МОНОКЛ

професор Христо Петрески

ЗА РАСКАЖУВАЊЕТО, ПАТУВАЊЕТО И СОНУВАЊЕТО

Мал есеј за животот, книжевноста, театарот, филмот…

4.

И најдобрите раскази, и најдобрите раскажувачи се упатени кон ретките зборови, кон нивните тајни и скриени значења, треба да се најдат, да се оторнат или откопаат, за потоа повторно да се закопаат и чуваат во сопствената меморија и искуство, како аманет и тестамент.

Писателот е само еден од патниците – намерници, кој уште рано в зори тргнал кон највисоката рудина, кон најстрмната угорнина, кон најсилната светлина…

Ќе стигне ли пред другите до крајот на патот, ќе се претвори ли имагинарната цел во стварност, ете уште еден доказ, сведоштво, документ…

Нa Мите Грoздaнoв ( Никoлинa Вaсилевскa )

 

Вo 2006 гoдинa вo Дрaмски Теaтaр зaпoчнaa нaшите чести средби oткoгa ми јa дoвери глaвнaтa улoгa вo “Зaтвoр зa жени”. Дoтoгaш секoгaш беше некoј друг, некoј oд ликoвите кoи ги игрaше нa сценaтa или тaму кaдештo нaјчестo те гледaв- Мaкедoнски нaрoдни прикaзни.
Пред некoлку денa интензивнo мислев нa тебе, ги читaв пoсветите нa книгите oд Д-р Михaил Левенски штo ми ги пoдaри пoсле премиерaтa, се сетив нa сите “oпaшки” кoи oд милoст ми ги стaвaше кaкo имињa.
Секoгaш ми викaше дa oстaвaм нештo пo себе, зaштo ” Еден ден Снешке, мене кАА ќе ме немa, три децa ќе ми зaпaЉaт свеќa- фaНи дечкo, oмaжи се и рoди. Сите ќе oдЕме гoре, aмa и oвде дa oстaвЕме требЕ нешЧo”.
Или: ” Никoлинo, не ми се прaј режисер. Михaил си нaпишaл, јaс режирaм, ти си глумиш. Јaс ќе ти кaжaм кaкo и штo, не ти нa мене!”;
” Ѓурѓo, рaзлетaнa си нa сите стaни, фaни си еден пaт и терaј, живoтo е еден, млaдoстa истo aмa пoкрaткa”.
Димитријo сине Митре”- беше твoјaтa песнa, мaјкинo единче- зoштo Димитријo пoјде кaј мaјкa ти тoлку рaнo, дa oстaреше пoвеќе, бaрем уште еднaш дa се изнaсмеевме зaеднo, дa седневме зa Св. Никoлa, дa се рaспеевме, дa изглумевме уште еднa претстaвa…
Мите нa Бoрче и Бoрче нa Мите… Или Мите нa теткa Мaгде и oбрaтнo… Пoсле сите успеси и oдигрaни претстaви ти си сaмo нивен и нa двете ќерки… Сaмo тие јa нoсaт нaјгoлемaтa тaгa a ние сo нив јa делиме, штo сме делеле сo тебе и дoбрo и лoшo, и дедoвa бoлкa семејнa и рaдoст и тaткoвa среќa и тaгa… А ти oбичен, нa сите нaс, чичкo Мите oд Тaфтaлиџе, бoем желен зa песнa и зa седенкa!
Ќе ги пoмнaм и рaзбирaчките и нерaзбирaчките нaши, зaштo живoтoт нoси сЕ и нaјлoшo е Гoспoд штo ни oстaвил тaгa. Е тaa, кaкo и љубoвтa и сеќaвaњетo е вечнa.
Вечен ќе ти е спoменoт. Светлo и пoлнo дa ти е гoре и сo убaви луѓе и сo убaви песни!
Пoздрaв дo некoј следен пaт…

Никoлинa Вaсилевскa

ОД 7 ДО 15 ЈУНИ НА МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Осум претстави и за првпат – мермерна статуетка од публиката

Maj, 2019

Осум македонски претстави ќе се натпреваруваат за наградата на 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што ќе се одржи од 7 до 15 јуни во Прилеп.

Во официјалната програма се „Макбет“ во режија на Нела Витошевиќ,  во продукција на МНТ од Скопје; „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ на Драмски театар-Скопје; „На отворено“ во режија на Андреј Цветановски на Театар комедија; „Смртта на Дантон“ во режија на Дино Мустафиќ на Албански театар-Скопје; „Физика на тагата“ во режија на Милош Андоновски на Кумановскиот театар; „Бакхи-краток преглед на распадот“ во режија на Вук Торбица на Битолскиот театар; „Животинска фарма“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на Струмичкиот театар  и претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на Прилепскиот театар. Со која претстава ќе биде отворен фестивалот засега не се открива.

Годинава за првпат се воведува наградата од публиката – мермерна статуетка на Чернодрински. Важна новина е и враќањето на разговорите за претставите, т.н. разговори на тркалезната маса. Ќе се одржуваат веднаш по одигрувањето на претставата и ќе учествуваат еминентни критичари, а секако свој удел може да има и публиката, вели Катерина Коцевска, уметнички директор на фестивалот.

Во рамките на фестивалските денови ќе има и богата придружна програма со претстави на театрите што не се во официјалната програма и претстави на студентите од Факултетот за драмски уметности.

“Фестивалот ќе добие своевидна електронска верзија. Од годинава како новина, сите настани на фестивалот ќе бидат достапни на социјалните мрежи и на веб-страницата на Фестивалот. За ова веќе со месеци разговараме и го правиме тоа на начин како што прават студентите на ФДУ кај професорот Игор Венцоски“, додава Коцевска.

Добитници на наградата за животно дело се режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку.

“Зимска прикаска” премиера во пролет 21 Мај

“ЗИМСКА ПРИКАСКА”

Автор: Вилијам Шекспир
Режија адаптација на текст: Љупчо Ѓоргиевски
Препев: Драги Михајловски

ЗИМСКА ПРИКАСКА е напишана во последниот таканаречен “романтичен” творечки период од животот на Шекспир (1610-1611). Оваа драма зборува за пријателството, љубомората, човековите чувства, но и за животот и недофатливата смисла каде границата на реалноста и сонот постојано се поместува и го поставува прашањето на природата и уметноста. Оваа трагедија со среќен крај, зборува за љубомората на кралот Леонт и неговиот сомнеж дека жената го изневерува со неговиот најдобар пријател од детството, кралот Поликсен. Тоа е повод за размисла не само за комплексноста на човечката психологија, туку и за моќта на власта која својата тиранија најчесто ја испорачува спакувана како правда. И како потчинетиот да се одбрани од таквата “правда”? Како “ружа со два смешни трња или со сон”. Уметноста е единственото скривалиште каде што може да се смести и да се преживее немоќниот и да го чека моментот кога со моќниците ќе завладее покајувањето и сомилоста за тој однос да воскресне. И покајувањето и сомилоста и воскресението се длабоко вкоренети во нашата две илјади години стара христијанска цивилизација, а за тие да преживеат, Шекспир единствена надеж гледа во уметност која преку својата катарзичка моќ делува како коректив на суровата стварност.

Улоги:
ЛЕОНТ – Ефтим Трајчов Ѓаурски
ХЕРМИОНА – Марија Минчева Андонов
ПОЛИКСЕН – Пеце Ристевски
КАМИЛО – Милорад Ангелов
АНТИГОН/ОВЧАРОТ – Владимир Тулиев
ПАУЛИНА – Анѓелка Нашкова
ПЕРДИТА – Ава Хусеини
ФЛОРИЗЕЛ – Мирко Голомеов
МАМИЛИЈ – Леон Ангелов

Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Композитор: Марјан Нечак

’Макбет‘

Магбет исто така е позната како “Шкотска претставата” и е една од најкраткиот и најпознатите крвава трагедија на Вилијам Шекспир.

Таа веројатно е напишана во 1606, на почетокот на владеењето на Џејмс I, кој беше Џејмс VI од Шкотска пред тоа тој успеа да се врати на англискиот престол во 1603. Џејмс бил покровител на театар на Шекспир, и сите драми на Шекспир пишувани за време на владеењето на Џејмс I. Фокусирајќи се на Магбет, лик од историјата на Шкотска, Шекспир му оддаде почит на кралот на Шкотска гранки.

Макбет не е најсложената театарска претстава на Шекспир, но секако е една од неговите најмоќни со емоции. Додека во другите поголеми трагедии на Шекспир (како Хамлет и Отело) тој ги истражуваше софистицирани интелектуална ситуација со кои се соочуваат нивните “добари“ карактер со сите нијанси на нивните. Магбет паѓа во лудило, од почетокот до крајот. Ова е остар, скица од теми и карактер, и како такви, тие се шокирани и ја фасцинираат публиката речиси четиристотини години.

