Ѓорѓи Ризески режисер

Во прво лице

ТЕАТАРОТ – ЕДИНСТВЕНА ВИСТИНА

1. ЗА СЕБЕ: Идиот.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Исчезнува.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Ништо не е важно – Се е дозволено.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Единствената вистина. Реалност. Искреност.

5. ЗА ДОБРОТО: Ако постои Господ, единствено од тебе сака да бидеш добар.

6. ЗА ЗЛОТО: Го разбирам.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Немам непријатели.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Супер се сите. Помислувам често каков би бил животот ако ги немам нив. Многу, многу полош.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Сите глумиме живот.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Да ја намачкаш по образите… И убаво ти е…

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Алал да ви е.

11. ЗА НЕНАПРАВЕНИТЕ ПРЕТСТАВИ: Тешко ми е кога не работам.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Единствено нешто што може да те спаси.

13. ЗА СОНОТ: Само напред со мотивот на Жан од „Госпоѓица Јулија“…

14. ЗА ЈАВЕТО: Театар.

15. ЗА ВИНОТО: За многу малку ќе ме убиеше.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Основа… Темели…

17. ЗА КРАЈ: Сите ќе умреме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *