Театар „Комедија“ со претстава на знаковен јазик за лицата со оштетен слух

Министерството за култура и НУ Театар „Комедија“, во соработка со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Северна Македонија, почна со реализација на мерките предвидени во акцискиот план по однос на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.

Утре, на репертоарот на Театар „Комедија“, ќе се прикажува Чеховата класика „Мечка“ (во режија на Димче Николовски), која ќе биде толкувана на знаковен јазик, со што претставата ќе може да ја проследат и лица со оштетен слух.

Театар „Комедија“, освен како најпосетуван театар во земјата, станува препознатлив и по својата посветеност во поглед на отстранувањето на бариерите што ги спречуваат лицата со попреченост да уживаат во аудиовизуелните услуги што им се достапни на повеќето луѓе во македонското општество.

Всушност, првпат во нашата земја една театарска претстава ќе биде достапна и за глувите лица и непречено ќе може да уживаат во придобивките на културните манифестации. Со овој чекор Владата на Република Северна Македонија и Министерството за култура го признаваат и поддржуваат правото на овие лица на пристап до места за културни изведби, како што е наведено во Конвенцијата на ОН.

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, заедно со Министерството за култура, ќе продолжи со своите напори и други национални и локални установи да продолжат со ангажирање професионални толкувачи на знаковниот јазик.

Истовремено, НУ Театар „Комедија“ ги продолжува активностите во насока на подигнување на свеста преку промоција на содржини во согласност со пристапот базиран на човековите права за лицата со попреченост. По предлог на Владата на РМ, во НУ Театар „Комедија“ е предвидено да се вработи и постојан толкувач на знаковен јазик.

(ПР-текст)

Бубамара не лета надвор од Скопје!

Cакам да кажам: Дека вреќе кога давале збм на Театар за деца и младинци – Скопје. Искрено мислам дека повеќе имаше причина да добие “ Убавицата и Ѕверот“ во чест на 350 изведби и скоро 20 години од смртта на Игор Маџиров. Како и да е, не треба да се заборави. Љупка Џундева / Љубиша Георѓиевски и Салаетин Билал. Бубамарава никако да одлета, на подобри места, вредни и силни раце… Тие па тие!!! Има и друи млади актери кои многу повеќе се докажале ?. Поради тоа мислaм дека треба убаво да се размисли кога се даваат наградите.
А да не говорам за театрите надвор од Скопје кои исто така макотрпно работата и не се за потценивање! Само МНТ ли работи во оваа земја, не ми е јасно. Алоооо!!!

Кој ли тоа им суди на сите тие актери…

Гледачот

Во спомен на некрунисаниот цар Колозов

Од сегашни дни, допир до дамнината, до времето во кое творел Цепенков и до сите години пред тоа имавме токму преку овој човек! Бисери на народното творештво, срочени преку народниот говор и како изгледал Македонскиот човек во минатото, претставени во ликот на Колозов! Достојно ести редно да се потсетиме на последниот Македонски цар! Среќен роденден честити царе и штета што не поживеа подолго туку се прибра и ти кај големите, кај великаните. Нека ти е царство небесно! 
Горан и од сите твои Колозовци кои од најрани години ги задои со Македонската вредност, мисла и љубов! Твојот претопол лик како аманет секогаш ќе го носиме запечатен во нашите сеќавања. Твојот споменик е вечен!

ФБ статус на Горан Марковски

50+ Прво ќе ме земеш, после ќе ме …

Веќе подолго време, многу долго време ,“батките“ забораваат од каде доаѓаат, во нашето и вашето маало. Среќа што сеуште постои по некој, дечко, кој е  искрен пред  себе, не продава лажна култура, интелектуалност дека е многу “школован“, а е, и тоа доста… Си ги носи манирите на својот град, село, маало, улица, онаму кадешто  пораснал и каде сеуште живее, но од тоа не се срами. Дури си го задржал дијалектот од местото од  каде доаѓа. А е на негова прва средба, средба на слепо со девојка. Девојка која за еден ден веќе ќе е “стара“ мома , поради нејзините полни триесет години. Тој секако прифаќа да се жени, но прво треба да знае што “купува“ , или, што би рекол нашот нард: “ Мачка во вреќа не се купува, туку треба да се проба “. Тој не сака да се менува,си го сака она што го прави свој. Од Војна ѕвездите, до неговата крава Буша.

За жал, не може да се избега од реалните шоу програми, каде ги гледаме и посматраме животите на луѓето, што и овој пат се потврди , а  публиката  беше соучесник и ја гледаше оваа средба, уживаше гледајќи го нивниот сеир, гласаше и силно се смеееше на “ глупоста “ на овие два лика. Тие само сакаа да бидат пар, кој ќе си одговара и врската нема да ја почне однаопаку. За тоа ни зборува и самиот наслов: “ Прво ќе ме земеш, полсе ќе ме … “ 

Оваа претстава до солзи ќе ве насмее, ќе ви ги затегне стомачните мускули, и ќе просолзите од смееа. И не само тоа, туку и ќе ве потсети на мажот кој е оној што е Вистински, не се затскрива зад културните зборови, и дека сепак секогаш рамисува гледајќи кон жената, како минско поле од страсти. Дека манирите кои ги стекнуваме за демек да бидеме вистински, не извештачуваат и не прават она што не сме. За да ве сакаат, а да не ви се смеат, бидете она што сте. Тоа е најсигурен пат до нечие срце.

Благодарам од лично име како гледач, за тоа што ми  изнудивте насмевка, за миг да живееам со вас, во животот на Роберт и Мирјана . Дарко имаше неколку улоги кои добро ни ги приближи.Ризески направил една шармантна,  убава, комична драма. Браво!

Гледачот.

“ Странци “ во Драмски театар

Вечерва, “ Странци “ во Драмски театар, современа драма, со сите манири на овој збор.Комплетна од поставеноста на сцената, до костимите, до говорот, се тоа беше заслуга на добро одбраната актерска екипа. Што би рекле некои попаметни од мене е пола претстава готова, а уште подобро кога имаш добар текст. Режијата на Нела тогаш е лесна како “песна“. Се е во животот обична и наивна игра, црните кутии ги носиме на секаде со нас и ни значат повеќе од животот. За да се излезе од неа доволни се неколкуте добиени пораки, интимни, скриени, од, брачните другари, другарите кои се знаат дваесет години. Живот во пораки на совремниот човек, на оние во позрели години. Живот “среќен“ трулен, не е наивен, полн замки и интриги, интимни врски, истото тоа го живеат оние од другагта страна, во столчињата, вечерва во Драмскиот театар. Би сакала да ви прдложам, доколку имате време слободно да отидете да ја погледнете оваа.Претстава. Благодарам на актерите: Билјана, Игор, Сања, Филип, Ирена, Предраг, Зоран.

Гледачот

Ванчо ВАСИЛЕВ / актер и костимограф

ТЕАТАРОТ – МОЈОТ СВЕТ!

1. ЗА СЕБЕ: Се уште оптимист и ентузијаст

2 . ЗА ЉУБОВТА:Неопишлива енергија, чувство кое ме тера да бидам подобар човек.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Се обидувам да сум на Ти со него !

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Мојот свет !

5. ЗА ДОБРОТО: Среќен сум кога се среќавам со него, уште посреќен кога сам го создавам.

6. ЗА ЗЛОТО: Стегам заби да го издржам кога ме посетува

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Самите се впишаа во таа графа

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Малку се вистинските, но се постојани и сме си многу важни едни на други

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Се научив да ја препознаам и да и се насмевнам

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Ја дишам со цел мој капацитет

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Од некои уште учам,со некои заедно чекориме по театарскиот пат а со некои патиштата не ни се вкрстија

11. ЗА НЕНАПРАВЕНИТЕ КОСТИМИ И УЛОГИ: Ќе дојде вистинското време и место да се направат!

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Само кога се раѓа од тебе , ќе најде пат да се реализира во уметноста!

13. ЗА СОНОТ: Убав е, кога е спокоен и лесен

14. ЗА ЈАВЕТО: Обоено е во сите бои

15. ЗА ВИНОТО: Ме поврзува со драги луѓе и дооолги разговори

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Мојот најцврст столб

17. ЗА КРАЈ: Почеток на нешто ново ! (колку и да звучи клиширано )

18. Костимите го прават актерот “Актер“ или …Актерот е актер само тогаш кога има здрава мисла, јасен став и емоција, а костимите се кожата на ликот кој се толкува.

