Тихомир Стојановски
При крајот на оваа глава ќе ги споменеме споредбите на професорот Попов со современата македонска култура. Или како што тој ја нарекува тракиска? (Македонија никогаш не била Тракија) На пример, ликот на Крале Марко го споредува со тракискиот коњаник80, исто така ги споредува нимфите од антиката со самовилите, со божицата Артемида и нејзиниот атрибут еленот, прави споредби во епските песни на Крале Марко со неговата посестрима Јуда, самовила со Артемида и Аполон, и ја споредува приказната за живата вода и Александар Македонски и неговата сестра која се претвора во самовила. Славите на света Марена ги веде од антиката на Родопите во село Заберново, славите за свети Трифун со Дионис, и накрај Кукерите со маските кои се играат и денес како народен обреден театар ги веде како директно наследство од Дионисовите слави во антиката.
“… основно лице, кое дејствува е Кукерот… женствен, весел Дионис… тој е водечки актер… ги споменува како февруарски Деноносии… кажува како се канат светците за да учествуваат во обредната трпеза… како играат оро околу огнот…” 81
И секако повторно доаѓаме до основната нитка, темел на сценските дејства како обред, вера и религија, кои се преобразуваат понатаму во театар (она што го разбираме денес) и храм (она што денес се верските храмови) како две различни институции кои се тргнати од едно исто духовно дејство и обредност чествување на Бога. Секако на тлото на Македонија и во македонската култура. Не случајно Ребека Вест во својата книга “Блацк Ламб анг Греѕ Фалцон” вели дека уметноста во Македонија “не е технички трик туку реален духовен процес” со дополна “… како идеја за Господ и Владетелот…”82 Со тоа мислам дека се заокружува нашево театарско трагање по религијата и верата. Се завршува една потрага по театарот, како духовност и религија и не само во Македонија туку и пошироко.