
Од каде да почнам, кога треба да се говори за театраските ликови кои сеуште се на таа сцена, и за оние кои ја “ напуштиле “ земската сцена. Или ќе е најарно да се изречат најдобрите две реплики на “ Диво месо “ на веќе починатиот драматург Горан Стефановски.
“ Да знаев какви ќе излезете… во ќенеф “
“ Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење “
Од која маска да се почне за да се искаже сѐ она што тие две макси ги носат во себе, тажната или смешната, во однос на бон – тон оденсувањето на акетрите кон актерите, директорите кон актерите, и нивниот говорен недостаток во пишана форма, и на оние кои не беа присутни, а требало да се во физичка форма.
Бидејќи нивните стапки сеуште ги говорат нивните реплики, зборовите врз штиците, на живите и мртвите актери. Штици кои ви ги оставиле вам, да ги сочувата до последното крцкање, по вашите нозе.
А вие, што!? Страшно, да се намало основна култура ,“ образ “ кон оние кои биле и се сеуште столбови на одреддени театри. Мислам дека младите , баш младите актери, треба уште многу, многу да учат од овие ГЛУМЧИШТА, ДРАМАТУРЗИ, РЕЖИСЕРИШТА… како тоа се прави. Како се оддава почест на оние кои нѐ напуштаат. Не на ФБ да си ставаат солзички, и со лажна “гордост“ да говорат за мртвиот, дека тој и тој бил, голем актер, негов или нејзин учител итн…
Учете од госпоѓата атерка Милица Стојанова, која има години колку сите вас заедно,а дојде на комеморација, со бастунче и чадор, и господинот Ристо Стефановски, кој исто така се појавува на сите комерорации со бастун и секоја чест и поклон на неколкуте малди актери, кои знаат сеуште како тоа се прави. Прашајте, ако не знаете, некој кој знае ќе ви каже како треба.
Некој не згрешил кога ги поставил и двете маски на едно место. Да плачеш од тага, со смеа во тагата.
Не оди така, мили мои актери и директори, ако не знаете како се дава почест, треба на академијата ФДУ да се воведе предмет како тоа се прави во даден момент.
- Секој театар од оваа земја, Македонија, што бил спречен да дојде на коморација, погреб или … испраќа ТЕЛЕГРАМА до матичниот театар или фамилијата.
- Тоа се прави на истиот ден, а не после 5 дена, кога се е завршено.
- Без разлика дали актерот играл во тој театар или не.
За крај, сепак, ни останува тагата од маската, помешана низ аплаузот на оние кои дошле да го испочитуваат делото и творештвото на починатиот ЧОВЕК.
Зошто, сепак, на крајот на денот, сите сме само луѓе.
Гледачот