
- Од импровизицијата се раѓаат најубавите сцени
- Ај честито 100! Си ги избројал ли колку се вкупно до сега?
. Благодарам. Мислам дека
се над 600 претстави во мојот театар.
Сега прославивме 120та
изведба на Стјуардеси , Пастувите се накај 70ка , Не
сега драга ближи 30ка, Чао Пријатно 20ка… имаме интересни бројки и се надевам
ќе продолжиме да славиме јубилеи на нашите светови и дека ќе потрајат подолго.
- Си се “ врзал“ за некој лик до сега?
Не би можел да издвојам еден лик или една претстава само би кажал дека сите ликови кои сум ги создал врзани се со мене во тие два часа додека сме на сцената и заедно функционираме некогаш подобро, некогаш полошо. Тоа му доаѓа како некоја кратка љубовна афера во хотелска соба или во подрумот на Шефче или во станот на архитектот Бернард или во комшии кај Сергеј Прамполиновски. Искрено, кога сум во процесот и кога катадневно работам на еден лик, тогаш може и врската да трае подолго , како пробен период му доаѓа тоа за на крајот да сфатиме дали можеме да функционираме од време на време. - Дали и колку Атанас е пастув на сцената и приватно?
Тоа што се случува на сцена
подобро да остане таму,
на сцената имам повеќе слобода и таму можам да бидам
се.
- Дали често инпровизираш, тоа е поради тоа што мора да се снајудуваш на сцена или ти е здодевно да повторуваш реплики?
Од импровизицијата се раѓаат најубавите сцени. Импровизацијата е мeч со две острици , ако не знаеш да ја контролираш може да те исече и да упропасти сѐ друго. Сакам да импровизирам, затоа што можностите кои се отвораат никој не можел да ги смисли, сѐ е свежо и затоа кога е добра импровизицијата, реакцијата што ја добиваме од гледалиштето е награда за крецијата. А некогаш и мора да се импровизира, кога ќе падне кваката од вратата , кога нема колега на шлагворд , кога снемува струја, кога се заборавил текст , кога се рипнал текст… Тоа се безброј ситуации, кои се паметат и се прераскажуваат и по завршувањето на чинот.
- Која е најтешка улога во“ кг “ од која си добил на “ тежина“ и телесно и духовно?
Учам од сите улоги. Не би сакал да одвојувам посебно некоја ролја мислам дека сите се тешки на свој начин и припремата пред претстава ми е посебна за секоја.