“..Не, немам повеќе сила да трпам! Што тие прават од мене? Ми сипаат на глава ладна вода.Тие не ме разбираат, не ме гледаат, не ме слушаат. Што им сторив? Зошто ме мачат? Што тие сакаат од мене, кутар? Што јас можам да им дадам? Јас ништо немам. Немам сила, не можам да ги поднесам сите нивни мачења, главата ми гори и се ми се врти пред очи. Спасете ме, поведете ме со себе. Ѕвонете мои ѕвончиња! Полетајте коњи, и носете ме од овој свет, подалеку, подалеку, да не видам ништо, ништо. Ене небото се врти пред мене; ѕвездички сјаат во далечината, ита шумата со темните дрвја и месечината; сива магла паѓа под нозете, струната ечи во маглата; ене ги и руските колиби се наѕираат. Дали тоа мојата куќа се плави во далечината? Дали тоа мојата мајка седи крај прозорот? Мајчице спаси го својот јаден син! Пушти солза на неговата болна глава! Погледај како го мачат! Прими го на своите гради твоето јадно сираче! За него нема место на светот! Го прогонуваат мајчице! Сожали се на своето болно дете… Зошто се однесуваат така кон мене? Нели сум крал? Дали вака треба да се однесуваат кон еден крал? Дали вие ми верувате дека сум крал?” – “Дневникот на лудиот” од Николај Гогољ;
1. ЗА СЕБЕ : Ентузијаст кој секогаш ќе се бори за подобро утре и спокојно денес.
2 . ЗА ЉУБОВТА: Ја давам безусловно и ја примам безусловно. Љубовта за мене е како воздух, ако љубов немаме ништо не сме!
3. ЗА ЖИВОТОТ: Сложувалка, која треба убаво да ја споиме.
4. ЗА ТЕАТАРОТ: Фала му што постои! Без него не би била иста!
5. ЗА ДОБРОТО: Нека трае дур може!
6. ЗА ЗЛОТО: Брзо да поминува и да не се враќа!
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Да се живи и здрави. Можеби ќе бидеме пријатели!
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Да се секогаш до мене, живи здрави и среќни. Тоа се најважните луѓе во мојот живот.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Можноста да бидеш некој друг во своја кожа. Можноста да бидеме нешто што никогаш не сме биле, желбата за новото-неоткриеното. А воедно и храброст да се соочиш со себе си таму длабоко кај што никој не гледа и да се соголиш таму кај што сите гледаат.
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Ја има кај секој театарски човек. Врежана е во крвта и од неа нема бегање. Дрога која те тера да го сакаш уште повеќе театарот.
10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Секогаш можам да научам нешто ново и различно од нив,.а заедно можеме да создаваме бескрајно нови и подобри светови.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ : Чекајте ме – идам! 🙂
12 . ЗА ИДЕЈАТА: Поради неа сум ноќна птица. Искра на креативноста, крик на можноста, и ако се реализира станува споменик на сегашноста.
13. ЗА СОНОТ: Секогаш сум си размислувала кај одиме кога сонуваме? Сонот ми е неоткриена земја, паралелна слика на сите мои мечтаења.
14. ЗА ЈАВЕТО: Треба да имаме розови очила или треба да се менуваме себе а со тоа и него 🙂 Јас би го избрала второво.
15. ЗА ВИНОТО : Една чаша дневно, за да го славиме животот.
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Мој почеток и крај. Најважната точка во мојот живот.
17. ЗА КРАЈ: Живели! За иднината што иде, за театарот, ЗА НАС!
Театарот, како религија и обред во Македонија поминал низ неколку фази и периоди. Неолитско обредни (Големата Мајка, Адам од Говрлево, неолитската окарина) античко митолошки (античките театари и Дионисовите слави, Дион – светиот град на Македонците, четирите антички театари во Р. Македонија денес ), римско-гладијаторски (на почетокот во античките македонски театри имало само гладијаторски борби), византиски карневалски (после христијанските пости се печело месо-карне и се играле игрите), османлиско – караѓоз и народен театар (кога се забранил класичниот театар за време на Османлиите се случувал како театар на сенки – Караѓоз и народен театар со обредите: Василичари, Сурвескари, Коледари, Кукери и сл.), како враќање кон верата, и делбениот период на 19 век, кога се формирал “Скрб и утеха” на Војдан Чернодрински, чии почетоци датираат од 1895 лето Господово во Средец, денешна Софија.
И затоа мислам дека основната дефиниција дека театарот е “место за гледање” не е веродостојна и ја дава само површинската слика на тоа свето и древно место. Напротив, барем на тлото на Македонија се работи за духовен процес на себеоткривање и потрага по Бога. На процес, кој опфаќа себеспознание и обоготвореност.
Кај Христијан Хардер во речникот на “Илијада” и “Одисеја” зборот “Теа” се поврзува со Божицата Теа и не значи гледање83. Во “Речник грчке и римске митологија” има две толкување за Божицата. По едно е титанка, Теја- Уранова и Гејина Ќерка, која меѓу другите го родиле и Хелиј – јасното сонце, што повторно се совпаѓа со нашата приказна за мистериите и театарот како свет храм84. Во другото, кое според мене е поверодостојо се работи за Тија- делфиска нимфа (како што толкува и Христијан Хардер) која:
“… била прва Дионисова свештеничка и прва која го славела со оргиите…”
или:
“…Тија е Девкалионовата ќерка, која на Зевс му родила два сина Магнет и Македон…”85 Велми со што повторно приказната за театарот има врска со името и тлото на Македонија.
Вчера, во Народниот театар во Пирот се одржа премиерата на претставата Хасанагиница од бардот на српската драматургија, Љубомир Симовиќ во режија на Андреј Цветановски. Ова ќе биде првата премиера за оваа година на Народниот театар во Пирот.
* “Хасанагиница“ е класик на српската книжевност и лектира во српскиот театар. Тема за која многу луѓе пишувале, ама оваа верзија на Љубомир Симовиќ е онаа која останала во аналите на театарската историја како највозбудлива. Хасанагиница е драма која зборува на многу теми, и нив ги раскажува на еден балкански начин. Начин за кој секој од народите кои живеат на Балканот може да каже дека е и негов начин. Трагедијата за изгубеното мајчинство, за загубената љубов, а сѐ тоа во еден доминатно машки свет. Во сите овие заплети и начинот на кој што се третирани, можеме да ја видиме инспирацијата од античките трагедии, вели Андреј Цветановски.
Тој додава дека заедно со екипата сакале да направат балканска античка трагедија, ,која ја раскажува приказната за ослободувањето на една репресирана жена и собирањето на храброст да го подигне својот глас, па макар тоа ја однело во смрт.
Освен режисерот Цветановски, дел од авторскиот тим на претставата се и нашиот сценограф и костимограф Сергеј Светозарев и композиторот Димитар Андоновски, постојани соработници на режисерот.
Актерската екипа ја сочинуваат Даница Станковиќ, Милан Наков, Александар Радуловиќ, Данијела Ивановиќ, Сашка Стојановиќ, Зоран Живковиќ – Жуча, Наталија Гелебан и Александар Алексиќ.
Млади актери од Куманово преку театарска претстава ги отвораат прашањата што ги мачат младите во ова време – образованието, општествениот вредносен систем, револтот, но и ги мобилизираат нивни врсници театарски да се описменат и да останат во земјата.
Ќе си помогне ли младиот човек кој се родил, растел, се образувал, запливал во секојдневието кое во сите области на општественото живеење го „негува“ искривениот систем на вредности! Ќе смени ли нешто ако барем се обиде, отвораат прашања младите кумановски актери на независната сцена „Теактер студио“. Како никогаш или како ретко кога толку млади дипломирани глумци се враќаат во својот роден град и од тука се обидуваат во името на својата генерација да прашуваат. За одговорот треба добро да размислат „кројачите“ на општественото живеење. Младите се во конфузија, а ништо помалку и возрасните кои искуствено имаат некакви принципи, кои пак во новото време се анахрони. Играјќи ја претставата „Драга Јелена Сергеевна“ од Људмила Разумовска, а во режија на Кети Дончевска – Илиќ, веќе подолг период се бара билет повеќе, а во публиката најбројни се младите, средношколци, студенти. Зошто?
„Приказната зборува за млади луѓе кои се уништуваат во еден систем кој што воопшто не ги поддржува, кој што е бесмислен, во кој што не можат ни да го кажат тоа што го мислат. Тоа води до еден револт и до искривување на нивните вредности. А од друга страна, професорката брани некои идеали во кои сега многу малку луѓе веруваат. Мислам дека оваа претстава зборува за многу суштински вистини за тоа каде живееме и како се чувствува младиот човек овде“, вели актерката Александра Михајловска.
Дел од претставата „Драга Јелена Сергеевна“.
Нејзиниот колега Никола Наковски раскажува дека во текот на подготовките експериментирале со група средношколци во обид да го слушнат мислењето за состојбата во образованието во кое се чини младите отсекогаш, а особено сега, на лесен начин сакаат да добијат највисоки оценки. Сепак, во одредени моменти младината е молчалива, плашлива, потсвесно инфериорна од авторитети.
„Факт е дека професорите треба да ни бидат авторитет, но не по секоја цена ние да си ги потиснуваме своите желби, соништа, потенцијали. Текстот говори за судир на генерации, еден образовен систем кој е пропаднат, искривен, извитоперен, зборува за морални вредности, а јас се плашев публиката кога ќе излезе по претставата да не заземе страна“, вели Наковски.
Она што го работат како претставници на младата генерација до 30 годишна возраст (од која пак, не малубројни се со желба да заминат некаде по светот), се обидуваат да влијаат да се менува менталитетот, а да се зачува суштината. И тоа да започне од секој поединец, од помала средина. И од образованието.
„И тоа не од образованието од аспект како ги едуцираме и какво образование им даваме на нашите млади, туку и од аспект на тоа каков систем градиме и каков систем на вредности гледаат и наследуваат и зошто се буди револт кај младите денес. Интересно е што текстот е од пред повеќе од три децении, а актуелен е како да е напишан во нашата држава токму сега во 2018-та, 2019-та година.“
Многу млади глумци се со желба да работат. Малку место за сите во театарот ја поттикнуваат активноста на независна сцена во Куманово. Тука младите уметници ја искажуваат својата креативност, а преку неа ја привлекуваат и својата генерација, за заедничко трасирање на подобриот пат во иднина.
„ „Теактер студио“ е форма која што ги згрижува, ги собира младите луѓе актери професионалци пред се, се разбира тука се однесува и на костимографи, сценографи, режисери, сите оние кои што имаат школо и што имаат креативен потенцијал секако“, вели Кети Дончевска – Илиќ.
Таа напоменува дека и во иднина „Теактер студио“ ќе ја негува и ќе ја зајакнува независната сцена која најчесто е иницијација на луѓе кои го сакаат театарот и имаат слобода во своето изразување, со што и влијаат театарот да биде подобар. Независна сцена станува тренд, а токму преку младите актери кои мобилизираат нивни врсници театарски да се описменат и да останат тука.
„Особено лошото однесување на младите луѓе е резултат единствено и само на однесувањето на возрасните. Најголемиот дел од вината зошто еден млад човек е ваков или онаков мора да ја понесе возрасниот човек, Дали родител, наставник, подоцна постар колега. Она што ни е многу драго што никој не зазема страна туку проблемот е возрасните наспроти младите и обратно, образовниот систем, родителите, семејството, младите луѓе, заеднички и општ за секоја публика“, вели Дончевска – Илиќ.
Работејќи со младите, ослушнувајќи ги нивните сигнали во ова време невреме Дончевска – Илиќ вели дека театарот, независната сцена, ги отвора прашањата. А младите актери Давид Илиќ, Мишо Димитријевски, Никола Наковски, Александра Михајловска и поискусната Александра Пешевска, како и многу други, сакаат токму од Куманово да ја пратат пораката истовремено и на младите и на возрасните дека е неопходно да се создава вредносниот систем тука и сега.
Ај честито 100! Си ги избројал ли колку се вкупно до сега?
. Благодарам. Мислам дека
се над 600 претстави во мојот театар.
Сега прославивме 120та
изведба на Стјуардеси , Пастувите се накај 70ка , Не
сега драга ближи 30ка, Чао Пријатно 20ка… имаме интересни бројки и се надевам
ќе продолжиме да славиме јубилеи на нашите светови и дека ќе потрајат подолго.
Си се “ врзал“ за некој лик до сега? Не би можел да издвојам еден лик или една претстава само би кажал дека сите ликови кои сум ги создал врзани се со мене во тие два часа додека сме на сцената и заедно функционираме некогаш подобро, некогаш полошо. Тоа му доаѓа како некоја кратка љубовна афера во хотелска соба или во подрумот на Шефче или во станот на архитектот Бернард или во комшии кај Сергеј Прамполиновски. Искрено, кога сум во процесот и кога катадневно работам на еден лик, тогаш може и врската да трае подолго , како пробен период му доаѓа тоа за на крајот да сфатиме дали можеме да функционираме од време на време.
Дали и колку Атанас е пастув на сцената и приватно?
Тоа што се случува на сцена
подобро да остане таму,
на сцената имам повеќе слобода и таму можам да бидам
се.
Дали често инпровизираш, тоа е поради тоа што мора да се снајудуваш на сцена или ти е здодевно да повторуваш реплики?
Од импровизицијата се раѓаат најубавите
сцени. Импровизацијата е мeч со две острици , ако не знаеш да ја
контролираш може да те исече и да упропасти сѐ друго. Сакам да импровизирам,
затоа што можностите кои се отвораат никој не можел да ги смисли, сѐ е свежо и
затоа кога е добра импровизицијата, реакцијата што ја добиваме од гледалиштето
е награда за крецијата.
А некогаш и
мора да се импровизира, кога ќе падне кваката од вратата , кога нема колега на
шлагворд , кога снемува струја, кога се заборавил текст , кога се рипнал
текст… Тоа се безброј ситуации, кои се паметат и се прераскажуваат и по
завршувањето на чинот.
Која е најтешка улога во“ кг “ од која си добил на “ тежина“ и телесно и духовно?
Учам од сите улоги. Не би сакал да одвојувам посебно некоја ролја мислам дека сите се тешки на свој начин и припремата пред претстава ми е посебна за секоја.
Сакам да речам: “Фастен” треба да се погледне. Претстава која зборува за едно семејство, среќно, какви што ги има насекаде по “белиов” ни свет, а дома завиткани, молкум седат потајно, во црнина. Видливи, компактни, среќни, големи, гламурозни, многудетни, добро ситуирани, а зад сето тоа трулежот на секоја личност засебно жива , но “мртва”.
Со многу болести, посесивност, татковска непочит кон децата, деца кои сам тој ги злоставувал, кои станале алхохоличари, депресивни, и мајка која сетоа тоа го живее и гледа пред своите очи и молкум се преправа, во сите години години живот во тој брак.
Современа тема тогаш и сега во Данска, а и кај нас. До и во нашата соба, на другата врата, кај соседот и сѐ тоа блиску до нас.
Направени се добри сценски решенија, минимализам, а гламурозен, во гардеробата пред сѐ…Актерската екипа на врв на својата задача.Се радувам што овој пат нема да речам како гледач, дека беше здодевно, зошто и молкот на сцената, во очите на актерите, говореше. Со малите, назнаки, понекогаш и силни, полни гнев и омраза, актерите низ движењата нѐ убедија во сѐ она што беше речено и сторено на сцената. “Стегната“ претстава од страна на режисерката Зоја Бузалковска.
Ви Благодарам како гледач, на целата екипа, што публиката ја оставивте мирна и будна, а зборовите кои нѐ оставаа во молк, ни тежеа и нам.
Се заврши со среќен крај, кога мајката која молчи сите години во тој брак, конечно застанува на страна на своите чеда….
Убаво е да се види ова претстава во Драмски театар – Скопје.
Мира Траиловиќ (Краљево, 22 јануари 1924 – Белград, 7 август 1989 година) е основач и долгогодишен раководител на Ателје 212, познат театар во Белград.
Мира Траиловиќ
Дипломирала на режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Подоцна, таа беше професор на истиот факултет. Заедно со Јован Ќирилов во 1968 одина го основа Белградскиот меѓународен театарски фестивал БИТЕФ во 1967 година. Нејзиниот бескраен шарм кој го красеше продорен талент за убедување, на БИТЕФ ги донесе најпознатите авангардни театри и перформанси.
Таа ги донесе во Белград Семјуел Бекет, Јержи Гротовски, Питер Брук, Дневна театар, Еуџенио Барба, Боб Вилсон, Ричард Шекнер, Петер Штајн, Пина Бауш, Ла Мама, и многу други. Беше почестена за нејзиниот живот со највисоки украси на Франција, откако помина дел од нејзиниот живот во Париз, во Националниот театар.
Од милост ја нарекуваа “Булдожер во тиква” од длабочините. Работела и како театарски режисер, нејзините дела секогаш биле авангарда во театарскиот живот на Белград. За неа треба да се напомене дека и се гадел зборот “Авангарда”, одбивала нејзината работа да се споредува со авангарда и секогаш го поставува прашањето: “Што е ова, авангарда?!”.
Меѓу другото, таа ги режираше и”Фауст” и”Коса”.
Во близина на Бајлонијевскиот плоштад се наоѓа Трагичевиот плоштад, на МираТраиловиќ и театарот наречен Битеф Театар
Алфред Жари (француски: Alfred Jarry, роден на 8 септември1873 во Лавал – починал на 8 септември1907 во Париз) — француски симболист, драмски писател и поет. Тој е најдобро познат по делото „Ubu Roi“ или „Крал Иби“, кое го напишал во 1896 година[1]. , што предизвикало жестока реакција во јавноста. Освен тоа, Жари е и основач на терминот патафизика[
Биографија
Алфред Жари е роден во Лавал, а мајка му по потекло била од Велика Британија[3]. Тој бил поврзан со симболистичкото движење. Неговото дело „Ubu Roi“ често се наведува како претходник на дадаизмот, па дури и надреализмот и футуризмот од 20-тите и 30-тите години на 20 век. Алфред Жари пишувал различни жанрови и стилови, но најчесто го користил постмодернизмот. Тој пишувал романи, драми, поезија, есеи и работел како новинар. Неговите текстови се сметаат како пионерска работа во областа на т.н. апсурдна литература и постмодерната филозофија.
Во претставата ќе се обидам да раскажам се она што ми се случувало во последниве 30 години поточно. Има многу приказни , случувања, разни ситуации, но во суштина ќе се бавам со она што сум , она што се трудам да бидам сиот мој живот и се што сум пропуштила.
Забавно и единствено.
Не сакам конвенционални одбележувања на јубилеј и затоа се одлучив за стенд ап форма. Освен што сум единствена жена што се бави со таа форма и навистина не знам зошто, ќе се обидам и на таа тема да се искажам. Нели родова еднаквост , скоро 22 век ама ние со родова еднаквост се бавиме. МНТ не само што нуди туку и постојано ми е верен другар низ годиниве.
Со МНТ ги поминав сите луди години, деца ми израснаа на проби и претстави, безброј режисери, убави души, прекрасни луѓе. За мене МНТ е живот! Вистинската љубов е кога во една врска никогаш не менуваш, го прифаќаш онаков како што е. МНТ е иделниот мој партнер! Ова е само еден ден во мојот живот кој ќе биде голема љубов и многу смеење.Заборавивме да се радуваме на нештата, заборавивме да живееме.Животот е сега и овде, тука и денес