Славенски

Како режисер, секогаш интересен соговорник. Тој говореше и на тема политика како сериозно занимање, политиката присутна во секоја куќа како облик на политиканство.

Ви пренесуваме дел од разговорот:

-Само за тоа се зборува, дали е на некоја куќна слава или после премиера, веднаш се гледа политичкиот агол. И при тоа, политиката како област, која е сериозно занимање, кај нас е политикантство или застапување на некакви страни. Кај нас се обично две ригидни страни и од чија страна си, се читаат по делата – дали си го земал ова дело, дали си работел таму…, изјави Славенски.

Според него, уметниците се наизглед најмногу навлезени во политиката, но всушност и другите професии се до гуша навлезени, само за да преживеат.

-Уметникот мора да има и некаква поинаква одговорност, бидејќи е… се вели дека е јавна личност. Тоа е многу измешано кај теоретичарите, дали етиката и естетиката одат рака под рака, дали моралноста и убавото во уметноста треба да имаат знак равенство. Сепак, не познавам уметничко дело што е клучно за светската цивилизација кое зад себе не ја има вистината, рече Славенски.

Златко Славенски / 1966 – 2019/

Посмртните останки на театарскиот и филмски режисер и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Златко Славенски ќе бидат изложени на 10.04.2019 година (среда), од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, а потоа ќе биде погребот.

            Комеморацијата ќе се одржи на 11.04.2019. (четврток), во 12 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Златко Славенски е роден на 08.08.1966 година, во Скопје, каде завршува основно и средно образование. Во 1986 година се запишува на редовни студии на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Во потрага по задоволување на својата потреба да се занимава со режија, во 1988 година ги прекинува студиите и оди во Велика Британија, каде во Лондон се запишува на студии по филмска режија на познатата филмска школа London International Film School (LIFS).             Поради стопирање на државната стипендија (во почетната фаза на распадот на СФРЈ), во 1990 година го прекинува студирањето во Лондон и се враќа во Македонија, каде истата година се запишува на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за интермедијална режија, во класата на проф. Слободан Унковски и проф. Столе Попов, диполомирајќи во 1994 година. Исто така, паралелно продолжува со прекинатите студии од Општа и компаративна книжевност, каде дипломира во 1993 година.

            Во 1997 г. му отпочнува и академската кариера, вработувајќи се на Факултетот за  драмски уметности – Скопје,  како помлад асистент. Во 2016 година е избран во звање редовен професор.

            М-р Златко Славенски е режисер  на голем број театарски  проекти, па се до денес има реализирано повеќе јавно изведени театарски проекти како што се „Безљубни“, „Сината птица“; „Инфинити“ „Кафкаски круг со креда“, „Соларис“, „Супернова“, „Бесови“, „Визија“, „Времеплов“, „И коњите ги убиваат, зарем не?“, „Побрзи од светлината“, „Спиро Црне“, „Летот на пчела околу една калинка, неколку секунди пред будење“, „Троил и Кресида“, „Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, „Амадеус“, „Злосторство и казна“, „Пречистување“, „Време за сонување“, „Казабалкан“, „Будење на пролетта“, „Пер Гинт“, „Собрани дела на Вилијам Шекспир“, „Папокот на светот“ и други.

            Во текот на својата кариера има добиено голем број награди: награда за најдобра претстава на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за претставата „Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, награда на ревијата Екран за најдобра претстава „Амадеус“, награда на весникот Нова Македонија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата Будење на пролетта, награда на весникот Нова Македонија за најдобра претстава на Фестивалот Охридско лето, за претставата Пер Гинт и многу други.

            Покрај ова, неговите претстави се изведуваа во театри низ целата држава, а како режисер, во неговиот опус има и бројни корпоративни видеа.

Автор е на книгата „0,1 – Краток вовед во бесконечноста“.

            До крајот на овој семестар, м-р Златко Славенски требаше да го одбрани докторскиот труд на тема „Адаптација на драма во филмско сценарио“ и да се стекне со звање Доктор по уметности.

Златко Славенски / Комеморацијата четврток (11.04.2019) во 12:00 ФДУ Скопје

Почитувани, 
Погребот на нашиот драг професор, режисер и колега Златко Славенски ќе се одржи во среда (10.04.2019) во 13:00 на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Комеморацијата по повод неговата прерана смрт ќе се одржи во четврток (11.04.2019) во 12:00 на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Владанка Димовска: Не учеше да летаме кога се обидувавме да ползиме, да се раскрилиме и да сонуваме. Сонот да ни стане јаве! Секогаш театарот да биде наше место на откривање нови светови, и секој ден да се трудиме да бидеме подобри луѓе, оти тоа е најважно – да бидеме луѓе. Да бидеме свои, да не правиме компромиси во уметноста, да создаваме нови правци, да направиме нешто големо, да се трудиме колку можеме со сите сили да се бориме за театарот. Не знам професоре дали ќе успееме во тоа, но едно знам денеска изгубивме некој кој знаеше како се сонува и како се верува. 
Си замина тивко во вечноста, кај звездите ” во таа земја не откриена од која не се вратил ниту еден патник” . Ти благодарам за целата светлина што не себично ни ја даваше, свети горе, силно најсилно. Со својата светлина осветли го бескрајот! Почивај во мир, вечна слава професоре!

Последниот најдолг аплауз во солзи за Билјана Беличанец – денес воДрамски

Духовите на Драмски го слават твоето доаѓање во бесмртните…

Биле моја, кога дојде од Прилеп во Драмски театар, јас те пречекав на оваа сцена. Игравме заедно во „Заводникот од западниот свет“. Бевме главни партнери кај нашиот Горан и еве Биле јас те испраќам сега од оваа сцена. Не е фер, затоа што требаше уште многу да работиме, јас и ти и твојата весела дружина. Билјана, ти никогаш нема да бидеш во минато време, секогаш ќе бидеш овде присутна. Оние што добро те познаваат Биле, знаат дека си голем човек, имаш огромно срце, огромна душа и за себе и за сите нас. Несебично ни помагаше и на сцената и во приватниот живот. Кажав еднаш, кажав пак и ќе го тврдам тоа, ти никогаш не играше, не глумеше на сцената, ти живееше овде. Бескрајно талентирана, ѕвер од актер и ангел од човек. Многу те сакаме сите. И кога не беше тука, кога не си присутна на некои претстави, редовно те спомнувавме. И сега секогаш ќе бидеш присутна. Твоето име никогаш нема да згасне, рече низ солзи актерот Дејан Лилиќ на денешната комеморација во Драмски театар во чест на прерано починатата актерка Билјана Беличанец.

Овој театар има духови кои нè гледаат во секој момент кога сме на сцената. Тие ни ја даваат енергијата кога ни е најпотебно. Тие лебдат тука некаде и не туркаат да продолжиме кога ни е најтешко. Аурата на Драмски, за жал, се збогати со уште еден суптилен, нежен и преубав дух кој ќе биде присутен за идните генерации. Тука е духот на татко ми Стево, Ненад, Ацо, Нада, Ванчо, Бранко, Крум, Дади, Горан…Овде се некаде и сега го слават твоето доаѓање како бесмртник. Но, што да правиме ние? Нè остави збунети и во бескрајна болка. Не остави да замислуваме што уште можеше да направиш на сцената. А сцената беше твојот живот. Ова не е фраза. Ти, едноставно беше Билјана Беличанец. Многу луѓе ми изразија сочувство за твоето заминување. Зошто баш мене, си реков? Веројатно затоа што на оваа сцена ти беше мојата Кинегонда, мојата Сара, Цвета, Сузана, мојата Билјана Беличанец, рече Дац.

Стојан Дамчески од името на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп се прости од Беличанец.

Веднаш по диполомирањето, на взаемно задоволство и радост таа стана член на нашиот ансамбл. Тоа беше смела одлука на млада актерка, но истовремено тоа беше и дел од една мисија, порака којашто заедно сакавме да им ја упатиме на младите диполомирани актери, да не чекаат пред вратите на скопските театари, туку да дојдат во внатрешноста и да го покажат она што го носат во себе и она што го стекнале за време на студиите. Ти Билјана, за кратко време во нашиот театар реализира девет премиери, одигра шест главни улоги и три насловни ролји, Медеја, Албена и Пинокио. Одигра повеќе од 200 претстави со што остави длабока и неизбришлива трага во историјата на нашиот театар. Прилепската публика никогаш нема да те заборави. По нецели три години, дојде разделбата. Но, таа не беше тажна и болна, како што е оваа сега. Тоа беше разделба за продолжување на твојот успешен пат, кон остваување на твојот сон. Билјана, ние сме горди што беше дел од нашиот ансамбл, но неизмерно сме тажни сега кога те загубивме засекогаш, рече Дамчески.

Последната претстава Беличанец ја одиграла на 8 март годинава, како Ема во претставата „Љубовници“ во режија на Катерина Коцевска.

Последната претстава требаше да ја одиграш во 2069. Ова не е природно. Збогум моја Ема, збогум моја Биле“, рече Коцевска.

Почина режисерот Златко Славенски

Македонскиот режисер и драматург Златко Славенски почина денеска ненадејно во Скопје.

Славенски беше вработен како професор на Факултетот за драмски уметности. Тој е роден во Скопје во 1966 година. Почина 08.04.2019 Скопје,

Неофицијално, на Славенски му се слошило за време на час со студентите.

Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.

Режисерот потпиша бројни театарски претстави како „Соларис“, „Супернова“, „Папокот на светот“, „Бесови“ “ Сината птица “ “ Кавкаски круг со креда “. Беше познат по неговите обиди да ги преиспитува границите на театарот како медиум.

ИНТЕРВЈУ СО БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ, АКТЕРКА ДОБИТНИК НА НАГРАДА НА МТФ ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИИ

 Не сум слепо послушен актер!

27 јуни 2012

Деструкцијата е последица на некаква состојба… Јас сум од оние кои сакаат да градат, да создаваат, па макар и тоа да е лик кој е од светот на имагинацијата, лик кој е сочинет од “зборови”…Сакам да поверувам, да се препуштам. Да се “,разоружам”, за да се “,наоружам” и да “,пукам”, на сцена. Иако се случувало и да не сум била доволно залажана, заведена…, вели за својата вокација и определба, Беличанец-Алексиќ

Во контекст на лудилото што го носи Сара, колку е тоа природно, достапно и пристапно денес?

– “Лудилото”, како емотивно-душевна состојба, е присутно постојано секаде и кај секого. Прашањето е дали е испровоцирано да се појави на виделина и ШТО е тоа што може човека да го доведе до степен на вриење, па да заборави на се. Да ги помести или избрише “,границите”, на своето однесување-дејствување. Да го пречекори прагот и да влезе онаму каде има само една врата, која е невидлива и треба да се пронајде, да излезе и да го најде мирот во себе.

Колку Билјана како човек успешно се справува со деструкцијата во овој контекст?

– Деструкцијата е последица на некаква состојба… Јас сум од оние кои сакаат да градат, да создаваат, па макар и тоа да е лик кој е од светот на имагинацијата, лик кој е сочинет од “зборови”. Мојот порив е да го оживеам барем на сцена, во некое време, кое го нема, а го има се додека трае една претстава. Па дури и да конструирам нешто што е дел од деструктивното.

Дали и колку ја користиш приватноста на сцена или, пак, успеваш до крај да се справиш со дистанцата, што ја носи релацијата сцена – живот?

– Уживам да се соочувам сама со себе и се уште да се истражувам. Отсекогаш сум си фрлала ракавица за да си излезам сама со себе на двобој. Тоа е оној процес кога нешто бараш, кое не ти е спознаено, за да тргнеш од некаде, градејќи еден лик. И во таа потрага, некогаш е доволно само “,зрнце”, кое ќе ти се чини дека може да е зародишот на една нова состојба, која ТИ досега и не си ја искусил. Но ќе сториш СЕ, за да изгледа како да ја живееш и постои. Тоа ти е како научна студија до која доаѓаш истражувајќи во лабораторијата-ТЕАТАР.

Зависи ли таа дистанца и од режисерите или колку си послушен професионалец на сцена?

– Дистанцата е “црвеното сијаличе”, кое кај секој актер индивидуално функционира и е независно од режисерите. Но, секако, како и секој актер така и секој режисер се обидува со различни театарски алатки да се користи, правејќи една претстава. Но заедничката алатка на режисерите им е “верната манипулација” – обидот умешно да не заведат нас актерите, како би поверувале во идејата. Слепо-послушен актер не сум, но СУМ искрено-послушен!!! Сакам да поверувам, да се препуштам. Да се “,разоружам”, за да се “,наоружам”, и да “,пукам”, на сцена. Иако се случувало и да не сум била доволно залажана, заведена…

Често се говори на темата – Актерот кој мисли на сцена, колку такви актери постојат?

– А замисли да не мислат? Ние не сме муви па да летаме по сцената каде ветрот ќе не разнесе. Но, ако се однесува на онаа старата: “Не треба актерот да е многу паметен за да е добар, доволно е да е талентиран и да го прави она што се бара од него”, ја имав слушнато, некогаш, одамна… Тоа време умре, го нема, не постои! Сите ние сме, пред се, личности со свои сознанија, емоции, ставови… Секој гласно изговорен збор на сцена, мисла како поттекст, секое движење на телото, треба да е доведен до таму, за да остави причина да се толкува. Како инаку во ова брзо време, би биле забележани, па дури и запаметени?

Се добива впечаток дека те нема многу на филм, ти недостасува ли камерата?

– Ме нема ИЧ! Оние ситни, мали кадри до сега, не се ни за броење. Секако, дека ми недостасува. Дури се плашам да не почнам во себе да се сомневам, да не треба нешто да коригирам во изгледот… се шегувам! Факт е дека за овие осумнаесет години професионален ангажман, состојбата на тоа поле варираше во нашава држава. Кога бев млада и убава (ха, ха, ха) филмови не се снимаа. Сега, кога сум подостарена, а се снима, им требаат млади и убави. И ете, сега чекам да остарам и за тогаш да се надевам, кога моите брчки по лицето ќе говорат повеќе пред објективот. За филм кај нас треба и малку среќа. А мене досега не ми се посреќило.

Твојот неспорен радиофоничен глас го користиш и за синхронизација. Некои го оспоруваат овој вид актерски израз во смисол на креативност. Успеваш ли да ги креираш ликовите кои ги синхронизираш?

– Се сеќавам на времињата во Русија странските филмови беа покривани со спикер, кој ги читаше сите ликови и тоа на еден тон, со една боја, онака спикерски. Тоа денес, покрај синхронизациите, можете да го сретнете се уште во Бугарија. Но се сеќавам, уште како дете, кога одев во Германија, го слушав-гледав Џон Вејн, како зборува на германски. Во Франција, пак, Дастин Хофман, на француски… Последниве години кај нас се појави едно ново поле за професионален ангажман за нас актерите. И не гледам што е спорно, иако јас уште од ’97 г., веќе синхронизирав цртани филмови на МТВ. Ако може Антонио Бандерас да го чита-игра мачорот во “Шрек” и уште една цела плејада оскаровски актери, зашто ние па да не? А што се однесува до индивидуалното креирање, тоа е можно само во дадените рамки за да не се наруши веќе создаденото.

Наградите – вистинска верификација или само сатисфакција?

– На почетокот сатисфакција, а сега веќе и сатисфакција и верификација.

Борче ГРОЗДАНОВ

Кинегонда на Венко замина!

Писателот,поет и есеист Венко Андоновски напиша емотивни стихови со посвета на актерката Билјана Беличанец, која сношти се самоуби во својот дом во Скопје. Во нив, тој вели дека Билјана не умрела, туку само се лизнала. “Камена,а стаклена и дребна, ја нарече Беличанец Андоновски во песната.               

Рекоа за Беличанец

 Ве плаши ли крајот? Ве плаши ли смртта?
Билјана Беличанец: Не. Факултетот по глума многу ми помогна да се запознаам себе си. Моето верување е дека не треба да плачеме кога човекот умира, ами треба да го исплачеме кога ќе се роди. – Билјана Беличанец во прекрасниот разговор на тема: „Другата страна на животот“ што го правевме во емисијата „Пулс“ на ТВ Алфа, 2010 година
Почивај во мир!

Васил Зафирчев / актер

Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет. ❤

Сашо Тасевски / актер 

Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам., рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра.

Весна Петрушевска / актерка

Почивај во мир драга моја Беличанец🙏🙏🙏❤️❤️❤️
Не сакаше социјални мрежи и ги презираше.Денес сите се стручни за депресијата(патем најжестоки емоции, па некаде прочитав дека “модерно” било, бог да чува), сите си поигруваат што се случило и секој има своја теорија.Болно, тажно…што би рекла ти :”Весне , најважно е да не си ставаш бигор на душата..”
Не се послуша себеси ….тешко, многу тешко….

Горан Марковски / гледач

Кога ќе си замине драга личност од твоето детство, заминува и дел од тебе…
Беше една од најубавите, најталентираните и најмилите актерки кои некогаш зачекориле на македонската сцена!
Пленеше со својот поглед, а уште повеќе со својот уникатен и премил глас кој внесуваше топлина во детските срца уште во најраните години. Најпрво како Туфи од “Здраво Генијалци” а потоа и со надсинхронизацијата на Палешка и Хајди и многу други омилени цртани ликови во “Најубавите бајки на светото”.
Безброј театарски претстави, Тв емисии, серии и филмови – секогаш единствена и приметлива!
Денес Македонија се поклонува пред твојот голем актерски талент, шармот и убоста!
Нема никогаш да те заборавиме и ние што те познававме само покрај малите екрани!
Последен аплауз!
Горан.

Емилија / актерка

Кога се вработив во Драмски, ми пријде почна да ме гушка и да ми вели, добредојде мила, во ФАМИЛИЈАТА. Сето ова е толку веќе небитно, кога ќе изгубиме некој… но многу ми е драго, што последниот пат кога те видов, беше пресреќна. Ко пеперутка.
И јас така ќе се сеќавам на тебе.
Денес, сме сите тажни. Сите твои фамилии. Твоето семејство, Драмски, сите твои пријатели, сите твои фанови. Тага.
Почивај во мир.

Роберт Вељановски

Само смртта може да биде посурова од вистината!Замина една голема македонска актерка!Почивај во мир Билјана Беличанец!
💔

ЛОЛИТА – ВЛАДИМИР НАБОКОВ


Влади́мир Влади́мирович Набо́ков (објавувал дела и под псевдонимот Сирин10 април (22 април1899Санкт-ПетербургРуска империја — 2 јули 1977МонтроШвајцарија) — руски и американски писателпоетпреведувач, книжевен публицист и ентомолог.
Набоков бил космополитски руски емигрант кој со извонредното познавање на неколку јазици, ерудицијата и контроверзната проза станал еден од најпознатите и најценети книжевници на 20 век. Самиот Набоков за себе рекол:

Во неговото литературно творештво се вбројуваат стотини поеми, десетици новели, драми, преводи од руски и англиски, литературни критики и есеи. Под влијание на класичната руска и современите европски литератури пишува романи во кои низ многу фантазија и хумор ги спротивставува традиционалниот и модерниот систем на вредности. Поради безобразното отсликување на сексуалниот живот на своите јунаци, сврзуван е и меѓу порнографските писатели. Од дваесетте негови романи, ремек-дела се ,,Дар‘‘, напишан на руски и објавен во 1938, потоа ,,Лолита‘‘ од 1955 и ,,Блед оган‘‘ од 1962 на англиски. Ја објавил и една од најдобрите автобиографии на англиски јазик — ,,Speak, Memory‘‘. Исто така, тој напишал и многу стручни статии за пеперуги.

Меѓутоа, светската слава ја стекнал дури во 1955 со објавувањето на романот ,,Лолита‘‘. За популарноста на романот со тема за опседнатоста на еден средовечен маж со 12 годишно девојче придонел и филмот во режија на славниот режисер Стенли Кјубрик, со Џејмс МејсонШели Винтерс и Сју Лајон. Новата верзија, како своевиден вовед во 100-годишнината од раѓањето на авторот, ја остварил во 1997 Адријан Лине со Џереми АјронсомМелани Грифит и дебитантката Доминик Свајн. Популарноста на главниот лик била таква, што самиот поим Лолита, девојче на прагот на созревањето во жена, станал дел од секојдневниот говор.

Набоков за Лолита/Поговор

Во 1956 година Набоков напиша поговор за Лолита. Една од првите работи кои ги мисли дека треба да ги каже е дека и покрај изјавата на Џон Реј Џуниор во предговорот приказната нема поука. Набоков додава дека „почетната треска од инспирација“ за Лолита „на некој начин беше предизвикана од приказна во весник за мајмун во Градината на растенијата кој по месеци убедувања од страна на еден научник ја создаде првата слика нацртана со јаглен од животно. Оваа скица ги покажа решетките на кафезот на кутрото суштество. Ниту статијата, ниту цртежот беа надоместени.

Како одговор на еден американски критичар кој ја карактеризираше Лолита како снимка на „љубовната афера на Набоков со романтизмот“ Набоков пишува дека замената на англискиот јазик со романтизмот би ја направил оваа елегантна формула поисправна. Набоков го завршува поговорот со рефернца за неговиот мајчин јазик, кој го напушти како писател кога се пресели во САД во 1940 година: „Мојата приватна трагедија, која не може, и навистина не би требала да биде ничива грижа е дека јас морав да го напуштам својот мајчин идиом, мојот неограничен покорлив руски јазик за просечен англиски“.

Оценување[уреди | уреди извор]

Набоков високо ја оцени книгата. Во едно интервју за Би Би Си изјави:

„Лолита е мој посебен фаворит. Тоа е мојата најтешка книга – книга која обработуваше тема која е толку далечна,од мојот личен емоционален живот што ми направи посебно задоволство да употребам мојот комбинирачки талент за да ја оживеам.“

Една година подоцна во интервју за Плејбоj рече:

„Никогаш нема да се покајам за Лолита. Таа е како композиција на прекрасна сложувалка. Нејзина композиција и решение во исто време. Секако дека таа потполно ги засени моите други дела – барем оние кои ги напишав на англиски Вистинскиот живот на Себастијан Најт и Бенд Синистер, моите кратки приказна, мојата книга на реколекции, но не можам да ѝ судам за тоа. Постои некој чуден, нежен шарм кај митската нимфета.“

Истата година во интервју за Лајф Набоков го прашаа кое од неговите дела му причинило најголемо задоволство. Тој одговори:

„Би рекол дека од сите мои дела Лолита ми остави најзадоволувачки одсјај, можеби затоа што е најчистата од сите, најапстрактна и внимателно создадена. Јас сум најверојатно одговорен за тоа што луѓето повеќе не ги крстуваат своите ќерки Лолита. Сум чул за млади пудлици на кои им е дадено тоа име по 1956, но не и за човечки суштества“.

Билјана Беличанец – Алексиќ

(25 јули 1973,  07. 04. 2019 Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работи во Народен театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп (1994-1997), а од 1997 година е во Драмски театар Скопје. Од 2013 година ја извршува функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Селективна театрографија: Маргарет Флаерти (Заводникот од западниот свет, 1997); Сузана (Свадбата на Фигаро, 1998); Софија Јегоровна (Платонов, 1999); Клариса де Бисоњози (Арлекин – слуга на двајца господари, 1999); Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ерика Брукнер (Мефисто, 2000); Маре (Тетовирани души, 2001); Мувата Ѕунѕарка (Како се станува цар, 2003); Дона Естрела(Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Наталија Ивановна (Три сестри, 2004); Ангустија (Домот на Бернарда Алба, 2004); Хелен (Жив чоек/ Everyman, 2004); Старицата (Демонот од Дебар Маало, 2006); Донка (Македонски рулет, 2007); Ана (Комшилук наопаку, 2007); Велика (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008); Кинегонда/ Малечката/ Службеничката (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Управничката (Грев или шприцер, 2011); Сара (Генетика на кучињата, 2012); Ифигенија од Македонија (Архелаос или Еврипид се враќа дома, 2012); Ема (Љубовници, 2015). Крал Иби 2019/

Селективна филмографија: Мајки (2010); Од денес до утре (2010).

Награди: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Медеја во претставата„ Медеја“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1996); Награда за најдобар млад актер на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС), за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“ (Сараево, 2000); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012).