
Ве плаши ли крајот? Ве плаши ли смртта?
Билјана Беличанец: Не. Факултетот по глума многу ми помогна да се запознаам себе си. Моето верување е дека не треба да плачеме кога човекот умира, ами треба да го исплачеме кога ќе се роди. – Билјана Беличанец во прекрасниот разговор на тема: „Другата страна на животот“ што го правевме во емисијата „Пулс“ на ТВ Алфа, 2010 година
Почивај во мир!
Васил Зафирчев / актер
Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет. ❤
Сашо Тасевски / актер
Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам., рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра.
Весна Петрушевска / актерка
Почивај во мир драга моја Беличанец???❤️❤️❤️
Не сакаше социјални мрежи и ги презираше.Денес сите се стручни за депресијата(патем најжестоки емоции, па некаде прочитав дека “модерно” било, бог да чува), сите си поигруваат што се случило и секој има своја теорија.Болно, тажно…што би рекла ти :”Весне , најважно е да не си ставаш бигор на душата..”
Не се послуша себеси ….тешко, многу тешко….
Горан Марковски / гледач
Кога ќе си замине драга личност од твоето детство, заминува и дел од тебе…
Беше една од најубавите, најталентираните и најмилите актерки кои некогаш зачекориле на македонската сцена!
Пленеше со својот поглед, а уште повеќе со својот уникатен и премил глас кој внесуваше топлина во детските срца уште во најраните години. Најпрво како Туфи од “Здраво Генијалци” а потоа и со надсинхронизацијата на Палешка и Хајди и многу други омилени цртани ликови во “Најубавите бајки на светото”.
Безброј театарски претстави, Тв емисии, серии и филмови – секогаш единствена и приметлива!
Денес Македонија се поклонува пред твојот голем актерски талент, шармот и убоста!
Нема никогаш да те заборавиме и ние што те познававме само покрај малите екрани!
Последен аплауз!
Горан.
Емилија / актерка
Кога се вработив во Драмски, ми пријде почна да ме гушка и да ми вели, добредојде мила, во ФАМИЛИЈАТА. Сето ова е толку веќе небитно, кога ќе изгубиме некој… но многу ми е драго, што последниот пат кога те видов, беше пресреќна. Ко пеперутка.
И јас така ќе се сеќавам на тебе.
Денес, сме сите тажни. Сите твои фамилии. Твоето семејство, Драмски, сите твои пријатели, сите твои фанови. Тага.
Почивај во мир.
Роберт Вељановски
Само смртта може да биде посурова од вистината!Замина една голема македонска актерка!Почивај во мир Билјана Беличанец!
?