Тихомир Стојановски
Театарот, како религија и обред во Македонија поминал низ неколку фази и периоди. Неолитско обредни (Големата Мајка, Адам од Говрлево, неолитската окарина) античко митолошки (античките театари и Дионисовите слави, Дион – светиот град на Македонците, четирите антички театари во Р. Македонија денес ), римско-гладијаторски (на почетокот во античките македонски театри имало само гладијаторски борби), византиски карневалски (после христијанските пости се печело месо-карне и се играле игрите), османлиско – караѓоз и народен театар (кога се забранил класичниот театар за време на Османлиите се случувал како театар на сенки – Караѓоз и народен театар со обредите: Василичари, Сурвескари, Коледари, Кукери и сл.), како враќање кон верата, и делбениот период на 19 век, кога се формирал “Скрб и утеха” на Војдан Чернодрински, чии почетоци датираат од 1895 лето Господово во Средец, денешна Софија.
И затоа мислам дека основната дефиниција дека театарот е “место за гледање” не е веродостојна и ја дава само површинската слика на тоа свето и древно место. Напротив, барем на тлото на Македонија се работи за духовен процес на себеоткривање и потрага по Бога. На процес, кој опфаќа себеспознание и обоготвореност.
Кај Христијан Хардер во речникот на “Илијада” и “Одисеја” зборот “Теа” се поврзува со Божицата Теа и не значи гледање83. Во “Речник грчке и римске митологија” има две толкување за Божицата. По едно е титанка, Теја- Уранова и Гејина Ќерка, која меѓу другите го родиле и Хелиј – јасното сонце, што повторно се совпаѓа со нашата приказна за мистериите и театарот како свет храм84. Во другото, кое според мене е поверодостојо се работи за Тија- делфиска нимфа (како што толкува и Христијан Хардер) која:
“… била прва Дионисова свештеничка и прва која го славела со оргиите…”
или:
“…Тија е Девкалионовата ќерка, која на Зевс му родила два сина Магнет и Македон…”85 Велми со што повторно приказната за театарот има врска со името и тлото на Македонија.