„Претставата ’Макбет‘ е психолошка вивисекција на светот на двајца тирани, кои од преголема амбиција за власт на крајот се дават во крвта на нивните жртви. Затоа и претставата ќе наликува на кошмар во кој тиранијата го достигнува својот врв. Светот на Макбет е свет во кој злото го цица секое здраво-разумско поимање и почнува бескрупулозно да владее со мислите на поединецот. Растргнати од грижата на совеста, а во вртлогот на политичкото лудило, главните ликови го губат тлото под нозете и брзо тонат во крвта на оние кои ги убиле“

Јана Лазар од Молдавија победник на ИФ на монодрама „Битола 2019“

Т

Актерката Јана Лазар од Молдавија е победник на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2019“

Монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан“ работена според текстот на Зиновиј Сагалов, во режија на Марија Паљницкаја, која пред битолската публика ја изведе Јана Лазар, според меѓународното жири остави најдобар впечаток и едногласно одлучи да ја доделни наградата Гран При.

Според востановената традиција, на феsтивалот на монодрама, жирито додели и награда за најдобра режија, а ја доби режисерката од Бугарија Невена Митева за монодрамата „Комедијантка“. Наградата за најдобар актер жирито му додели на Игор Ларин од Русија за монодрамата „Забелешка на покојникот“, додека награда од публиката доби монодрамата „Сé што сум премолчела“ во изведба на актерката Миа Беговиќ од Хрватска.

Премиера на „Арапска ноќ“ во Прилепскиот театар


Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вечерва, во 20 часот на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Арапска ноќ“ од Роланд Шимелфениг во режија на Зоја Бузалковска.

Дејството во претставата „Арапска ноќ“ се случува во еден европски град, на седмиот кат од една станбена зграда, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Со текот на времето, зградата се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“. Елементите на трилер (низа стапици, недоразбирања, бркотници, ненадејни пресврти, убиство, љубовен триаголник – кој можеби и не е тоа) ја градат неизвесноста, а приказната која почнува така што се чини дека секој од ликовите дејствува сам за себе, полека ги пополнува испрекинатите линии и добива на тензичност и густина.

Бузалковска, која по осум години ја обновува соработката со прилепскиот ансамбл вели дека станува збор за специфичен автор со специфичен израз, со еден нетипичен стил.

„Станува збор за текст кој сакав одамна да го поставам на сцената. Прилепскиот театар досега докажал дека е подготвен на авантури. Во некоја смисла на театарски експерименти и на посмел одговор на она што се прави. Пет актери играат во претставата. Раскажувањето ја движи приказната, а од друга страна, зборува за најсовремени актуелни теми, од современото, урбано живеење. На претставата и дадовме една музичка димензија која може да биде своевиден концерт и се гради драмско-музичка структура. Текстовите на овој автор се повеќе прашања и загатки кои ние се обидовме во оваа претстава да ги отвориме“, вели Бузалковска на која ова и е и прва соработка со групата Фолтин.

За актерите од прилепскиот ансамбл, предизвик е да се работи со режисер кој експериментира. „Бузалковска е режисер кој сака да експериментира и за нас, актерите, секогаш тоа е предизвик. Во секој проект има нов пристап. Таа експериментира со текст кој е многу тежок за поставување“, вели актерот Димитар Ѓорѓиевски.

Во претставата „Арапска ноќ“ играат: Игор Трпчевски, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски. Сценографијата и костимите се на Јулијана Војкова-Најман, музиката е на групата Фолтин, а драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.

Во Велешки театар „Злосторство на 21 век“


Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, утревечер (16 мај) премиерно ќе биде изведена претставата „Злосторството на 21 век“ според текст на Едвард Бонд, а во режија на Владимир Милчин.

Режисерот Милчин, кој првпат режира во велешкиот театар, за Едвард Бонд вели дека неговата пиеса довела да се укине цензурата, а тој со своите дела е провокативен и актуелен со проблеми што го мачат човештвото на целата Земјина топка.

Според Милчин, станува збор за англиски драмски писател и театарски режисер кој многумина го сметаа за еден од најважните живи драмски автори, кој отсекогаш бил и останува контроверзен поради насилството прикажано во неговите пиеси и радикалноста на неговите ставови за модерниот театар и општеството. „Една катастрофа е екологијата, а другата одземање на слободата, правата и терор и тоа што на луѓето им ја одзема човештината, а пеколот напредува и ја јаде Земјината топка и ги јаде луѓето“, вели Милчин.

Во претставата играат Маја Љутков, Талија Настова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски. Костимографијата е на Марија Пупучевска,  музиката на Марјан Неќак, а сценографија на Крсте С. Џидров.

На 16 мај премиера #ТикTак# во режија на Синиша Евтимов

Современата комедија „Мој термин“ (претходно најавена со работниот наслов #ТикТак) премиерно ќе биде изведена на 16 мај, во 20 часот, на малата сцена во Македонски народен театар. Претставата е поставена по мотивите на филмското остварување „TOC TOC“ (Trastorno Obsesivo Compulsivo во превод од шпански јазик означува Опсесивно-компулсивно нарушување) на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Виcенте Виљануева, а во режија на Синиша Евтимов. Преводот на текстот во направи Благоја Бошковски, додека на адаптацијата на истиот работеа Синиша Евтимов и Благоја Бошковски.

Во претставата играат Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски.

Главното дејство во „Мој термин“ отвора повеќе прашања поврзани со опсесивно-компулсивните нарушувања, како хронични нарушувања карактеристични по обземачките несакани мисли (опсесии) и ритуализираните повторливи однесувања (компулсии), кои ви се чини дека сте принудени да ги направите. Изведувањето на ритуалите најчесто не носи никакво задоволство, а, сепак, тие нудат минливо олеснување за немирот генериран од обземачките мисли.

Во авторската екипа за визуелно обликување на претставата се сценографката Илина Ангеловска, костимографот Александар Ношпал и дизајнерот на маските – Горан Игњатовски. Извршен продуцент е Виктор Рубен, инспициент е Никола Кимовски, а суфлер е Тања Ивановска.

Фотографиите ги направи Кире Галевски, додека дизајнер на плакатот е Димитар Димитров.

Првата реприза на претставата е на 17 мај, а следните изведби се на 27 и 29 мај. Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалниот веб-сајт и ФБ-страницата на Македонски народен театар.

Поради експлицитните реплики кои се употребени во текстот, претставата е наменета за возрасна категорија +18.

Со почит,

Филип – Јордан Симонов
Бела – Тања Кочовска
Ото – Оливер Митковски
Воскресија – Николина Кујача
Столе – Александар Микиќ
Лилјана – Сашка Димитровска
Силва – Александар Михајловски

ТДМ „Том Соер„ ПРЕМИЕРА 15 мај 2019

Сите знаат херојот наш кој е….“
Кое дете не мечтае да биде херој како оние од книгите, филмовите, цртаните серии? Кое дете не
сака макар на ден да порасне во очите на тие околу него и да го добие нивното признание?
Ова е претстава за „малиот голем човек“ Том Соер, херојот на измисленото гратче Сејнт
Питерсбург во Америка. Тој со помошта на својата остроумност и пргавост и се разбира, со
помошта на своите пријатели Хаклбери Фин и Бен Роџерс, успева: да ја бојадиса оградата без да
помрдне ниту прст, да ја заведе Ејми Лоренс, да ја освои убавата Беки Тачер, да го спаси од
бесилка Маф Потер, да го надмудри Вајлд Џо и да го спаси богатството на вдовицата Даглас, кое
ќе биде искористено за да се изгради дом за деца без родители. Со тоа, нашиот симпатичен херој
ја добива наклоноста на Тетка Поли, Сид, Шерифот и неговиот помошник Џеремаја, Судијата
Тачер, како и на целото гратче Сејнт Питерсбург.
Том Соер е идол на генерации на деца кој не потсетува дека во секој од нас лежи еден херој и
дека се што треба за да го разбудиме е да веруваме во себеси. Се надевам дека претставата ќе ве
натера да поверувате во тоа.

(Деан Дамјановски, режисер на претставата)

Режија: Деан Дамјановски

Драматизација: Горјан Милошевски; Сценографија: Филип Коруновски ; Костимографија: Елена Вангеловска; Музика: Горан Трифуновски – Пајак

Актери:

Бојан Кирковски – Том Соер

Мики Анчевски – Хаклбери Фин

Драган Довлев – Марк Твен/Судијата Тачер/ Доктор Робинсон

Емра Куртишова – Беки Тачер

Мартин Јорданоски – Вајлд Вајлд Џо

Ненад Митевски – Маф Потер 

Винета Дамческа – Тетка Поли

Симона Спировска – Сид/Обвинителот

Наташа Петровиќ – Еми Лоренс/Шерифот Јанг

Марија Ѓорѓијовска – Бен Роџерс/Џеремаја/Дух

Инспициент: Ѓуро Дракулоски

Изработка на реквизита и перики: Кирил Василев 
Изработка на костим: Љубица Велкова и Раде Василев
Фотографии на рекламен материјал: Драгољуб Николовски 
Дизајн на плакат и боенка: Филип Коруновски
Тон мајстор: Ангел Насковски и Владимир Стефановски
Светло мајстор: Оливер Ставрев и Мартин Митровски
Шминка: Игор Петрески
Декоратери: Јовица Видески, Бујамин Селими и Мирсат Камбери, Драган Силјановски