50+ Прво ќе ме земеш, после ќе ме …

Веќе подолго време, многу долго време ,“батките“ забораваат од каде доаѓаат, во нашето и вашето маало. Среќа што сеуште постои по некој, дечко, кој е  искрен пред  себе, не продава лажна култура, интелектуалност дека е многу “школован“, а е, и тоа доста… Си ги носи манирите на својот град, село, маало, улица, онаму кадешто  пораснал и каде сеуште живее, но од тоа не се срами. Дури си го задржал дијалектот од местото од  каде доаѓа. А е на негова прва средба, средба на слепо со девојка. Девојка која за еден ден веќе ќе е “стара“ мома , поради нејзините полни триесет години. Тој секако прифаќа да се жени, но прво треба да знае што “купува“ , или, што би рекол нашот нард: “ Мачка во вреќа не се купува, туку треба да се проба “. Тој не сака да се менува,си го сака она што го прави свој. Од Војна ѕвездите, до неговата крава Буша.

За жал, не може да се избега од реалните шоу програми, каде ги гледаме и посматраме животите на луѓето, што и овој пат се потврди , а  публиката  беше соучесник и ја гледаше оваа средба, уживаше гледајќи го нивниот сеир, гласаше и силно се смеееше на “ глупоста “ на овие два лика. Тие само сакаа да бидат пар, кој ќе си одговара и врската нема да ја почне однаопаку. За тоа ни зборува и самиот наслов: “ Прво ќе ме земеш, полсе ќе ме … “ 

Оваа претстава до солзи ќе ве насмее, ќе ви ги затегне стомачните мускули, и ќе просолзите од смееа. И не само тоа, туку и ќе ве потсети на мажот кој е оној што е Вистински, не се затскрива зад културните зборови, и дека сепак секогаш рамисува гледајќи кон жената, како минско поле од страсти. Дека манирите кои ги стекнуваме за демек да бидеме вистински, не извештачуваат и не прават она што не сме. За да ве сакаат, а да не ви се смеат, бидете она што сте. Тоа е најсигурен пат до нечие срце.

Благодарам од лично име како гледач, за тоа што ми  изнудивте насмевка, за миг да живееам со вас, во животот на Роберт и Мирјана . Дарко имаше неколку улоги кои добро ни ги приближи.Ризески направил една шармантна,  убава, комична драма. Браво!

Гледачот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *