,,На отворено“ – нова премиера на малата сцена во НУ Театар Комедија

„На отворено“ е најновата премиера во НУ Театар Комедија, во режија на Андреј Цветановски, која ќе биде реализирана на малата сцена во овој театар. Оваа претстава е работена според драмскиот текст на Мрожек, „На отворено море“.

„’На отворено’ е едночинка која зборува за гладта, во секоја смисла на зборот. За борбата за моќ и за начините да дојдеш до неа, како и за тоа каков ќе излезеш како човек од таа борба. Еден шекспиријански заплет, погледнат низ комична призма. Горка комедија, за време на која смеата ти застанува во грло“, изјави режисерот Цветановски.

„Годинава ова ни е прва премиера од планираните пет премиери. Ме радува фактот што ова е втора претстава што ќе се игра на малата сцена на Театар Комедија и што публиката покажува особен интерес за овој тип на претстави. Сè е подготвено за премиера и особено сум благодарен за максималната посветеност во работата на сите чинители на ова дело. Паралелно подготвуваме уште една нова претстава на големата сцена, која ќе има премиера во мај“, изјави директорот Сашо Ристовски.

Во новата премиера „На отворено“ играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски и Тони Денковски.

Сценограф е Сергеј Светозарев, костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, драматург Дарко Јан Спасов, додека музиката ја направи Димитар Андоновски.

Претпремиерата е на 24 април (среда), а премиерата на 25 април (четврток) со почеток во 20 часот. Првата реприза е закажана на 6 мај.

извор: Makfax

Die Unscheinbaren

Нашиот актер Ивица Димитријевиќ имаше успешна интернационална премиера со претставата “Die Unscheinbaren” во нациналниот театар во Луцерн. Тој е член на ансамблот на Makedonski Naroden Teatar каде ги игра актуелните претстави кои се на репертоар “Силјан штркот шанца”, “Дух”, “Реалисти”, “Говорна мана” и други. Исто така препознатлив и по улогите во тв сериите “Преспав”, “Фамилија Марковски”, во повеќе долгометражни и краткометражни играни филмови како и член на еден од најдобрите македонски музички бендови.

https://www.luzernertheater.ch/dieunscheinbaren

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Според моето мислење, сега и овде се отвора сосема ново толкување на зборот ТЕА – АТАР. Можеби со вистинската духовна длабочина.

И како во старите адети и таинства на крајот на оваа глава.

“Од мене текстот со песна и Дионисова веселба, од Бога здравје…” – како што запишал Стефан Берковиќ во песната за “Александар Македонски” од нашите предедовци. Но, тоа е веќе следната глава за театарот и народната култура. Велми… напред…

Васил Зафирчев/ akтер

Васил Зафирчев/ akтер

Мојот театар

Мојот театар не зависи од директори, советници, комисии и министри, а уште помалку од вождови и гуруа, од кланови, здружувања, групации и колективитети. Мојот театар не прифаќа припадност и своина, туку само слобода и вечно трагање. Мојот театар не признава големи и мали, анонимуси и ѕвезди, неважни и важни, подобни и неподобни, наши и ваши, леви и десни. Мојот театар не распознава црни тефтери и бели книги. Мојот театар не познава градови и села, метрополи и паланки, големи и мали сцени, стари и нови театарски згради, ниски плати и високи хонорари, големи буџети и на лажичка дадени пари небаре за преживување лек. Мојот театар признава само одлични, добри и помалку добри претстави и исто такви создавачи на театар. Мојот театар не прави разлика меѓу многу и малку публика, меѓу публика дојдена да гледа театар и публика дојдена да биде видена во театар. Мојот театар почива на вештина, талент, идеја и концепт. Мојот театар се храни само со посвета и љубов. Живее секогаш во мене и патува секаде со мене. Го чувам во внатрешниот, специјалниот, тајниот џеб на душата. Излегува од него при секое мое стапнување на сцената, за на крајот повторно да се врати во него. Јас и мојот театар имаме ритуал, нешто како медитација пред заспивање, како мантра за повикување сонце по дожд или како молитва при палење свеќа. Мојот театар е вечен и исто толку ефемерен. Тој може без мене ако сака. Можам и јас без него ако сакам. Ама не сакам. Не сеуште. Барем додека верувам во безусловната љубов кон мојот театар. Без оглед и наспроти сé! Другите како сакате. Секој со својата љубов кон својот театар. Безусловно! 
Честит 27-ми Март!

“Браќа Карамазови“ во Софија на Пројковски премера на 16 овој месец

Национален театер Софија / Достоевски / Браќа Карамазови


www.teatarce.mk да појдеме и ние низ слики на местото на се надевам една велелепна претстава, и да се надеваме дека Македнија ќе ја види наскоро.

Премиера 16.04.2019

Поставување и верзија на сцената: Дејан Пројковски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костими: Елена иванова
Музика: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

ВЛАДИМИР ПЕНЕВ , ДЕЈАН ДОНКОВ , ВЕЛИСЛАВ ПАВЛОВ , ДИМИТАР НИКОЛОВ , ЕМИЛ МАРКОВ , ЦВЕТАН АЛЕКСИЕВ , ВАЛЕРИ ЈОРДАНОВ , АНА ПАПАДОПУЛУ , АЛЕКСАНДРА ВАСИЛЕВА , ЖОРЕТА НИКОЛОВА , РАДИНА КРДЖИЛОВА , ЈОРДАН БИКОВ , ЈАВОР ВЛКАНОВ , ПЕТАР ДАНОВ , ЈОСИФ ШАМЛИ

студенти по актерско мајсторство од НАТФИЗ: Божидар Мицев, Петар Данов, Филип Буков, Јордан Ангелов, Цветан Апостолов, Недилина Павлик, Пепа Николова, Стела Димитрова, Дона Велова.

