“ Странци “ во Драмски театар

Вечерва, “ Странци “ во Драмски театар, современа драма, со сите манири на овој збор.Комплетна од поставеноста на сцената, до костимите, до говорот, се тоа беше заслуга на добро одбраната актерска екипа. Што би рекле некои попаметни од мене е пола претстава готова, а уште подобро кога имаш добар текст. Режијата на Нела тогаш е лесна како “песна“. Се е во животот обична и наивна игра, црните кутии ги носиме на секаде со нас и ни значат повеќе од животот. За да се излезе од неа доволни се неколкуте добиени пораки, интимни, скриени, од, брачните другари, другарите кои се знаат дваесет години. Живот во пораки на совремниот човек, на оние во позрели години. Живот “среќен“ трулен, не е наивен, полн замки и интриги, интимни врски, истото тоа го живеат оние од другагта страна, во столчињата, вечерва во Драмскиот театар. Би сакала да ви прдложам, доколку имате време слободно да отидете да ја погледнете оваа.Претстава. Благодарам на актерите: Билјана, Игор, Сања, Филип, Ирена, Предраг, Зоран.

Гледачот