Владанка Димовска / актерка

ЕНТУЗИЈАСТ ЗА ПОДОБРО УТРЕ И СПОКОЈНО ДЕНЕС

1. ЗА СЕБЕ : Ентузијаст кој секогаш ќе се бори за подобро утре и спокојно денес.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Ја давам безусловно и ја примам безусловно. Љубовта за мене е како воздух, ако љубов немаме ништо не сме!

3. ЗА ЖИВОТОТ: Сложувалка, која треба убаво да ја споиме.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Фала му што постои! Без него не би била иста!

5. ЗА ДОБРОТО: Нека трае дур може!

6. ЗА ЗЛОТО: Брзо да поминува и да не се враќа!

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Да се живи и здрави. Можеби ќе бидеме пријатели!

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Да се секогаш до мене, живи здрави и среќни. Тоа се најважните луѓе во мојот живот.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Можноста да бидеш некој друг во своја кожа. Можноста да бидеме нешто што никогаш не сме биле, желбата за новото-неоткриеното. А воедно и храброст да се соочиш со себе си таму длабоко кај што никој не гледа и да се соголиш таму кај што сите гледаат.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Ја има кај секој театарски човек. Врежана е во крвта и од неа нема бегање. Дрога која те тера да го сакаш уште повеќе театарот.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Секогаш можам да научам нешто ново и различно од нив,.а заедно можеме да создаваме бескрајно нови и подобри светови.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ : Чекајте ме – идам! 🙂

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Поради неа сум ноќна птица. Искра на креативноста, крик на можноста, и ако се реализира станува споменик на сегашноста.

13. ЗА СОНОТ: Секогаш сум си размислувала кај одиме кога сонуваме? Сонот ми е неоткриена земја, паралелна слика на сите мои мечтаења.

14. ЗА ЈАВЕТО: Треба да имаме розови очила или треба да се менуваме себе а со тоа и него 🙂 Јас би го избрала второво.

15. ЗА ВИНОТО : Една чаша дневно, за да го славиме животот.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Мој почеток и крај. Најважната точка во мојот живот.

17. ЗА КРАЈ: Живели! За иднината што иде, за театарот, ЗА НАС!