фото Стефан Н. Стерев

Книгата есеи ,,Децата на Мнемосина” на Ацо Гогов


,,Децата на Мнемосина” на Ацо Гогов

Книгата есеи ,,Децата на Мнемосина” на Ацо Гогов се појави оваа година, 2019 година.

Во неа хронолошки е прикажан репертоарот на Струмичкиот театар во период од четири години – од јануари 2015 година до декември 2018 година и тоа преку есејот, белешката, записот.


Ацо Гогов

Книгава содржи вкупно 20 текстови, кои се записи за дваесетте театарски премиери кои се случиле во четиригодишниот период. Есеите немаат амбиција да бидат критички вреднувања на претставите, туку сакаат да бидат само мали шарки за вечноста. еден поглед ,,одвнатре” на тоа што се нарекува процес на создавање на една театарска претстава. Издавач е НУЦК ,,Антон Панов” од Струмица.

Режисерот Златко Славенски замина да режира во Космосот…

К

Еден од ретките што се бавеа со театарот и додека спијат и додека се будни!

 11 April, 2019 

“Златко Славенски беше, е и ќе биде еден од малкуте духовни двигатели во нашето театарско постоење. Еден од ретките што се бавеа со театарот и додека спијат и додека се будни. Еден од оние кои не можеа а да не се бават со еволуцијата на театарот и сиот негов потенцијал…“. Со овие зборови актерката Арна Шијак се збогуваше со познатиот македонски режисер и професор на Факултетот за драмски уметност Златко Славенски кој ненадејно почина во понеделникот.

Арна Шијак

На комеморацијата на ФДУ во Скопје се собраа неговите пријатели, семејството, колегите режисери, актери и неговите студенти за да му одадат последна почит и да го наградат со аплауз за сите негови остварувања.

“Често пати на час ни велевте ‘живот проѓе како бела лаѓа’. Ни велевте дека една претстава е како спејс шатл, ако се помести макар и еден сантиметар-воопшто нема да се лансира и ќе експлодира…  Не можеме, а да не ви кажеме колку ве сакаме и колку не требаше да ‘полетате’ пред време… Се надеваме дека таму горе, Космосот е како дома…“, рекоа за својот професор студентите од неговите класи театарска режија.

Тони Михајловски

За режисерот Славенски, зборуваше и актерот Тони Михајловски кој посочи дека во вакви мигови човек се прашува дали треба да зборува за тагата и болката која е повеќе од очигледна или треба да зборува за онаа светла страна која човекот ја носел со себе. „ Златко Славенски навистина беше човек на светлината, човек со насмевка, човек што знаеше да те сослуша, да те прифати и да ти помогне. Oмилена му беше онаа ‘и да зборувам на сите човечки јазици, ако љубов немам тогаш ништо не сум’, рече Михајловски. Тој додаде дека, за жал животот е многу посуров од театарот. “Во театарот на крајот на претставата оние кои умираат, стануваат и се поклонуваат пред публиката и добиваат аплауз, а овдека поклонот е изоставен, останува само аплаузот…“, додаде Михајловски.

Ѓорѓи Јолевски

Актерот Ѓорѓи Јолевски за Славенски пак, рече: Златко беше совршен да направи контекст, а она што мене ми остави впечаток во работата со него е дека тој беше бескомпромисен, бесен и оваа, таканаречена реалност, просто не ја прифаќаше.

Славенски е роден во 1966 во Скопје. На крајот на 1980-тите  студирал филмска режија во Лондон на London International Film School (LIFS), но поради стопирање на државната стипендија во период кога почнал распадот на СФРЈ го прекинал студирањето и се вратил во Македонија. Се запишал на ФДУ на отсекот за интермедијална режија, во класата на професорите Слободан Унковски и Столе Попов и дипломирал во 1994, а една година претходно ги завршил студиите и дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет. Во 1997  се  вработил на ФДУ како помлад асистент, а во 2016 година беше  избран во звање редовен професор. Режирал голем број театарски проекти: „Безљубни“; „Сината птица“; „Инфинити“ „Кафкаски круг со креда“; „Соларис“; „Супернова“; „Бесови“; „Визија“; „Времеплов“; „И коњите ги убиваат,  зарем не?“; „Злосторство и казна“; „Пречистување“; „Време за сонување“; „Казабалкан, „Папокот на светот“… Награден е за претставите „Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, „Амадеус“,  „Будење на пролетта“ и „Пер Гинт“. Автор е и на книгата „0,1 – Краток вовед во бесконечноста“. ФДУ соопшти дека до крајот на семестарот тој требаше да го одбрани докторскиот труд на тема „Адаптација на драма во филмско сценарио“

превземено од дневниот весник ВЕЧЕР

ЖИВА

Денес  театарската прашина

 твореше  солзи.

На  сцената гласови, трепереа,

на сцената тебе те имаше, таму горе,

во молк обвиена

молчиш,

молкум

ти гледаш,

во очи, те гледам, замислена, 

а не можам да те допрам.

Зошто,

молкот твој послино ечи.

Последната претстава ја одигра денес,

онаа најтешката улога, кога

Актерот молчи.

Но и тоа го направи

актерски, силно, експресивно!

Молкот,

го растрепери силниот  аплауз,

силен, долг,  долг до вечноста

со многу солзи.

Не сакав

да си заминеш од сцената,

 да те снема,

да се запалат светлата,

да се спушти земската завеса…

Сеуште ќе чекам, со надеж дека

завесата ќе се крене,

а ти, да продолжиш…

Жива!

Катерина Грозданова