НАВРАЌАЊЕ НА СЈАЈОТ

ПРОТИВ ПРОСЕЧНОСТА…

Да се биде просечен, а да се стреми кон ѕвездите, најмалку вулгарно кажано е – емотивно недолично! Тоа го знаел “великиот“ Салиери…Сиот живот, чија цел е злото кон другиот, во случајов насочено кон и против богомљубениот Волфганг Моцарт, се чини безвреден ако не си дел од божјата и космичка промисла…

А да бидат дeл од таа идеја се погрижија нималку просечните Сенко,со неговиот Салиери, фантастично презентирајќи го сето горенаведено,суптилно и луцидно големиот Дац, со генијлноста на Волфи, игривата, наивна и сјајна Јелена, легендарните Ацо и Илија…

А над сѐ и пред сѐ, метафизички посветениот натпросечен по својата Идеја, Златко, кој пред повеќе од две децении со режијата на “Амадеус“ во Драмски, ја потврди својата бесмртност и дел од комичноста…

Поради сево ова со НИВ го започнувам НАВРАЌАЊЕТО НА СЈАЈОТ, како вечна потврда дека овде, во Македонија, Театарот е вечно жив оган кој никогаш нема да изгасне!

со почит, Ваш

Борче Грозданов

театар Комедија ,,ЖЕНИ ПРЕД НЕРВЕН СЛОМ“ ПРЕМИЕРА: 14 мај (вторник)

Режија: Иван Лео Лемо
Кореографија: Лео Мујиќ
Костимографија: Мирјана Загорец
Сценографија: Весна Режиќ
Музика: Звонимир Дуспер – Дус

ИГРААТ:
Марина Поп Панкова
Ева Скендеровска
Кристина Ласовска
Жаклина Стевковска
Миа Кантарџиева
Жарко Димоски
Илија Илиоски
Едмонд Сотир
Дритон Вејсели
Александар Вељановски
Тони Денковски
Тино Костадиновски
Ема Давчева

Промоција “ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ 2 “ Феникс / Саем на книга Скопје

9 Мај 2019 год / Саем на книга / ВИП арена Борис Трајковси

Авторска експликација за збирката интервјуа “ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ “

СО ОВА НАЈНОВО ПИСАНИЕ, НАРЕЧЕНО “ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ “ САКАМ ДА ВИ ОВОЗМОЖАМ ЕДНА ИНТЕРАКЦИЈА, СО ИНТРОВЕРТНОСТА НА УМЕТНИКОТ, РАСПОСТИЛАЈЌИ ГО НЕГОВИОТ СВЕТОГЛЕД, ВО РАМКИТЕ НА АКТУЕЛНОТО НО И КАКО НАДМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ, ПРЕКУ ИНОВАТИВНОСТАИ МАГИНАЦИЈАТА И ТВОРЕЧКИОТ ПОРИВ ПРЕКУК ОЈ НАН НЕКОЈ НАЧИН СЕ СОЗДАВА ИСТОРИЈАТА, НО И СЕ ГРАДИ ИДНИНАТА, ЗАТОА СО ОВИЕ 40 ИНТЕРВЈУА, РАЗГОВОРИ И НЕПОСРЕДНИ СРЕДБИ, САКАМ СИТЕ НИЕ КОИ ГО ЧЕВСТВУВАМЕ ТЕАТАРОТ ДА ОСТАВИМЕ ЕДЕН БЕЛЕГ, ТОКМУ ОВ ИМЕ НА ИСТОРИЈАТА, НО И ЗАВЕШТАНИЕ ЗА ИДНИАТА…
ОПФАЈЌАЈЌИ ГИ РЕЧИСИ СИТЕ СВЕТОГЛЕДИ НА ЕМИНТНИТЕ ТВОРЕЧКИ ИМИЊА КАЈ НАС, НО И ВО ПОБЛИСКОТО И ПОДАЛЕЧНО ОПКРУЖУВАЊЕ, СМЕТАМ ДЕКА ВО ЕДЕН МАЛ ДЕЛ ЌЕ МОЖАМ ДА ПРИДОНЕСАМ, ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ГОЛЕМАТА ( НЕ САМО ) ТЕАТАРСКА СЛИКА. ЗАТОА БИ ИБЛ БЛАГОДАРЕН ДО КОЛКУ МИ ССЕ ОВОЗМОЖИ ОВИ ТЕАТАРСКИ СВЕТОГЛЕДИ ДА БИДАТ ОБЕЛЕОДЕНЕТИ.
СО ПОЧИТ АВТОРОТ

“ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ 2“ Борче Грозданов
Посветена на сите оние кои ја прават поубава сцената во прашината на театрските штици.

