Горан Стефановски рекол за театарот

 Секогаш беше хируршки прецизен …во негова чест и за нашата најголема љубов…

“Кога ништо не е в ред, а не се крева ниту малиот прст ситуацијата за се подобри… и во тоа се бара дури и некакво задоволство. Ужас. И на овој Балкан никогаш ништо не одело како што треба. Дваесет илјади години наназад. И кога во сиот тој метеж некој се заложи да помогне, таа помош не се прима добронамерно. Напротив. Сомничаво се одбива. И состојбата продолжува. Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање. Не, не на пропаст, да се разбереме. Пропаста е дефинирана состојба. Ни на благосостојба од која сте далеку. Туку на постојано и постојано пропаѓање. Во истите дупки, на ист начин. Повторно и повторно, упорно и тврдоглаво. Никогаш не извлекувате никакво искуство. Тоа станува смешно.”