
“..Не, немам повеќе сила да трпам! Што тие прават од мене? Ми сипаат на глава ладна вода.Тие не ме разбираат, не ме гледаат, не ме слушаат. Што им сторив? Зошто ме мачат? Што тие сакаат од мене, кутар? Што јас можам да им дадам? Јас ништо немам. Немам сила, не можам да ги поднесам сите нивни мачења, главата ми гори и се ми се врти пред очи. Спасете ме, поведете ме со себе. Ѕвонете мои ѕвончиња! Полетајте коњи, и носете ме од овој свет, подалеку, подалеку, да не видам ништо, ништо. Ене небото се врти пред мене; ѕвездички сјаат во далечината, ита шумата со темните дрвја и месечината; сива магла паѓа под нозете, струната ечи во маглата; ене ги и руските колиби се наѕираат. Дали тоа мојата куќа се плави во далечината? Дали тоа мојата мајка седи крај прозорот? Мајчице спаси го својот јаден син! Пушти солза на неговата болна глава! Погледај како го мачат! Прими го на своите гради твоето јадно сираче! За него нема место на светот! Го прогонуваат мајчице! Сожали се на своето болно дете…
Зошто се однесуваат така кон мене? Нели сум крал? Дали вака треба да се однесуваат кон еден крал? Дали вие ми верувате дека сум крал?”
– “Дневникот на лудиот” од Николај Гогољ;