
На денешен ден точно на пладне, во Универзална сала пред 1.500 гледачи беше изведена првата претстава на тогаш штотуку родениот Театар за деца и младинци – Скопје „Чудовиштата од нашиот град“, по текст на Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски. Осум години подоцна, тогашниот директор и основач на театарот Љубомир Чадиковски, успеа да го вдоми театарот во свој простор, каде и ден денешен се создаваат најубавите детски и младински приказни. По тој повод, а и по повод на НЕДЕЛАТА посветена на Светските чевствувања на театарот за деца и младинци и куклениот театар, ТДМ спроведе низа активности, меѓу кои и работилница за „БОН ТОН“ во театарот и бесплатна посета на претстава за децата од „СОС детското село“. Радосни, среќни и целосно посветени на театарот за деца и младинци, продолжуваме со создавањето квалитетни проекти за нашата публика.
Театар за деца и младинци – Скопје