Златко Славенски / Комеморацијата четврток (11.04.2019) во 12:00 ФДУ Скопје

Почитувани, 
Погребот на нашиот драг професор, режисер и колега Златко Славенски ќе се одржи во среда (10.04.2019) во 13:00 на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Комеморацијата по повод неговата прерана смрт ќе се одржи во четврток (11.04.2019) во 12:00 на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Владанка Димовска: Не учеше да летаме кога се обидувавме да ползиме, да се раскрилиме и да сонуваме. Сонот да ни стане јаве! Секогаш театарот да биде наше место на откривање нови светови, и секој ден да се трудиме да бидеме подобри луѓе, оти тоа е најважно – да бидеме луѓе. Да бидеме свои, да не правиме компромиси во уметноста, да создаваме нови правци, да направиме нешто големо, да се трудиме колку можеме со сите сили да се бориме за театарот. Не знам професоре дали ќе успееме во тоа, но едно знам денеска изгубивме некој кој знаеше како се сонува и како се верува. 
Си замина тивко во вечноста, кај звездите ” во таа земја не откриена од која не се вратил ниту еден патник” . Ти благодарам за целата светлина што не себично ни ја даваше, свети горе, силно најсилно. Со својата светлина осветли го бескрајот! Почивај во мир, вечна слава професоре!