TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Понатаму авторот ги посочува музичките инструменти во антиката: “сиринкс, кој го споредува со кавал, магдида (со десет жици), барбит, навла, самбика, гајда, флејта, тапани…” 77

И спомнувајќи ги “… празненствата со песни, музика и ора… мимички танци во кои главна е ролјата на владетелот (Дионис)… учесниците пијат и играат со царот во тактот на гајдата и магдидата…” 78

Попов ја спомнува и култноста на лебот, каде домаќинот пред почетокот ја кршел погачата и им ја давал на гостите. Објаснувајќи дека суштината на славите, обредите, религиските дејства, светиот театар е да се дојде до Бога.

Дека “… Дионис и Орфеј се пат од мистерии и слави во кој учесникот го воведува Бога во себеси… или патека како да се стигне до Бога… подвлекувајќи ја улогата на

Големата мајка Божица – земјата и нејзиниот син Сонцето (Дионис)… или учење за создавање на човековата душа… или одигран во свети ора – ритмизиран космос…” 79

Секако се работи за верба и начин на живеење во единство со светот околу нас.

Мислам дека Попов дава доволно податоци за системот на славењето преку таинства, песни и ора, леб и вино до она што денес го нарекуваме филозофија на религија или религиски култен театар.