МОНОКЛ

професор Христо Петрески

ЗА РАСКАЖУВАЊЕТО, ПАТУВАЊЕТО И СОНУВАЊЕТО

Мал есеј за животот, книжевноста, театарот, филмот…

4.

И најдобрите раскази, и најдобрите раскажувачи се упатени кон ретките зборови, кон нивните тајни и скриени значења, треба да се најдат, да се оторнат или откопаат, за потоа повторно да се закопаат и чуваат во сопствената меморија и искуство, како аманет и тестамент.

Писателот е само еден од патниците – намерници, кој уште рано в зори тргнал кон највисоката рудина, кон најстрмната угорнина, кон најсилната светлина…

Ќе стигне ли пред другите до крајот на патот, ќе се претвори ли имагинарната цел во стварност, ете уште еден доказ, сведоштво, документ…