Ванчо ВАСИЛЕВ / актер и костимограф

ТЕАТАРОТ – МОЈОТ СВЕТ!

1. ЗА СЕБЕ: Се уште оптимист и ентузијаст

2 . ЗА ЉУБОВТА:Неопишлива енергија, чувство кое ме тера да бидам подобар човек.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Се обидувам да сум на Ти со него !

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Мојот свет !

5. ЗА ДОБРОТО: Среќен сум кога се среќавам со него, уште посреќен кога сам го создавам.

6. ЗА ЗЛОТО: Стегам заби да го издржам кога ме посетува

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Самите се впишаа во таа графа

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Малку се вистинските, но се постојани и сме си многу важни едни на други

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Се научив да ја препознаам и да и се насмевнам

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Ја дишам со цел мој капацитет

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Од некои уште учам,со некои заедно чекориме по театарскиот пат а со некои патиштата не ни се вкрстија

11. ЗА НЕНАПРАВЕНИТЕ КОСТИМИ И УЛОГИ: Ќе дојде вистинското време и место да се направат!

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Само кога се раѓа од тебе , ќе најде пат да се реализира во уметноста!

13. ЗА СОНОТ: Убав е, кога е спокоен и лесен

14. ЗА ЈАВЕТО: Обоено е во сите бои

15. ЗА ВИНОТО: Ме поврзува со драги луѓе и дооолги разговори

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Мојот најцврст столб

17. ЗА КРАЈ: Почеток на нешто ново ! (колку и да звучи клиширано )

18. Костимите го прават актерот “Актер“ или …Актерот е актер само тогаш кога има здрава мисла, јасен став и емоција, а костимите се кожата на ликот кој се толкува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *