TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Фол ги споредува игрите на нестинарите (анастенарите) на свети Атанас и свети Константин и Елена во обредно оро, во кое се влегува во оган. И нели како крштение со вода, оган и накрај со Светиот Дух и посветени ора на Диониса (Исуса). Велми, споредувајќи ја Елена како мајката, а Константин како новородениот син, за да се оправда денот кога играат нестинарите, христијанскиот свет ден Свети Константин и Елена. И денес, за жртва се подготвува тригодишен бик или црно машко, нескопено јагне како крвна жртва, дар на Бога. Фол ја споменува и Дионисовата кошница за дарување која содржела:

“… баници напоени со вино, кравајчиња и пити од мед, Деметрини обредни лебови… мажите се обложувале со венци од растенија, кожи од елен (Артемида) и играле ора пиејќи вино од кратери…” 75

 

Велми е и секому е јасно дека и денешните слави на нашиве простори имаат допирни точки на Дионисиство. Една свадба, крштевка, именден или која било прослава почнува со крвни жртви на трпезата (месо) и бескрвни (леб ), канење на Бога и славење со песни и ора, како остаток од Дионисовите слави кои длабоко се влезени во македонската култура и театарот на тлото во Македонија. Традицијата на играње ора е присутна и денес, како едно од македонските народни обичаи. Секако и ако се споредат литургиите во православните цркви со театарските дејства во антиката ќе видиме дека имаме допирни коти како: сцена и олтар, обраќање кон Бога, пролог, главен актер и свештеникот кој ја води литургијата со тајфата, хор, поучно слово или приказна, дијалог, и на крајот поентата или зошто се создаваат славата и драмата. Тоа ни дава право да зборуваме за единство на театарот и храмот во антиката на македонско тло. И оваа тема е долга и широка и за неа може да се пишува многу. На крајот на оваа глава за театарот и црквата ќе посочиме уште една книга која ја поткрепува нашава теза.

“… Музиката од Траки и Македонци е на особена почит…”76

Колку сме и какви странци на оние што ни се најблиски?

 

„Режисерката Нела Витошевиќ создала непретенциозна, внимателна, интимна, човечка претстава. Ова е претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публика и за тие на сцена.“

(За претставата „Странци“ според филмот „Совршени странци“ на Паоло Џеновезе, во режија на Нела Витошевиќ, Драмски театар – Скопје)

Адаптирањето на филмско сценарио во театарски/драмски текст, секогаш е ризично, но доколку се направи како што треба дава одлични резултати. Претворањето на филмското сценарио во драмски текст, значи внимателно „преведување“ на јазикот на филмот, во јазикот на театарот. Кога станува збор за адаптација на еден филм како што е „Совршени странци“ (Perfetti sconoscuiti) на Паоло Џеновезе (Paolo Genovese) – прецизен, непретенциозен и непосреден треба да се базичните квалификативи. Уште со првото негово прикажување во 2016 година, овој филм за вечерата на седумината пријатели и нивната игра (да се остават сите мобилни телефони на маса, и секоја порака, меил или повик јавно да се проследат пред сите), предизвика силни емоции од гледачите, пред сè поради неговата општочовечка приказна за довербата и денешниот свет затворен во мобилните телефони, или како што тоа го вика Ева, една од ликовите во филмот: „црната кутија на секој човек“.

Претставата на Драмски театар – Скопје, покажа дека „ преводот “ од филм во театар е направен прецизно, адекватно и внимателно.

Резултат на тоа е претстава што долго ќе опстои на репертоарот на театарот. Режисерката Нела Витошевиќ создала непретенциозна, внимателна, интимна, човечка претстава. Ова е претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публика и за тие на сцена. Оние мали човечки приказни полни големи проблеми затскриени зад секојдневните човечки вредности и нивното кршење. Нела Витошевиќ и драматургот Викторија Ранегелова-Петровска создаваат театарски текст што ги преплетува потенцијалните вистинити приказни во една можна, која кореспондира со тоа што можело и што се случува навистина.

