Од публика

„БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ“
Што е идентитетот? Низа проблеми.
Кои сме ние? Не знаеме.
Што сме ние? Не знаеме.
Всушност, знаеме, но не сакаме да си признаеме. Ние сме, некој помалку некој повеќе, варвари, хедонисти, сладострасници. Ние, всушност, сме ѕверови кои се јадеме меѓу себе!
Но, не сакаме да си признаеме. Иако често и повраќаме од тоа, сепак, ја вртиме главата.
Ние имаме идентитетска криза. Ние сме слепци водени од слепи водачи.
Екстравагантна сцена на погебување на Богот (Дионис) и човекот (Пентеј).
„Шлагот“ беше одличниот перформанс на крајот, кој го „видов“ и доживеав како самоубиство на идентитетот и себеничкосувањето до ниво на ѕверови. 
Во глобала, многу добра претстава на битолскиот театарски ансамбл. Навистина комплексна, можеби премногу „длабока“ и на моменти „тешка“, но одлично режирана, со прекрасна глума, сценографија … 
Ако не грешам, битолчани имаат силен „коњ“ во трката за награди на овој фестивал!

Љупче Петрески