TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Фол ги споредува игрите на нестинарите (анастенарите) на свети Атанас и свети Константин и Елена во обредно оро, во кое се влегува во оган. И нели како крштение со вода, оган и накрај со Светиот Дух и посветени ора на Диониса (Исуса). Велми, споредувајќи ја Елена како мајката, а Константин како новородениот син, за да се оправда денот кога играат нестинарите, христијанскиот свет ден Свети Константин и Елена. И денес, за жртва се подготвува тригодишен бик или црно машко, нескопено јагне како крвна жртва, дар на Бога. Фол ја споменува и Дионисовата кошница за дарување која содржела:

“… баници напоени со вино, кравајчиња и пити од мед, Деметрини обредни лебови… мажите се обложувале со венци од растенија, кожи од елен (Артемида) и играле ора пиејќи вино од кратери…” 75

 

Велми е и секому е јасно дека и денешните слави на нашиве простори имаат допирни точки на Дионисиство. Една свадба, крштевка, именден или која било прослава почнува со крвни жртви на трпезата (месо) и бескрвни (леб ), канење на Бога и славење со песни и ора, како остаток од Дионисовите слави кои длабоко се влезени во македонската култура и театарот на тлото во Македонија. Традицијата на играње ора е присутна и денес, како едно од македонските народни обичаи. Секако и ако се споредат литургиите во православните цркви со театарските дејства во антиката ќе видиме дека имаме допирни коти како: сцена и олтар, обраќање кон Бога, пролог, главен актер и свештеникот кој ја води литургијата со тајфата, хор, поучно слово или приказна, дијалог, и на крајот поентата или зошто се создаваат славата и драмата. Тоа ни дава право да зборуваме за единство на театарот и храмот во антиката на македонско тло. И оваа тема е долга и широка и за неа може да се пишува многу. На крајот на оваа глава за театарот и црквата ќе посочиме уште една книга која ја поткрепува нашава теза.

“… Музиката од Траки и Македонци е на особена почит…”76