
Влади́мир Влади́мирович Набо́ков (објавувал дела и под псевдонимот Сирин; 10 април (22 април) 1899, Санкт-Петербург, Руска империја — 2 јули 1977, Монтро, Швајцарија) — руски и американски писател, поет, преведувач, книжевен публицист и ентомолог.
Набоков бил космополитски руски емигрант кој со извонредното познавање на неколку јазици, ерудицијата и контроверзната проза станал еден од најпознатите и најценети книжевници на 20 век. Самиот Набоков за себе рекол:
Во неговото литературно творештво се вбројуваат стотини поеми, десетици новели, драми, преводи од руски и англиски, литературни критики и есеи. Под влијание на класичната руска и современите европски литератури пишува романи во кои низ многу фантазија и хумор ги спротивставува традиционалниот и модерниот систем на вредности. Поради безобразното отсликување на сексуалниот живот на своите јунаци, сврзуван е и меѓу порнографските писатели. Од дваесетте негови романи, ремек-дела се ,,Дар‘‘, напишан на руски и објавен во 1938, потоа ,,Лолита‘‘ од 1955 и ,,Блед оган‘‘ од 1962 на англиски. Ја објавил и една од најдобрите автобиографии на англиски јазик — ,,Speak, Memory‘‘. Исто така, тој напишал и многу стручни статии за пеперуги.
Меѓутоа, светската слава ја стекнал дури во 1955 со објавувањето на романот ,,Лолита‘‘. За популарноста на романот со тема за опседнатоста на еден средовечен маж со 12 годишно девојче придонел и филмот во режија на славниот режисер Стенли Кјубрик, со Џејмс Мејсон, Шели Винтерс и Сју Лајон. Новата верзија, како своевиден вовед во 100-годишнината од раѓањето на авторот, ја остварил во 1997 Адријан Лине со Џереми Ајронсом, Мелани Грифит и дебитантката Доминик Свајн. Популарноста на главниот лик била таква, што самиот поим Лолита, девојче на прагот на созревањето во жена, станал дел од секојдневниот говор.

Набоков за Лолита/Поговор
Во 1956 година Набоков напиша поговор за Лолита. Една од првите работи кои ги мисли дека треба да ги каже е дека и покрај изјавата на Џон Реј Џуниор во предговорот приказната нема поука. Набоков додава дека „почетната треска од инспирација“ за Лолита „на некој начин беше предизвикана од приказна во весник за мајмун во Градината на растенијата кој по месеци убедувања од страна на еден научник ја создаде првата слика нацртана со јаглен од животно. Оваа скица ги покажа решетките на кафезот на кутрото суштество. Ниту статијата, ниту цртежот беа надоместени.
Како одговор на еден американски критичар кој ја карактеризираше Лолита како снимка на „љубовната афера на Набоков со романтизмот“ Набоков пишува дека замената на англискиот јазик со романтизмот би ја направил оваа елегантна формула поисправна. Набоков го завршува поговорот со рефернца за неговиот мајчин јазик, кој го напушти како писател кога се пресели во САД во 1940 година: „Мојата приватна трагедија, која не може, и навистина не би требала да биде ничива грижа е дека јас морав да го напуштам својот мајчин идиом, мојот неограничен покорлив руски јазик за просечен англиски“.
Оценување[уреди | уреди извор]
Набоков високо ја оцени книгата. Во едно интервју за Би Би Си изјави:
„Лолита е мој посебен фаворит. Тоа е мојата најтешка книга – книга која обработуваше тема која е толку далечна,од мојот личен емоционален живот што ми направи посебно задоволство да употребам мојот комбинирачки талент за да ја оживеам.“
Една година подоцна во интервју за Плејбоj рече:
„Никогаш нема да се покајам за Лолита. Таа е како композиција на прекрасна сложувалка. Нејзина композиција и решение во исто време. Секако дека таа потполно ги засени моите други дела – барем оние кои ги напишав на англиски Вистинскиот живот на Себастијан Најт и Бенд Синистер, моите кратки приказна, мојата книга на реколекции, но не можам да ѝ судам за тоа. Постои некој чуден, нежен шарм кај митската нимфета.“
Истата година во интервју за Лајф Набоков го прашаа кое од неговите дела му причинило најголемо задоволство. Тој одговори:
„Би рекол дека од сите мои дела Лолита ми остави најзадоволувачки одсјај, можеби затоа што е најчистата од сите, најапстрактна и внимателно создадена. Јас сум најверојатно одговорен за тоа што луѓето повеќе не ги крстуваат своите ќерки Лолита. Сум чул за млади пудлици на кои им е дадено тоа име по 1956, но не и за човечки суштества“.