Фастен

Сакам да речам: “Фастен” треба да се погледне. Претстава која зборува за едно семејство, среќно, какви што ги има насекаде по “белиов” ни свет, а дома завиткани, молкум седат потајно, во црнина. Видливи, компактни, среќни, големи, гламурозни, многудетни, добро ситуирани, а зад сето тоа трулежот на секоја личност засебно жива , но “мртва”.

Со многу болести, посесивност, татковска непочит кон децата, деца кои сам тој ги злоставувал, кои станале алхохоличари, депресивни, и мајка која сетоа тоа го живее и гледа пред своите очи и молкум се преправа, во сите години години живот во тој брак.

Современа тема тогаш и сега во Данска, а и кај нас. До и во нашата соба, на другата врата, кај соседот и сѐ тоа блиску до нас.

Направени се добри сценски решенија, минимализам, а гламурозен, во гардеробата пред сѐ…Актерската екипа на врв на својата задача.Се радувам што овој пат нема да речам како гледач, дека беше здодевно, зошто и молкот на сцената, во очите на актерите, говореше. Со малите, назнаки, понекогаш и силни, полни гнев и омраза, актерите низ движењата нѐ убедија во сѐ она што беше речено и сторено на сцената. “Стегната“ претстава од страна на режисерката Зоја Бузалковска.

Ви Благодарам како гледач, на целата екипа, што публиката ја оставивте мирна и будна, а зборовите кои нѐ оставаа во молк, ни тежеа и нам.

Се заврши со среќен крај, кога мајката која молчи сите години во тој брак, конечно застанува на страна на своите чеда….

Убаво е да се види ова претстава во Драмски театар – Скопје.

Гледачот !!!