Ноќта на затемнувањето на месечината, кога седуммината пријатели се собираат на вечера и навидум обичната ноќ во оваа претстава, како и во филмот, се претвора во своевидно откривање на сите скриени тајни. На крајот прстенесто го затвора дејството со прашањето дали навистина нешто од ова се случи или само можеше да се случи, па претставата ќе почне онака како што завршува. Најважно да се нагласи е дека ова е претстава за актерите. Актерите кои создаваат ликови  пред нашите очи и креираат автентични уметнички дела. Ирена Ристиќ како Ева е суптилна, атрактивна, строга во изразот, посветена на својот свет, што дискретно го отвора пред нас. Нејзиниот сопруг Роко, (го игра Предраг Павловски) е нејзината спротивност, собран во себе, затворен меѓу сопствените фрустрации и „пониската вредност“, а истовремено силен како татко.  Во партнерската корелација со Ристиќ, колку и да е таа надмоќна, тој одговара со подреденост, создавајќи го ликот миметички компетентно. Во тоа ја препознаваме и моќта на режисерката да направи одлична актерска поделба.  Динамиката на играта ја води експресивната Карлота на Билјана Драгичевиќ Пројковска, која го профилира нејзиниот лик во непосредна релација и со Ева, нејзината пријателка и  со Микеле, нејзиниот сопруг кој го игра Игор Ангелов. Неговиот Микеле е активен, кооперативен и нагласено неемотивен, за да може да ги развие партнерските односи и со Пепе и со Роко и со Козимо. Секој од овие брачни парови функционира во сопствените правила и во играта напоредно со другите. Пред нас се отвора актерска игра како од учебник, како треба да се игра и да се создаваат ликовите – внимателно и посветено. Сања Арсовска како полетната млада сопруга Бјанка и нејзиниот Козимо, сопругот што го игра Филип Трајковиќ ја градат партнерската структура најактивно од другите соодветно на нивната млада врска, но и на динамичкиот, немирен карактер на Козимо. Пепе, на Зоран Љутков, единствениот лик што нема видлив партнер на сцена и околу кој се врти поголемиот дел од приказната, може да се нагласи дека е оној што како сврзно ткиво ќе ги спои и раздели сите поединечни приказни во претставата. Овие седуммина актери ни покажаа како се игра претстава без да се изнасилува играта, без да се прави доминација на еден од нив. Може да се заклучи дека благодарение на режијата, актерската игра добива примат и тоа е она што одамна му фали на македонскиот театар – актерска игра која ќе биде интимна, сигурна, фокусирана на ликот и со цел да се направи колективна игра што ќе биде препознаена од публиката, а со тоа и наградена од публиката.

Нивната игра ја дополнува музиката на Огнен Атанасовски кој играјќи со минималистичките ноти и џез интервенциите според филмот, прави музика која може да ја наречеме илустрација на клучните емотивни состојби во претставата. Модерната сценографија на Константин Трпеновски прикажува три паралелни полиња за игра, дневната соба на брачниот пар Роко и Ева, влезот во станот со купатилото и балконот од кој се следи затемнувањето на месечината. Едноставни прецизни линии, кокетираат со реализмот, но во привлечна доза за гледање. Костимите на Роза Трајческа – Ристовска се адекватен одговор и на режијата и сценографијата и на актерската игра. Секој костим одговара на ликот што го играат актерите и преку нивната модерна, современа структура и изглед функционираат онака како што треба да изгледа еден театарски костим – комплементарен на ликот.

Единствено што треба да се спомене и недостига во рекламниот материјал на претставата се имињата на сценаристите на филмот според кој е направена претставата: освен режисерот на филмот Паоло Џеновезе (Paolo Genovese), тоа се Филипо Болоња(Filippo Bologna), Паоло Костела (Paolo Costella), Паола Мамини(Paola Mammini) и Роландо Равело (Rolando Ravello).

Драмскиот театар од Скопје, овој ансамбл и режисерката Нела Витошевиќ покажаа со оваа претстава како се игра една модерна, човечка приказна и како во театар фокусот секогаш треба да го носат актерите. Претстава што треба да се игра и претстава што треба да се гледа!

Д-р Ана Стојаноска, театролог

/ превземено / www.http://gledaj.mkc.mk/

Кога режисерот го нема, глумците претстава режираат?!

…„претстава во која очигледно е вложено многу труд: актерите доживуваат по неколку трансформации во текот на дејството, сценографијата е реалистично комплексна, а модернизираните костими се одлично ставени во функција на актерските улоги.“

15/01/2019

Кон изведбата на „Еден месец на село“ на 18.10.2018. Режија: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен тeатар

Што би добиле кога ќе вкрстите софистициран режисерски сензибилитет, неверојатно квалитетен ансамбл и солидна драма на Тургењев? Би сакала одговорот да е одлична претстава, но тоа не е случајот со „Еден месец на село“, претставата што премиерно ја прикажа МНТ. Различните нивоа на посветеност кон крајниот продукт се и повеќе од очигледни – Маџели паралелно подготвуваше уште една претстава во Загреб, па на актерите од МНТ како да им преостанало во негово отсуство да ги пополнат празнините во претставата по сопствена волја.

Како и во драмскиот текст, ги следиме случувањата на селскиот имот на Аркадиј Сергеич Ислаев (Ѓорѓи Јолевски) и неговата сопруга Наталија Петровна (Сашка Димитровска). На имотот живеат и нивниот син Коља (Лука Софрониевски/Димитар Илијевски/Александар Цветковски), нивната штитеничка Вера Александровна (Дарја Ризова), мајката на Ислаев, Ана Семјонова (Катерина Коцевска), куќниот пријател Михаил Александрович Ракитин (Никола Ристановски) и слугинката Катја (Ана Стојановска). За воспитувањето и образованието на Коља се грижат гувернантата Лизавета Богдановна (Тина Трпкоска), учителот Шаф (Александар Микиќ) и новодојдениот учител Алексеј Николаич Бељаев (Стефан Спасов/Дамјан Цветановски).

Додека во драмата заплетот е фокусиран токму на учителот Бељаев и љубовта која Наталија Петровна и Вера Александровна ја чувствуваат кон него, во претставата овој љубовен триаголник е конфузен и недоволно разработен. Еднакво важна би требало да биде и паралелната приказна за љубовта на Афанасиј Иванич Бољшинцов (Нино Леви) кон Вера Александровна (Дарја Ризова) и самоиницираната стројничка улога на докторот Игнатиј Иљич Шпигелски (Сашко Коцев), но комичниот „товар“ од првиот чин оневозможува комплетен развој на оваа нишка во вториот.

Иако напишана одамна, приказната на Тургењев овозможува лесно прилагодување кон режисерската идеја. Сепак нејзината податливост кон современи интерпретации, во најмала рака, е неискористена. Маџели поставил претстава со два контрастни, но некомплементарни чинови. Во првиот дел од „Еден месец на село“, материјата на Тургењев се претвора во модерна комедија на ситуации со изнасилени премини, хиперактивно дејство и грубо оформени интеракции. За љубителите на ваквата атмосфера, играта на Јолевски, Ризова, Стојановска, Микиќ и Коцев е сосема соодветна.

Заплетот и вистинската „тежина“ на претставата се оставени за вториот дел каде се крши илузијата на отмена аристократска прослава, па „идиличната“ селска приказна стигнува до антиклимактичен и скоро „кафански“ крај. Како клучни сидра за драмското дејство во двата речиси неповрзани чинови, се издвојуваат Димитровска чиј прецизно одигран заводлив матријарх има уверлив развој, Коцевска чие силно присуство на сцената зрачи од достоинство и во најнедостоинствените моменти, и секако, Ристановски како главната противтежа на целиот комичен темперамент презентиран од останатите машки ликови.

На страна од неконзистентната режија, „Еден месец на село“ е претстава во која очигледно е вложено многу труд: актерите доживуваат по неколку трансформации во текот на дејството, сценографијата е реалистично комплексна, а модернизираните костими се одлично ставени во функција на актерските улоги.

На крајот, останува едно прашање: дури и ако му прогледаме „низ прсти“ на Маџели за нецелосното реализирање на сопствената режисерска визија, дали групното режирање на претставата од страна на актерите е доволно за квалитетен производ? Одговорот зависи од две работи: субјективната дефиниција за „квалитет“ и личните очекувања од нашата најголема театарска куќа.

Јована Ѓорѓиовска www.gledaj.mk

Ѓорѓи Ризески режисер

Во прво лице

ТЕАТАРОТ – ЕДИНСТВЕНА ВИСТИНА

1. ЗА СЕБЕ: Идиот.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Исчезнува.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Ништо не е важно – Се е дозволено.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Единствената вистина. Реалност. Искреност.

5. ЗА ДОБРОТО: Ако постои Господ, единствено од тебе сака да бидеш добар.

6. ЗА ЗЛОТО: Го разбирам.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Немам непријатели.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Супер се сите. Помислувам често каков би бил животот ако ги немам нив. Многу, многу полош.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Сите глумиме живот.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Да ја намачкаш по образите… И убаво ти е…

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Алал да ви е.

11. ЗА НЕНАПРАВЕНИТЕ ПРЕТСТАВИ: Тешко ми е кога не работам.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Единствено нешто што може да те спаси.

13. ЗА СОНОТ: Само напред со мотивот на Жан од „Госпоѓица Јулија“…

14. ЗА ЈАВЕТО: Театар.

15. ЗА ВИНОТО: За многу малку ќе ме убиеше.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Основа… Темели…

17. ЗА КРАЈ: Сите ќе умреме.

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

 

“… младиот Бог (мисли на Дионис) се појавува облечен во седум овчи кожи… носи тирс борова шишарка (симбол на вечност од атиката) и со тајфата на средсело денес (некогаш во агората) ја игра сцената на оплодувањето на Големата мајка Божица и раѓањето на волкот ( Загреј, Дионис), неговата смрт и вдахнување на новиот живот (имитативен театар)… секако и отпретување на три волнени нишки над вода што тече (култ кон вода)… кукли на жени со фалус (куклен театар)… жртвување на бик (присутно во антиката) на денот на Свети Константин и Елена, тригодишен бик, како што посочуваат химни од Орфеј и Дионис се дели обвиткан во дабови лисја како сирово месо… Кукеровиот ден се случува помеѓу 5 и 15 сечко (февруари, кога малата Дионисија во антиката била на македонско тло). 74