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Понатаму авторот ги посочува музичките инструменти во антиката: “сиринкс, кој го споредува со кавал, магдида (со десет жици), барбит, навла, самбика, гајда, флејта, тапани…” 77

И спомнувајќи ги “… празненствата со песни, музика и ора… мимички танци во кои главна е ролјата на владетелот (Дионис)… учесниците пијат и играат со царот во тактот на гајдата и магдидата…” 78

Попов ја спомнува и култноста на лебот, каде домаќинот пред почетокот ја кршел погачата и им ја давал на гостите. Објаснувајќи дека суштината на славите, обредите, религиските дејства, светиот театар е да се дојде до Бога.

Дека “… Дионис и Орфеј се пат од мистерии и слави во кој учесникот го воведува Бога во себеси… или патека како да се стигне до Бога… подвлекувајќи ја улогата на

Големата мајка Божица – земјата и нејзиниот син Сонцето (Дионис)… или учење за создавање на човековата душа… или одигран во свети ора – ритмизиран космос…” 79

Секако се работи за верба и начин на живеење во единство со светот околу нас.

Мислам дека Попов дава доволно податоци за системот на славењето преку таинства, песни и ора, леб и вино до она што денес го нарекуваме филозофија на религија или религиски култен театар.

 

Митко Маџунков: СЛОВО ЗА МИТЕ ГРОЗДАНОВ

Драг Мите,
Во овој проштален момент, ти си тој што нѐ собра пак заедно на сцената,
Бранко Ставрев присутниот и Митко Маџунков отсутниот заедно со себе кој
си и отсутен и присутен, да ја одиграме нашата последна заедничка претстава
и да си кажеме што имаме да си кажеме, па да се простиме машки како што
доликува, зашто во спротивно нема да сакаш да се чукнеш со нас. Почина во
света недела, ден за воскресение – тоа не може да биде случајно. Нашата
последна средба исто беше на ден кога го славеше својот втор живот и
воскресение, а беа дошле гледачите во ѕвезди, пастирите и мудреците од
Исток, на последно збогување, а ти седеше дуздиран во костум, на лицето ти
една милна насмевка, а се радуваш на здравјето на другиот како сопствената
болест да не е ништо. Ден пред да починеш му се јавив на твој Борче – „Мите
не може да зборува, јас не слушам ништо“, многу арно ќе се разбереме. Но ние
се разбиравме многу добро и така и вака, за добар збор добра е и немоста, а да
слушнеш нешто важно не се потребни уши. Жал ми е што во моментот не сум
физички присутен. Бранко Ставрев пред неколку дена ме праша кога ќе се
вратам. Му реков: „Чекам да заврне снег“. Тоа беше парафраза на една твоја
реплика, кога сиот завеан на плоштадот не знаеш на каде да фатиш, па на
прашањето што правиш, одговараш: „Чекам да се стопе снего!“ Така што,
патиштата – завеани или не – постојано ни се вкрствуваат: и да чекаме да падне
и да чекаме да се истопи, исто ни се фаќа.
Но токму од таа тврдокорност на зборот, од таа вера во силата на зборовите и
тогаш кога знаеме дека се само прелага, зависи и опстанокот наш. „Светот ќе
помине, моите зборови нема да поминат“, стои во Писмото. Кога ѕидарот му се
подбива дека му избегал синот, Мите како Иљо М. ќе му рече: „Јас му кажáх да
оде!“ – тоа не е лага, туку преобразба на стварноста. Кога Иљо М. во улогата на
Мите Грозданов ќе речеше грездаво: „Ќе ја попарам болеста со вар“, тој не се
залажуваше, туку го искажуваше својот презир кон стварноста. И така, низ
зборови, како секој бестрашен актер, тој преживуваше на сцената како и во
животот. Актерот на сцена нема за што друго да се фати, нема со што друго да ја
воспостави стварноста на зборот освен со вера и креација. Иљо М. на Мите
Грозданов во Сенката ѝ се противставува дури и на смртта со зборови, „со
празни зборови“, како што вели таа, но најнакрај тој е оној што ќе триумфира, за

Смртта да му стане помошник, зашто ќе сфати дека таму каде што ќе згаснат
зборовите и спомените, ќе исчезне дури и таа.
Низ такви високи сфери на духот шеташе на сцена Мите Грозданов, но во оваа
тажна средина тоа остана речиси незабележано.
Во ваквите моменти, секогаш кога заминуваат добри уметници се поставуваат
истите прашање: дали тие го одолжиле својот долг кон уметноста и дали
нивната средина им се одолжила ним. Секој може да има мислење за тоа, но
она што е видливо и од небото и од земјата е дека Мите Грозданов ја
презадолжи сценската уметност во Македонија, а Македонија му се одолжи
сите знаеме како. Кај нас, колку што си подобар, ќе јадеш подебел стап.
Доскоро најмоќниот човек во Македонија има изјавено дека негов најомилен
актер бил Мите Грозданов, и во секоја средина тоа би донела „нешто“, но на
Мите Грозданов не му донело ништо, зашто тој не побарал, а другите
заборавиле што рекле. Можел да ја добие главната награда за машка улога
што се доделува во Југославија само што завршил Академија во Белград, но се
засрамил да каже дека нешто му треба.
Во тоа и самиот се уверив кога беше меѓу кандидатите на наградата за
животно дело „11 октомври“, а јас бев претседател на Одборот. Не ми се јави
ниту еднаш, иако другарувавме уште од детството. Повеќе од тоа не треба да
се каже за да се види кој беше Мите Грозданов. На мое вчудовидување, видов
дека Комисијата воопшто не го вброила во својот избор, меѓу десетина
кандидати. Тогаш сфатив дека тој човек и актер е страшно поценет во својата
земја. Го предложив дополнително, но беше доцна и наградата не ја доби за
два гласа. Ми стана јасно дека е тој, не само потценет туку и недоволно познат.
Како е тоа можно? „40 години го држеше репертоарот на Драмски“, рече
еднаш Ставрев, а јас немам зошто да не му верувам.
Простете што во овој момент зборувам за Мите речиси исклучително низ
призмата на неговата креација на ликот на Иљо М, зашто неговите тукашни
резултати се многу попознати. Но Иљо М. на Мите Грозданов, одигран во три
пиеси помеѓу 1986 и 1989 требаше да биде заштитен знак на Македонија.
Никој никогаш не изговорил такви реплики, за кои денес и режисерот и
авторот и главниот актер, иако не е повеќе со нас, би завриле во апс.
Внимавајте, тоа се случува во Југославија, во „ненародниот режим“, а државата
плива врз „биволско лајно“ во морето, Смокот лапа што ќе стигне, а Иљо М. во

нов костум чека со бабичката да дојдат „гостите“, Смртта со својата свита да
му ја жртвуваат внуката, а потоа да ги потераат во Пуста земја да се борат за
нов живот, за јазик, за идентитет – и сето тоа уште пред создавањето на оваа
држава.
Ова не е момент да се зборува за судбината на драмите, но е момент да се каже
дека овдешната скопска публика, вклучувајќи ги и колегите, главно не е
запознаена со тоа врвно остварување на Мите, од кое само некои бледи отсјаи
можат да се наѕрат од ТВ-снимката на единствена снимена претстава,
Големиот Смок. Овде сме се собрале да се поклониме пред делото на Мите
Грозданов. Но секој нека го наслушне своето срце и нека си признае колку
знае за тоа остварување. Како сериозни професионалци, вие знаете што значи
кога една комплесна улога, различна од пиеса во пиеса, ќе се одигра 200 пати,
а токму таков е случајот со Иљо М. на Мите Грозданов. Кој не го видел во
трите претстави плус во завршната Вечна игра барем 20 пати не може ни да
знае за што станува збор. Тоа е грандиозно остварен лик и Мите Грозданов
треба вечно да биде запомнат по таа ролја. Неговите главни реплики треба да
ги знае секој актер во Македонија, а онаа што ги содржи зборовите „Плацот не
е за продавање. Таму на синовите ќе им правам куќа“ треба да ја знае секое дете. Да
научеа дека плацевите не се за продавање туку на нив татковците и синовите
заедно да прават куќи, можеби нашата судбина денес ќе беше поинаква.
Драг Мите, сакам да се простам со тебе така што ќе те замолам за прочка. Не
само поради недобиената награда, туку што еднаш јавно те укорив. На еден
фестивал на Ристо Шишков, ме замолија твои добронамерни колешки да ти
укажам да не си го расипуваш талентот на ова и на она, а јас ги послушав и те
укорив јавно. Ти рече само: „Фала, бате, заслужувам“, но маж како тебе не се
укорува јавно. Прости.
Сакам да ти се заблагодарам што ликот на Иљо М. го извади од сцената и со
него го насели светот. Веќе ја споменав моќта на зборот. Во јазичните форми
духот на народот живее подолго и поуспешно одошто во стварноста. Кога на
сцена се спомена нечија смрт, ти рече: „Ангелите слаби са му биле!“ Тоа не е
непочитување на смртта, тоа е пркос и презир кон смртта. Како што на истата
таа Смрт ќе ѝ речеш во Сенката на древниот говор на својот град: „Ут кал сме
напраани, кал ќе станаме. Ама… еден ден па ќе стигн’ме у к’штта на нашјо татко и
при нашта мајка. И да ги нема – па они! И да не се нигде – пак при них! Сите ојдéле,
и нии ќе си од’ме. А ти, црна какарáско? Дек ти ќе од’ш?“

Така ти со таа реплика всушност ја победи смртта. Сите заминаа, а ти остана
дома, еднаш засекогаш седнат на просцениумот.
Нека Ти е вечна слава, а Господ и твоите силни ангели нека го чуваат твоето
семејство!

Едвард Олби / драмски писател

драмски писател
Роден/а12 март1928
ВашингтонСАД
Починат/а16 септември 2016
МонтаукЊујорк_(сојузна_држава)САД
Занимањедрамски писател

Едвард Френклин Олби III (Edward Albee; Вашингтон12 март 1928 Монтаук16 септември 2016) американски драмски писател. Покрај Јуџин О’НилТенеси Вилијамс и Артур Милер го сметаат за најголем драмски писател во американската книжевност во дваесетиот век.[1][2]

Вниманието во јавноста го привлекол со својата прва драма Животинска приказна (The Zoo Story, 1958). Напишана во традицијата на францускиот Театар на апсурд, драмата премиерно е изведена во Берлин во 1959, како двојна претстава со бекетовата едночинка Последната лента на Крап.[2] Веќе следната година Животинска приказна е поставена во Гринич Вилиџ, при што е една од претставите кои ја основале алтернативната драмска сцена во Њујорк, која ќе постане позната под името Оф Бродвеј (Off Broadway).[1] Опсесивна тема во драмите на Олби е мрачната позадина на американскиот сон, со посебен фокус на мотивот на самозалажување и на идејата дека меѓусебната деструкција ги зацврстува меѓучовечките односи. Ова е најочигледно во неговата најпозната драма Кој се плаши од Вирџинија Вулф? (Who’s Afraid of Virginia Woolf? – 1962). Во центарот на овој драмски заплет е средовечен брачен пар. Универзитетскиот професор Џорџ и Марта која е ќерка на декан, понесени од алкохолот започнуваат вербална игра на меѓусебно ибвинување и злоставување, вовлекувајќи ги и своите гости во играта. Темната слика на брак на академски граѓани и употребата на пцовки во дијалозите предизвикале големо внимание и кај публиката и кај театарската критика. За овој текст ја добива наградата Тони за најдобра драма, но од друга страна жири комисијата му ја скратила Пулицеровата награда. Драмата е екранизирана во 1966 година во режија на Мајк Николс со Елизабет Тејлор и Ричард Бартон во главните улоги.

Во Македонија Кој се плаши од Вирџинија Вулф?, премиерно беше одиграна на сцената на МНТ[3] на 16 март 2012 година во режија на Синиша Евтимов и Весна Петрушевска и Сенко Велинов во улогите на Марта и Џорџ.

И покрај комерцијалниот успех и успехот кај критиката со Кој се плаши од Вирџинија Вулф? Олби не сакал да се претвори во сопствена имитација ниту да го поддржува вкусот на публиката, туку продолжува да експериментира со формите и содржината во рамките на театарската уметност. Во неговата понатамошна кариера посебно се издвојуваат: драмите Деликатна рамнотежа (A Delicate Balance, 1966), мрачна драма за богата фамилија, во која членовите го изразуваат сопственото незадоволство во вербален конфликт, за што ја добива првата Пулицерова награда; потоа Крајбрежје (Seascape, 1974) црн хумор составен од злокобни медитации за Моногамијаеволуција и смртта, кои се водат во разговор на крајбрежје на океанот помеѓу брачен пар и пар антропоморфни гуштери (втора Пулицерова награда); Три високи жени(Three Tall Women, 1991) длабоко интимна драма заснована на односот на Олби со неговата мајка, односно жената која го има посвоено (трета Пулицерова награда) и драмата Коза или Која е Силвија? (The Goat, or Who Is Sylvia? 2002) симболична драма за маж кој се заљубува во коза (втора Тони награда за најдобра драма). Олби е познат и како писател на драмски адаптации на романи Појадок кај Тифани од Труман КапотеЛолита на Владимир Набоков и приказните Балада за тажното кафеКарсон Макалерс. Во интервју за магазинот Тајм своето творештво го опишал со зборовите: Сите мои драми се за луѓе кои ја изгубиле контролата над својот живот, кои е предале млади, кои доаѓаат до крајот на својот живот жалејќи за работите кои не ги направиле… Сметам дека поголемиот дел од луѓето премногу време трошат живеејќи како никогаш да нема да умрат.[2] Функцијата на драмската уметност во интервју за Гардијан во 2004 година ја окарактеризирал на следниот начин: Сите драми, ако се барем малку добри, се напишани да го поправат човештвото. Тоа е работата на писателот – да држи огледало пред луѓето.[1]

Тони Михајловски своето режисерско деби го имал со Брачна игра премиерно изведена на  08 Мај 2016 на сцената на МНТ со Игор Џамбазов и Весна Петрушевска во улогите на Џек и Џилијан. [4]

Коза или која е Силвија во Македонија премиерно е изведена на 03 јули 2008 година од страна на Драмски театар Скопје во режија на Дино МустафиќМето Јовановскиза улогата во оваа претстава ја има добиено наградата за најдобро глумечко остварување на фестивалот Ристо Шишков во 20018 година.

Содржина

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е 1928 година во Вашингтон, за само после две недели биде посвоен во државата Њујорк од страна на Рид Олби, богат сопственик на ланец водвили, и неговата сопруга Френсис. Едвард заминува од дома пред својата дваесета година за подоцна да изјави „тие не беа добри како родители, а и јас не бев добар како син“. Бил проблематичен ученик кој два пати бил бркан од училиштата во кои учел, а вториот пат затоа што бегал од часови и одбивал да оди во црква. Сепак, во понатаму во животот се посветил на промовирање на академскиот театар. Често држел предавања на универзитетите и бил почесен професор на Универзитет Хјустон од 1989 до 2003 година.

Последните децении од својот живот ги живее на Менхетен во стан полн со афрички скулптури и дела од модернистички сликари како Василиј КандинскиЕдуар Вијар и Милтон Евери. 35 години живеел во врска со вајарот Џонатан Томас, кој починал од рак во 2005 година.[2]

Олби починал на 16 септември 2016

Список на драми[уреди | уреди извор]

  • Животинска приакзна (-{The Zoo Story,}- 1958)
  • Смртта на Беси Смит (-{The Death of Bessie Smith,}- 1959)
  • Фем и Јем (-{Fam and Yam,}- 1959)
  • Американски сон (-{The American Dream,}- 1960)
  • Кој се плаши од Вирџинија Вулф? (-{Who’s Afraid of Virginia Woolf?}- 1962)
  • Балада за тажното кафе (-{The Ballad of the Sad Café,}- 1963) – театарска адаптација на истоимениот расказ од Карсон Макалерс
  • Ситната Алис (-{Tiny Alice,}- 1964)
  • Малколм (-{Malcolm,}- 1965) – театарска адаптација на романот од Џејмс Парди
  • Деликатна рамнотежа (-{A Delicate Balance}-, 1966)
  • Појадок кај Тифани (-{Breakfast at Tiffany’s,}- 1966) – театарска адаптација на истоимениот роман од Труман Капоте
  • Се во градината (-{Everything in the Garden,}- 1967)
  • Box and Quotations from Chairman Mao Tse-Tung, 1968
  • All Over, 1971
  • Приморје (-{Seascape}-, 1974)
  • Listening, 1975
  • Counting the Ways, 1976
  • Дамата од Дјубук (-{The Lady from Dubuque,}- 1979)
  • Лолита (-{Lolita,}- 1981) – театарска адаптација на романот Лолита од Владимир Набоков
  • Човекот што имаше три раце (-{The Man Who Had Three Arms,}- 1981)
  • Најди го сонцето (-{Finding the Sun ,}- 1983)
  • Брачна игра (-{Marriage Play ,}- 1987)
  • Три високи жене (-{Three Tall Women}-, 1991)
  • (-{The Lorca Play}-, 1992)
  • Фрагменти (-{Fragments ,}- 1993)
  • (-{The Play About the Baby}-, 1996)
  • (-{Occupant}-, 2001)
  • Коза или Која е Силвија? (-{The Goat, or Who Is Sylvia?}- 2002)
  • Чук! Чук! Кој е? (-{Knock! Knock! Who’s There!??}-, 2003)
  • Питер и Џери (-{Peter & Jerry ,}- 2004) – драмата е применувана во Кај куќата кај зоолошката градина (-{At Home at the Zoo}-)
  • (-{Me Myself and I }-, 2007)

МАСКИ

Од каде да почнам, кога треба да се говори за театраските ликови кои сеуште се на таа сцена, и за оние кои ја “ напуштиле “ земската сцена. Или  ќе е најарно да се изречат најдобрите две реплики на “ Диво месо “ на веќе починатиот драматург Горан Стефановски.

“ Да знаев какви ќе излезете… во ќенеф “

 “ Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење “

Од која маска да се почне за да се искаже сѐ она што тие две макси ги носат во себе, тажната или смешната, во однос на бон – тон оденсувањето на акетрите кон актерите, директорите кон актерите, и нивниот говорен недостаток во пишана форма, и на оние кои не беа присутни, а требало да се во физичка форма.

Бидејќи нивните  стапки сеуште  ги говорат нивните реплики, зборовите врз штиците, на  живите и мртвите актери. Штици кои ви ги оставиле вам, да ги сочувата до последното крцкање, по вашите нозе.

А вие, што!?  Страшно, да се намало основна култура ,“ образ “ кон оние кои биле и се сеуште столбови на одреддени театри. Мислам дека младите , баш младите актери, треба уште многу, многу да учат од овие ГЛУМЧИШТА, ДРАМАТУРЗИ, РЕЖИСЕРИШТА…  како тоа се прави. Како се оддава почест на оние кои нѐ напуштаат. Не на ФБ да си ставаат солзички, и со  лажна “гордост“ да говорат за мртвиот, дека тој и тој бил, голем актер, негов или нејзин учител итн…

Учете од госпоѓата атерка Милица Стојанова, која има години колку сите вас заедно,а дојде на комеморација, со бастунче и чадор, и господинот Ристо Стефановски, кој исто така се појавува на сите комерорации со бастун и секоја чест и поклон на неколкуте малди актери, кои знаат сеуште како тоа се прави. Прашајте, ако не знаете, некој кој знае ќе ви каже како треба.

Некој не згрешил кога ги поставил и двете маски на едно место. Да плачеш од тага, со смеа во тагата.

Не оди така, мили мои актери и директори, ако не знаете како се дава почест, треба на академијата ФДУ да се воведе предмет како тоа се прави во даден момент.

  1. Секој театар од оваа земја, Македонија, што бил спречен да дојде на коморација, погреб или … испраќа ТЕЛЕГРАМА до матичниот театар или фамилијата.
  2. Тоа се прави на истиот ден, а не после 5 дена, кога се е завршено.
  3. Без разлика дали актерот играл во тој театар или не.

За крај, сепак, ни останува тагата од маската, помешана низ аплаузот на оние кои дошле да го испочитуваат делото и творештвото на починатиот ЧОВЕК.

Зошто, сепак, на крајот на денот,  сите сме само луѓе.

Гледачот