
Ако како актер ме запрашате, ќе Ви кажам дека е потребна голема храброст, исклучителен талент и силен личен порив да се впуштите во дивите води на “one man show”.
Ако како директор на еден фестивал кој ја слави монодрамата ме запрашате, ќе Ви кажам дека е скапоцено што мојот град Битола е запишан на светската мапа на фестивали на монодрама. Но, исто така ќе Ви кажам дека ова 21 по ред фестивалско издание ќе продолжи и покрај отсуството на очекуваната државна поддршка за ваков значаен интернационален фестивал, но затоа онаа поддршка од Општина Битола која ја добивме есенцијално многу ни значи .Тоа е храбра одлука да се впуштиме во диви води, кои ниту една брана не може да ги запре.

Затоа ширум ги отвараме сите врати на Центарот за култура за актерите гости од сите страни на светот кои од 9 до 13 мај ќе ја слават монодрмата во Битола.
Актер….со сите свои радости и болки.
Со сите свои емоции од кои создава волшебни светови.
Со сите свои Богови и демони…со сите свои приспивки и кошмари….
Еден актер, една сцена, еден сјаен сноп светло…и крик….
Така започнува таа приказна за монодрамата.
И…..продолжува..
