Тихомир Стојановски
Авторот, сите тие свештенодејствија ги споредува со современите слави на свети Константин и Елена, Илинден, свети Атанас познати како Кукеров ден во Р. Грција и Р. Бугарија. (Македонија ја нема, што е апсурд секако и има врска со политиката на негирање?) На пример: жртвување бик, јарец, јагне и играње во оган, присутен и денес во народните адети, кои ќе бидат разгледани во третата глава на оваа книга. Исто така, авторот ги подвлекува двете патеки до бога: Аполоновата и Дионисовата. Првата е со созерцание, а втората со обземеност.
Во христијанството постои сличен спор меѓу исахисти (платоновци) и рационалисти (аристотеловци). И професорот А. Фол црвено-белиот конец на празникот Цветници го поврзува со Дионис72 или култното животно мечка на Артемида, која е всушност една од Големите мајки Божици што можеме да го споредиме со мечкарите на Прочка кои и ден-денес во Прилеп си играат култен народен театар73. И секако, споредбата на Кукериов ден со празнувањата на Дионис се поместни во книгата на Александар Фол, а велми ја поткрепуваат нашата теза за театарот како храм светилиште, односно неговата религиска природа. Фол ја подвлекува врската на кукерите со обредните игри денес: