Почина актерката Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка

На ден 29.03.2019 (петок) на 85 години почина актерката Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка (18.08.1933-29.03.2019), доајенката на македонскиот театар.

Таа во театарот на народностите во Скопје работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1955 до 1991 година, кога замина во пензија.

Улогите (над 100 различни улоги) во 40 годишниот работен стаж ги 
толкувала на сите јазици што се зборувале во државата (македонски, 
турски, албански, босански, српски и ромски јазик).

Во матичната куќа ги играла следните позначајни улоги: Стана, ќерката на Хаџи Тома („Коштана”, 1957); Дока („Зона Замфирова“, 1958); Назли, дадилката на Зејнеп (Алиш, 1958); Ката, жената на Хаџи Тома („Коштана“, 1965); Олси, мајката на Лу Ху („Изгубената принцеза“, 1966); Анѓа, жена му („Сомнително лице“, 1967); Каракуш („Налани“, 1967); Госпоѓа Ротермаер („Хај ди“, 1968); Мајката („Крвави свадби“, 1969); Ајше, вдовица („Цвеќарот Али“, 1970); Фатма, жената на Касим („Али баба и четириесет разбојници“, 1970); Исмет („Омер и Мерима“, 1971); Мајка Храброст („Мајка Храброст“, 1971); Пембе Ханума („Изгасната свеќа“, 1971); Мајката на Пинторовиќ („Хасанагиница“, 1979); Симка, жената на Агатон („Ужалена фамилија“, 1979); Г-ѓа Расколников („Злосторство и казна“, 1980); Зехра, мајката на Асие („Како да се спаси Асие“, 1996); Дока („Зона Замфирова, 1979); Емина („Лудата Емина“, 1984); Долорес 
(„Јерма“, 1986); Леди Магбет („Магбет“, 1988) Капларот („Кавкаски круг 
со креда“, 1989); Мајка („Јунус Емре“, 1991); Елиф („Мајка Елиф“, 1992); 
Алтана („Тетовирани души”, 1994); Мајката на Мехмет („Ќелавиот Мехмет“, 1994); Енона (Федра, 1997); Арна, мајка на Максим („Р.Р.Р.“, 1999) и многу други.

Добитничка е на многубројни награди и признанија меѓу кои: награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Капларот во претставата „Кавкаски круг со креда“ (Прилеп, 1988), награда „Актер на годината“ на ревијата „Екран“ (Скопје, 1989), награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1998), награда за животно дело “Златен дедал” – Европска филмска академија ЕСРА (Скопје, 2012) и награда “13 Ноември” на Град Скопје од областа уметноста – за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје (Скопје, 2016).

Погребот ќе се одржи на 30.03.2019 (сабота) во 15:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје, додека комеморацијата во организација на 
Албанскиот театар и Турскиот театар ќе се одржи на 02.04.2019 (вторник) во 12:00 часот во Театар Комедија во Скопје.

СЕЌАВАЊЕ / МАКЕДОНСКА ПОРАКА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ, 2009.

ВО ЧЕСТ НА РОДЕНДЕНОТ НА ТЕАТАРОТ. НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ

ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ Светски ден на театарот – 27-ми март

Македонска порака од Ѓорѓи Јолевски, актер, Македонски народен театар

Живееме во многу комплицирано време. Стресно и хаотично. Од нас се бара да се откажеме од својот идентитет и да влеземе во глобалниот систем на вредности каде што нема индивидуалност, сопствен став за светот што не опкружува. Да се вклучиме во систем кој ни нуди „сигурност“ и слепо да веруваме во него.
За да го одбегнеме привидот на сигурност, моќ, пари, сајбер-свет, најдобро е, како што верникот стои пред свештеникот, така и ние да застанеме пред самите себе и да се погледнеме, да влеземе во себе и да ги побараме емоциите кои одамна сме ги заборавиле во трката што ни ја нуди таканаречената стварност. Театарот е идеалната уметничка творба која нуди средба со самиот себе си. Таа и како концепт и како реализација ја потенцира индивидуалноста и ја потврдува тезата еден човек – еден Космос. 
„Велат дека на седмиот ден од создавањето на светот избувнала здодевноста. Луѓето не знаеле што да прават со подареното време – денот на починката – па Господ се почувствувал присилен да го започне последниот обид, се разбира на ниво на своите преходни изуми.

„Нека има светлина! Ох не, тоа веќе го имав….“
И така, по долга самозадлабоченост, значи, по една сосема длабока, длабока, длабока задлабоченост, толку длабоко може да се задлабочи само Господ…..
Идеја! „Нека има театар – Нека има театар! “.
Вака татарскиот маг, Питер Брук, на свој луциден и софистициран јазик ја започнува расправата за суштината на театарот.

Светот се менува во секоја секунда. Врие како во котел. Така живее современиот човек а така живее и театарот. Уметниците се втурнуваат без страв да влезат во битка со непознатото и невозможното. Театарот е магија која е многу конкретна во своето предупредување, коментирање на реалноста но и дијагностицирање на аномалиите на таканаречената реалност. Кога ќе ја најдете дијагнозата, се разбира дека ако ништо повеќе ќе се обидете да предложите лек против болеста на ваш сосема специфичен јазик. И ако не верувате дека тоа е возможно едноставно ќе ја изгубите надежта а тоа секако не е човечка карактеристика. Можеби Бекет во сета своја безнадежност ја потенцира токму желбата човекот да се обиде, и покрај невозможните околности, да остане жив па макар и правејќи си друштво самиот на себе си.

Во ова кратко време што Бог ни го дал да престојуваме во овој простор треба постојано да сме во движење правејќи го она што најдобро го знаеме. Актер сум и светот го гледам преку призмата на театарот. Тоа е местото каде што се чувствувам жив. Местото каде што можам слободно да дишам. И да верувам дека мојот партнер – гледачот, после добиената доза волшебство, ќе се врати во својот свет променет.

Горан Стефановски рекол за театарот

 Секогаш беше хируршки прецизен …во негова чест и за нашата најголема љубов…

“Кога ништо не е в ред, а не се крева ниту малиот прст ситуацијата за се подобри… и во тоа се бара дури и некакво задоволство. Ужас. И на овој Балкан никогаш ништо не одело како што треба. Дваесет илјади години наназад. И кога во сиот тој метеж некој се заложи да помогне, таа помош не се прима добронамерно. Напротив. Сомничаво се одбива. И состојбата продолжува. Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање. Не, не на пропаст, да се разбереме. Пропаста е дефинирана состојба. Ни на благосостојба од која сте далеку. Туку на постојано и постојано пропаѓање. Во истите дупки, на ист начин. Повторно и повторно, упорно и тврдоглаво. Никогаш не извлекувате никакво искуство. Тоа станува смешно.”

27 март Светски ден на театарот – во Македонија

Почитувани,

Традиционално, пред почетокот на претставите ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг. Меѓународната порака за Светскиот ден на театарот – 27 март е Карлос Селдран – режисер, драмски писател, театарски едукатор и професор од Куба, а македонската порака за 2019 година е на Југослав Петровски – драмски писател.

Македонскиот народен театар ќе го даде својот придонес кон одбележувањето на 27 март – Светски ден на театарот – со изведбата на претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман во режија на Александар Морфов.

Во Драмски театар Скопје 20:00ч “Луди за љубов “Автор:  Сем  Шепард Режија:  Деан Дамјановски Музика:  Миодраг Неќак
Автор на композиција: Јана Стојановска МАЛА СЦЕНА

Театарот “ Војдан Чернодрински “ Прилеп на матичната сцена ќе ја одигра претставата “ Пиреј “ во чест на светскиот ден на театарот.

Театар Комедија/ Скопје, кој на овој ден прославува години од неговото постоење ќе не почести со претставата “ Не Сега, Драга“

Театарот “ Антон Панов “ Струмица ве повикува да ја погледнете претстава „Животинска фарма“

Во Куманово ќе се игра претставата,, Мојата ти”. Повелете вљубеници на оваа уметност, да го прославиме овој ден зедно.

Во Битола по повод светскиот ден на театарот ќе ја има на својот рпертуар ,,Но(е)ва Македонија,, политичката сатира во режија на Кокан Младеновиќ.

Teатарот “ Ацо Шопов“ Штип ќе ја игра претстава “ Бегство “

Во Охрид ќе се одигра претставата “Каде е пиштолот?” од Габор Ѓорѓеј, во режија на Дејана Николовска

СИТЕ ПРЕТСТАВИ ЌЕ БИДАТ ОДИГРАНИ / 20.ОО часот

29 ГОДИНИ ТДМ


На денешен ден точно на пладне, во Универзална сала пред 1.500 гледачи беше изведена првата претстава на тогаш штотуку родениот Театар за деца и младинци – Скопје „Чудовиштата од нашиот град“, по текст на Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски. Осум години подоцна, тогашниот директор и основач на театарот Љубомир Чадиковски, успеа да го вдоми театарот во свој простор, каде и ден денешен се создаваат најубавите детски и младински приказни. По тој повод, а и по повод на НЕДЕЛАТА посветена на Светските чевствувања на театарот за деца и младинци и куклениот театар, ТДМ спроведе низа активности, меѓу кои и работилница за „БОН ТОН“ во театарот и бесплатна посета на претстава за децата од „СОС детското село“. Радосни, среќни и целосно посветени на театарот за деца и младинци, продолжуваме со создавањето квалитетни проекти за нашата публика. 
Театар за деца и младинци – Скопје

На 27 март пораки испратија светскиот театарски режисер и драмски автор Карлос Селдран и македонскиот драмски автор Југослав Петровски.

По повод Светскиот ден на театарот.

Селдран, кој е автор на светската порака, вели дека театарската традиција е хоризонтална и никој не може да потврди дека театарот живее во било кој центар од светот, во било кој град или привилегирана зграда. Театарот, додава Селдран, се шири низ една невидлива географија.

–  Кога сфатив дека театарот е држава сама за себе, голема територија која го покрива целиот свет, во мене се роди една решителност која исто така беше и едно остварување на слободата: ти не мораш да одиш некаде далеку, ниту пак да се поместиш оттаму каде што си, не мораш ниту да трчаш, ниту пак да се придвижиш. Публиката е онаму каде што живееш ти. Ги имаш на своја страна колегите кои што ти се потребни. Таму, надвор од куќата, ја имаш целата таа матна, непробојна дневна реалност. Потоа, ти работиш од таа очигледна неподвижност за да го формираш најголемото патување воопшто, да ја повториш Одисејата, патувањето на Аргонаутите; ти си неподвижен патник кој не прекинува да ја забрзува густината и ригидноста на својот реален свет. Твоето патување е пат кон мигот, кон моментот, кон неповторливата средба пред твоите врсници. Твоето патување е кон нив, кон нивното срце, кон нивната субјективност. Ти патуваш во нив самите, во нивните емоции, во нивните сеќавања кои те будат и те мобилизираат, истакнува Селдран во пораката.

Авторот на македонската порака оценува дека театарот се уште не е мртов, но оти од ден на ден полека умира бидејќи недостига катарзата.

–  Најдобра театарска претстава е онаа претстава што на крајот, секој од гледачите, дома, во себе, ќе си понесе сосема поинаков „петти елемент“. Што би значело дека најдобра претстава е онаа кога секој дома ќе си замине со потполно различна, само своја катарза, само свој „петти елемент“, порачува Петровски во својата порака.

.

ITI – Macedonian Center of International Theatre Institute‎Програма за Светскиот ден на театарот – 27 март 2019

Модератор на програмата по повод Светскиот ден на театарот – 27 март 2019: Сашо Огненовски – писател, поет, актер, режисер.

Во рамките на програмата по повод Светскиот ден на театарот 27 март 2019: Претставување на работата на Театар Чекори; 45 години активно театарско делување: „Естетика во различен контекст“ – Маја Ѓурчевска, актерка и режисерка Театар Чекори.

Гостин на програмата по повод Светскиот ден на театарот 27 март 2019 – Стефан Марковски – уредник, писател, поет – „Современост – печат на македонската книжевна и уметничка традиција“

Гости на програмата за Светскиот ден на театарот 27 март 2019: Јасмина Билаловиќ – менаџер на Медиас Артес од Охрид, актерка во НУ Театар Охрид.

Гости на програмата по повод Светскиот ден на театарот, 27 март 2019 : Дарија Андовска – композитор, професор ФМУ и ФДУ Скопје – „Функцијата композитор во театар” Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА организира културна програма за Светскиот ден на театарот – 27 март 2019 (среда) во просториите на ЕУ Инфо Центар-Скопје.

Програма:

19ч – 19.10ч, Воведен збор/Воведно отварање (Иванка Апостолова – Раководител на Македонскиот центар на ИТИ; визуелен драматург)
19.10ч – 19.15ч, Читање на светската порака по повод 27 март со кратко претставување на авторот Carlos CELDRAN, Cuba – театарски режисер (Чита: Сашо Огненовски – актер, автор-писател, поет)
19.15ч – 19.20ч, Читање на македонската пораката по повод 27 март со кратко претставување на авторот (Чита: Југослав Петровски – автор)
19.20ч – 19.50ч, Разговор со македонскиот автор на пораката за
современиот македонски театар во однос на светските случувања (автор: Југослав Петровски, модератор: Сашо Огненовски)
19.50ч – 21.30ч, Сесија на кратки професионални претставувања на членовите и соработниците на Македонскиот центар на ИТИ:
– Претставување: „Функцијата композитор во театар” (Дарија Андовска – композитор, професор ФМУ и ФДУ Скопје)
– Претставување: „Современост – печат на македонската книжевна и уметничка традиција“ (Стефан Марковски – уредник, писател, поет)
– Претставување на Јасмина Билаловиќ – менаџер на Медиас Артес од Охрид, актерка Театар Охрид
– Претставување на работата на Театар Чекори; 45 години активно театарско делување – „Естетика во различен контекст“ (Маја Ѓурчевска – актерка и режисерка Театар Чекори)
– Сесија на прашања и одговори

Иницијатори и организатори: Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА
Партнери: ЕУ Инфо Центар – Скопје

Александра Пешевска / aктерка

Непоправлив наивец и фантазер.

ЗА СЕБЕ : Непоправлив наивец и фантазер.

ЗА ЉУБОВТА : Колку повеке Созрева знае повеке да боли

ЗА ЖИВОТОТ: Постојана борба. Знае да биде и едноставен, но упорно го комплицираме .

ЗА ТЕАТАРОТ: Моја Радост. Моја Свеченост.

ЗА ДОБРОТО: Секогаш прво. Тоа барај го Во Другите … ќе го најдеш во себе

ЗА ЗЛОТО : Ако го препознсеш во себе веднаш. Нападни го уништи го, па тогаш барај го во другите

ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Непријател= Непријатност= Непријатно

– ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ: Нека е и еден ама вреден .

ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Знае да биде и Симпатична кога Не Боли

ЗА. СЦЕНСКАТА ПРАСИНА; Хм… еден мој Сега покоен професор еднас ми рече ; Ти си како театарски реквизит, ко да си родена тука на сцена … во тој случај Сценската прашинка ми е Сестра , во најлош случај Љубовница .

ЗА КОЛЕГИТЕ: Крајно сум несебична кон Нив. Ги почитувам

ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Што е Мое ке си Дојде

ЗА ИДЕЈАТА. Движечка сила

ЗА СОНОТ : Театар

ЗА ЈАВЕТО: Сурово е Премногу

ЗА ВИНОТО: Слабо пијам Вино, скоро воопшто. Така што неможам да кажам дека ИН ВИНО ВЕРИТАС

ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Лојалност .

ЗА КРАЈ: Сакајте ги животните нивната љубов. Ништо нема да ве цини и плус не бараат Ништо за возврат .Не се користољубиви и незнаат што е Мито и Корупција . Пробајте , ќе се уверите ! Гушка!

ВЧЕРА/ Светскиот ден на ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

20. март ширум светот се прославува Светскиот ден на ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ, под слоганот: „ОДНЕСИ ДЕТЕ ВО ТЕАТАР, ДЕНЕС“. 
Во чест на празникот, ја пренесуваме пораката од Ивет Харди, претседателка на меѓународната театарска асоцијација АСИТЕЖ:
———————————————————————
…На децата треба да им се укажат такви прилики во заедницата во кои ќе се потсетуваат на она што го делиме и во кои тие ќе ја ценат повеќеслојната реалност на прашањето – Што значи да се биде човек? Им требаат простори во кои ќе ги истражуваат новите
начини на мислење кои им парираат на наративите за поделби, во кои ќе чувствуваат емпатија за оние кои не се ни малку како нив. Им требаат конкретни искуства на заедништво во заедница за да ги потсетат на радоста и убавината што им ја нуди светот.
„АССИТЕЖ“ верува дека театарот отвора многу премини кон поголемо чувство за поврзаност со другите и, многу важно, со себеси. Неодамна, театарот „Њу Виктори“ во Њујорк, ги објави резултатите
од петгодишното истражување на придобивките од театарот за деца и млади. Едно од клучните, неочекувани сознанија, беше фактот дека одејќи во театар, децата добиваат надеж за иднината. Овие
резултати беа споредени со една контролна група во која тие, кои не оделе на театарски изведби и работилници во истиот тој период, го губеле чувството за нивните идни можности во смисла на образовни и работни можности. Зошто е надежта толку важна? Надежта создава позитивна енергија
што преминува во самоувереност, силна војла, издржливост и конечно, во конкретно делување за да почнеш промена во својот живот и во животот на другите. Секое дете треба да се надева.
Па ајде сите да се заложиме и да однесеме дете или млад човек во театар денес. Да ја шириме неопходната поддршка за да му се гарантира пристап до уметноста и театарот на секое дете, без разлика на неговите лични или социјални околности. И ние кои сме во оваа професија, ајде да се залагаме за овозможување
квалитетни искуства кои ќе го променат начинот на кој помладите генерации го гледаат светот – за подобра сегашност и иднина.
ИВЕТ ХАРДИ, АСИТЕЖ

„Демократија“ од Бродски премиерно во Прилепскиот театар

 20 03 2019 

Прилепскиот  театар „Војдан Чернодрински“ утревечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе  претставата „Демократија“ од Јосиф Бродски во режија на Кирил Петрески, која е последна од минатогодишната програма на театарот, а беше пролонгирана од објективни причини.

Се работи за македонска праизведба на единственото драмско дело на поетот, есеист и публицист Бродски, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата и на Нобеловата награда за литература од 1987 година.

Претставата е политичка сатира за прекуноќ промена на општественото уредување  на една тоталитарна држава во демократија што, според режисерот Петрески, е блиско на состојбите на овие простори.

-„Демократија“ е единствено драмско дело на Бродски напишано во 1989 година во турбулентно политичко време, распаѓањето на Советскиот Сојуз и паѓањето на Берлинскиот ѕид. Дејството се случува во една мала тоталитарна држава, која поради историските околности треба, преку ноќ, со декрет да воведе демократија. Од искуство знаеме дека транзицијата е идеално време за злоупотреба на демократијата и може одлично да послужи за задоволување на сопствените, главно, материјални интереси на политичката елита. Таа има пристап до изворите за богатење, додека великодушно од нејзината пребогата маса фрла трошки  за народот, рече Петрески.

Актерите Михајло Миленкоски и Марјан Чакмакоски истакнаа дека многу научиле во трите месеци  подготовка на претставата.

– Ја играм улогата на министер за финансии. Во претставата ја играме Владата со еден претседател и четворица министри кои треба да ја решат судбината на целата нација и на државата. Во претставата може да се види дека ние повеќе внимание посветуваме на копанот што го јадеме отколку на реформите кои треба да ги спроведеме во 30 минути. Правиме реформи во пет минути, а знамето и химната во една минута. Но не е добро. Произлегува дека политичарите не се борат за нашето добро, за доброто на граѓаните, туку  за своето добро, како да ја задржат фотелјата и да се погрижат за блиските, рече Миленкоски.

Чакмакоски додаде дека додека работеле на претставата сфатил дека демократијата била од животно значење.

-Секој ден се буидиме со демократија, демократски избори, со демократска влада. Сè било во име на демократијата. Сфатив дека демократија е сè околу нас, демократија е животот. А еден телефонски повик може да промени судбина на еден народ, на нација, на еден театар, на човечка судбина, рече  Чакмакоски.

Покрај нив, во претставата играат и Димитар Ѓорѓиевски,   Ангела Наумоска и Димитрина Мицкоска. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Роза Трајческа-Ристовска, автор на музиката е Марјан Неќак, а драматург Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.

Прилепскиот театар годинава ќе работи на четири проекти, а веќе за десетина дена ќе почнат подготовките на два од нив: „Арапска ноќ“ и „Семејни приказни“.  До крајот на годинава  се планирани и премиери на  „Господа Глембаеви“ и на сатиричната комедија „Лажговци“.