Во Пирот, Србија

Премира на Хасанагиница на Цветановски .

Вчера, во Народниот театар во Пирот се одржа премиерата на претставата Хасанагиница од бардот на српската драматургија, Љубомир Симовиќ во режија на Андреј Цветановски. Ова ќе биде првата премиера за оваа година на Народниот театар во Пирот.

* “Хасанагиница“ е класик на српската книжевност и лектира во српскиот театар. Тема за која многу луѓе пишувале, ама оваа верзија на Љубомир Симовиќ е онаа која останала во аналите на театарската историја како највозбудлива. Хасанагиница е драма која зборува на многу теми, и нив ги раскажува на еден балкански начин. Начин за кој секој од народите кои живеат на Балканот може да каже дека е и негов начин. Трагедијата за изгубеното мајчинство, за загубената љубов, а сѐ тоа во еден доминатно машки свет. Во сите овие заплети и начинот на кој што се третирани, можеме да ја видиме инспирацијата од античките трагедии, вели Андреј Цветановски.

Тој додава дека заедно со екипата сакале да направат балканска античка трагедија, ,која ја раскажува приказната за ослободувањето на една репресирана жена и собирањето на храброст да го подигне својот глас, па макар тоа ја однело во смрт.

Освен режисерот Цветановски, дел од авторскиот тим на претставата се и нашиот сценограф и костимограф Сергеј Светозарев и композиторот Димитар Андоновски, постојани соработници на режисерот.

Актерската екипа ја сочинуваат Даница Станковиќ, Милан Наков, Александар Радуловиќ, Данијела Ивановиќ, Сашка Стојановиќ, Зоран Живковиќ – Жуча, Наталија Гелебан и Александар Алексиќ.