Поздравна реч на проф.д-р Мито Спасевски

Со провокативната „Бакхи…“ стартува 21. Фестивал на монодрама во Битола

 6 May, 2019 

Претставата „БАКХИ – краток преглед на распадот“ од Еврипид која премиерно ќе биде прикажана на 9 мај во Битолскиот театар, е во режија на еден од најактуелните театарски режисери во поширокиот регион, Игор Вук Торбица. До 13 мај во рамките на Фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 14 претстави со актери од Велика Британија, Русија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Словачка, Црна Гора, Монголија…

Со премиера на атрактивната претстава „БАКХИ – краток преглед на распадот“ од Еврипид, во режија на еден од најактуелните театарски режисери во поширокиот регион, наградуваниот Игор Вук Торбица и во изведба на актерите од Битолскиот театар, на 9 мај (20 часот) во Битола ќе биде отворен 21 Фестивал на монодрама.

До 13 мај, градот на конзулите ќе биде место на средба на професионални актери кои ја слават монодрамата како модерна театарска форма на “one man show”, а публиката ќе има можност да види вкупно 14 претстави. На сцената на Битолскиот театар ќе бидат одиграни монодрами кои доаѓаат од Велика Британија, Русија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Словачка, Црна Гора и Монголија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции.

„Ако како директор на еден фестивал кој ја слави монодрамата ме запрашате, ќе Ви кажам дека е скапоцено што мојот град Битола е запишан на светската мапа на фестивали на монодрама. Но, исто така ќе Ви кажам дека ова 21 по ред фестивалско издание ќе продолжи и покрај отсуството на очекуваната државна поддршка за ваков значаен интернационален фестивал, но затоа онаа поддршка од Општина Битола која ја добивме есенцијално многу ни значи .Тоа е храбра одлука да се впуштиме во диви води, кои ниту една брана не може да ги запре“, вели Маја Андоновска -Илијевска, директор на фестивалот и на НУ Центар за култура Битола.

Со свои настапи во рамките на фестивалот најавени се актерите Миа Беговиќ, Ксенија Прохаска, Петар Милошевски, Камил Бистрик, Слободан Маруновиќ, Бајасгалан Церендор, Димитрина Мицкоска, Јана Лазар, Маја Бежанска, Васко Мавровски, Јесим Озосој, Бобан Алексоски и Игор Ларин.

Така, веќе на 10 мај, во рамките на фестивалот ќе бидат одиграни три претстави “Куќа од стотина“ со актерот Јесим Озсој Галата, од Перформ театарот, Турција (19 часот), “Марлен Дитрих“ со актерката Ксенија Прохаска од Хрватска (21 часот) и “Дневникот на лудиот“ со македонскиот актер Бобан Алексоски (23 часот).

На 11 мај се претставите „Приказна за тркалото“ со македонскиот актер Васко Мавровски (12 ч), “Вишеград минус еден“ со Камил Бистрик од Словачка“ (19 ч), “Се што сум премолчала“ со Миа Беговиќ, Хрватска (21 ч) и “Комедијантка“ со Маја Бежанска, Бугарија (23 ч).

Наредниот ден (12 мај) на репертоарот се “Трите животи на Исидора Данкан“ од Молдавија, Забелешки на покојникот“ (Русија), “Последниот час на Његош“ (Црна Гора) и “Јас сум Едит Пиаф“ (Монголија).

Последниот ден од фестивалот ќе бидат одиграни две монодрами со македонски  актери “Женска утопија“ и „Пасија по Биби“.

Жири-комисијата е составена од славната Нина Мазур, режисерката Софија Ристевска-Петрушева, а претседател на жирито е Ментор Зумберај. Селектор на фестивалот е доајенот на македонскиот театар, актерот Петар Мирчевски.

Офф програмата на фестивалот пак, се состои од две дебати под насловот „Монодрамата, од двете страни на сцената“, концерт на групата „Фолтин“ и афтерпарти во избрани битолски кафулиња.

„Макбет“ во МНТ

Макбет – Сашко Коцев
Леди Макбет – Драгана Лошкова
Кралот Данкан – Сенко Велинов
Малколм – Дениз Абдула
Банко – Стефан Вујисиќ
Макдаф – Благој Веселинов 
Вештерка 1 – Наталија Теодосиева
Вештерка 2 – Ана Стојановска
Вештерка 3 – Ивана Павлаковиќ
Рос – Борче Начев
Ленокс – Славиша Кајевски
Ментет, Гардистот – Исмет Шабановиќ
Кетнес – Дарко Ристовски
Убиец 1 – Томислав Давидовски
Убиец 2 – Ненад Анѓелковиќ
Сиворд – Виктор Бужаров
Флинс, син на Банко – Филип Ивковски
Момче, син на Макдаф – Адриен Боирал

Коцев

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Нела Витошевиќ. Претставата се поставува според препевот на Богомил Ѓузел со адаптација на текстот од страна на режисерката Витошевиќ. Сценографијата за претставата се подготвува според замислата на Костантин Трпеноски, костимите ги креира Роза Трајческа – Ристовска, а композитор на музиката е Огнен Анастасовски.

„Претставата ’Макбет‘ е психолошка вивисекција на светот на двајца тирани, кои од преголема амбиција за власт на крајот се дават во крвта на нивните жртви. Затоа и претставата ќе наликува на кошмар во кој тиранијата го достигнува својот врв. Светот на Макбет е свет во кој злото го цица секое здраво-разумско поимање и почнува бескрупулозно да владее со мислите на поединецот. Растргнати од грижата на совеста, а во вртлогот на политичкото лудило, главните ликови го губат тлото под нозете и брзо тонат во крвта на оние кои ги убиле“, објаснува режисерката Нела Витошевиќ.

Ликот на Макбет го игра актерот Сашко Коцев, Леди Макбет е актерката Драгана Костадиновска. Во претставата со голем број ликови на благородници, три вештерки, генерали и војници играат и Сенко Велинов, Дениз Абдула, Стефан Вујисиќ, Благој Веселинов, Борче Начев, Наталија Теодосиева, Ана Стојановска, Ивана Павлаковиќ, Славиша Кајевски, Исмет Шабановиќ, Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Ненад Анѓелковиќ, Виктор Бужаров.

Човек перница – премиера ДРАМСКИ ТЕАТАР

Претставата „Човек перница“ што е правена по истоимениот текст од Мартин Мекдона ќе биде премиерно прикажана на 4 Мај, в сабота, во Драмски театар-Скопје.

Режисерот на претставата Јане Спасиќ на денешната прес-конференција вели дека текстот е еден од најинтересни и возбудливи, но и најкомплексни текстови на Мекдона во кои, како што вели, секогаш има одлични актерски улоги, како и одличен тек на настаните. Спасиќ откри дека се работи за трилер во кој писателот и неговиот брат се приведени и во кој се истражува убиството на неколку деца и поврзаноста на приказните на писателот со начинот на кој се убиени тие деца.

– Претставата се занимава со тоа колку различните наративи секој од поединецот ги разбира и како ги толкува врз база на тоа што му се случува во животот. Семејното насилство што го има во текстот е еден инструмент и двигател на приказната и на наративот. Тоа се замки што се поставени да ја држи публиката заинтересирана и едноставно претставата нуди „добро возење“, добра забава преку која се отвораат тие приказни и биографии на сите ликови и нивните болки. Секој од нас и публиката ќе има различно толкување за претставата, вели Спасиќ.

Додаде дека жанровски, овој текст би го дефинирал како трилер, трагедија со примеси на комедија.

Авторската екипа ја сочинуваат Јане Спасиќ- режија, Марко Јанев- сценограф, Фросина Стојановска- асистент на сценографија, костимограф- Ирина Тошева, музика- Дарија Андовска, дизајн на светло- Владимир Димоски, превод на текст- Горјан Милошевски и Јане Спасиќ. Улогите ги толкуваат: Зоран Љутков, Филип Трајковиќ, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Симона Димковска, Дамјан Цветановски, Анастасија Аневска и Михаил Стојановски.

Претставата овој месец ќе се игра на 11, 17 и 22-ри на мала сцена во Драмскиот театар.

Интернационален фестивал на монодрама во Битола од 9 до 13 Мај.

Ако како актер ме запрашате, ќе Ви кажам дека е потребна голема храброст, исклучителен талент и силен личен порив да се впуштите во дивите води на “one man show”.
Ако како директор на еден фестивал кој ја слави монодрамата ме запрашате, ќе Ви кажам дека е скапоцено што мојот град Битола е запишан на светската мапа на фестивали на монодрама. Но, исто така ќе Ви кажам дека ова 21 по ред фестивалско издание ќе продолжи и покрај отсуството на очекуваната државна поддршка за ваков значаен интернационален фестивал, но затоа онаа поддршка од Општина Битола која ја добивме есенцијално многу ни значи .Тоа е храбра одлука да се впуштиме во диви води, кои ниту една брана не може да ги запре.

 
Затоа ширум ги отвараме сите врати на Центарот за култура за актерите гости од сите страни на светот кои од 9 до 13 мај ќе ја слават монодрмата во Битола.

Актер….со сите свои радости и болки.
Со сите свои емоции од кои создава волшебни светови.
Со сите свои Богови и демони…со сите свои приспивки и кошмари….
Еден актер, една сцена, еден сјаен сноп светло…и крик….
Така започнува таа приказна за монодрамата.

И…..продолжува..