ВЧЕРА/ Светскиот ден на ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

20. март ширум светот се прославува Светскиот ден на ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ, под слоганот: „ОДНЕСИ ДЕТЕ ВО ТЕАТАР, ДЕНЕС“. 
Во чест на празникот, ја пренесуваме пораката од Ивет Харди, претседателка на меѓународната театарска асоцијација АСИТЕЖ:
———————————————————————
…На децата треба да им се укажат такви прилики во заедницата во кои ќе се потсетуваат на она што го делиме и во кои тие ќе ја ценат повеќеслојната реалност на прашањето – Што значи да се биде човек? Им требаат простори во кои ќе ги истражуваат новите
начини на мислење кои им парираат на наративите за поделби, во кои ќе чувствуваат емпатија за оние кои не се ни малку како нив. Им требаат конкретни искуства на заедништво во заедница за да ги потсетат на радоста и убавината што им ја нуди светот.
„АССИТЕЖ“ верува дека театарот отвора многу премини кон поголемо чувство за поврзаност со другите и, многу важно, со себеси. Неодамна, театарот „Њу Виктори“ во Њујорк, ги објави резултатите
од петгодишното истражување на придобивките од театарот за деца и млади. Едно од клучните, неочекувани сознанија, беше фактот дека одејќи во театар, децата добиваат надеж за иднината. Овие
резултати беа споредени со една контролна група во која тие, кои не оделе на театарски изведби и работилници во истиот тој период, го губеле чувството за нивните идни можности во смисла на образовни и работни можности. Зошто е надежта толку важна? Надежта создава позитивна енергија
што преминува во самоувереност, силна војла, издржливост и конечно, во конкретно делување за да почнеш промена во својот живот и во животот на другите. Секое дете треба да се надева.
Па ајде сите да се заложиме и да однесеме дете или млад човек во театар денес. Да ја шириме неопходната поддршка за да му се гарантира пристап до уметноста и театарот на секое дете, без разлика на неговите лични или социјални околности. И ние кои сме во оваа професија, ајде да се залагаме за овозможување
квалитетни искуства кои ќе го променат начинот на кој помладите генерации го гледаат светот – за подобра сегашност и иднина.
ИВЕТ ХАРДИ, АСИТЕЖ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *