TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

При крајот на оваа глава ќе ги споменеме споредбите на професорот Попов со современата македонска култура. Или како што тој ја нарекува тракиска? (Македонија никогаш не била Тракија) На пример, ликот на Крале Марко го споредува со тракискиот коњаник80, исто така ги споредува нимфите од антиката со самовилите, со божицата Артемида и нејзиниот атрибут еленот, прави споредби во епските песни на Крале Марко со неговата посестрима Јуда, самовила со Артемида и Аполон, и ја споредува приказната за живата вода и Александар Македонски и неговата сестра која се претвора во самовила. Славите на света Марена ги веде од антиката на Родопите во село Заберново, славите за свети Трифун со Дионис, и накрај Кукерите со маските кои се играат и денес како народен обреден театар ги веде како директно наследство од Дионисовите слави во антиката.

“… основно лице, кое дејствува е Кукерот… женствен, весел Дионис… тој е водечки актер… ги споменува како февруарски Деноносии… кажува како се канат светците за да учествуваат во обредната трпеза… како играат оро околу огнот…” 81

И секако повторно доаѓаме до основната нитка, темел на сценските дејства како обред, вера и религија, кои се преобразуваат понатаму во театар (она што го разбираме денес) и храм (она што денес се верските храмови) како две различни институции кои се тргнати од едно исто духовно дејство и обредност чествување на Бога. Секако на тлото на Македонија и во македонската култура. Не случајно Ребека Вест во својата книга “Блацк Ламб анг Греѕ Фалцон” вели дека уметноста во Македонија “не е технички трик туку реален духовен процес” со дополна “… како идеја за Господ и Владетелот…”82 Со тоа мислам дека се заокружува нашево театарско трагање по религијата и верата. Се завршува една потрага по театарот, како духовност и религија и не само во Македонија туку и пошироко.

Едмонд Сотир / актер

За себе сака да зборува и во трето лице.

За себе: Едмонд би рекол дека е; човек посветен на семејството и работата, млад но добар татко, добар сопруг кој се труди да биде уште подобар, семејството му е најголемото богатство, горд на своето потекло и својот род, патриот кој ја сака својата (разделена) земја и својот народ, човек кој повеќе дава одошто добива, лесно простува но многу тешко заборава, се што добил во животот го добил со многу труд, искрен и чесен, сака да има повеќе слободно време за да го поминува со синот.

ЗА ЉУБОВТА: За Едмонд, Љубовта, било таа кон жената, детето, семејството, татковината, професијата, или кон господа, е како многу убав и многу нежен чувствителен цвет, кој ако малку го извалкаш почнува да венее и не сме сигурни дали ќе се опорави дури и да и го посветиме целото внимание. Затоа Љубовта, треба да ја негуваме и чуваме најдобро што знаеме и умееме!

ЗА ЖИВОТОТ: Животот таков каков што ни е даден е убав, а даден ни е да го живееме со љубов и најдобро што можеме. Едмонд верува дека животот на секој поединец му е даден да го посвети пред се за доброто на семејството и Татковината!

ЗА ТЕАТАРОТ: Театарот е тој дел што го прави светот подобар, а животот поубав.

ЗА ДОБРОТО: Доброто е насекаде околу нас, смо треба да ги отвориме очите.

ЗА ЗЛОТО: А пред злото не треба да ги затвораме очите, треба да се спротиставиме и да го победиме.

ЗА (НЕ)ПРИЈАТЕЛИТЕ: непријателите нека се живи и здрави, секојдневно ми помагаат да бидам поумен и посилен, ним среќата им е нешто непознато.

А, ПРИЈАТЕЛИТЕ, да се живи, здрави и срекни.

ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Глумата во животот им ја оставам на непријателите. По тоа ги препознаваме.

ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Сценаската прашина сакам да ме следи во животот.

ЗА КОЛЕГИТЕ: Ги почитувам сите, не според одиграните улоги, туку според човечките доблести што ги носат во себе, а највеќе оние што ги имаат во изобилие. Човек кој се смета за уметник мора да ги има.

ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Со господ напред и поддршката од семејството и пријателите една по една ќе се потрудам да ги одиграм, тој список секојдневно расте но ОТЕЛО останува на врвот.

ЗА ИДЕЈАТА: Идејата е таа сила што не турка напред.

ЗА СОНОТ: Животот без сонот ја губи својата смисла, животот е живот додека живее сонот! Јас живеам дел од мојот сон.

ЗА ЈАВЕТО: Јавето е борба за остварување на сопствениот сон, таа борба никогаш не е лесна.

ЗА КРАЈ: За крај сакам да порачам: да сонуваме сонови а не кошмари, така ќе научиме да сакаме и ќе бидеме повеќе среќни и повеќе сака