елените проколнувањата“, дипломски испит по актерска игра на студентите во клссата на проф. м-р Ељеса Касо и демонстраторот м- р Јетким Сезаир ( Театар „ Војдан Черндрински, 23 ч.)
Грозданов