Алфред Жари | |
---|---|
![]() Алфред Жари
|
|
Роден/а | 8 септември 1873 Лавал, Франција |
Починат/а | 8 септември 1907 Париз, Франција |
Занимање | писател, драматург |
Државјанство | Французин |
Алфред Жари (француски: Alfred Jarry, роден на 8 ептември 1873 во Лавал – починал на 8 септември 1907 во Париз) — француски симболист, драмски писател и поет. Тој е најдобро познат по делото „Ubu Roi“ или „Крал Иби“, кое го напишал во 1896 година[1]. , што предизвикало жестока реакција во јавноста. Освен тоа, Жари е и основач на терминот патафизика
Алфред Жари е роден во Лавал, а мајка му по потекло била од Велика Британија Тој бил поврзан со симболистичкото движење. Неговото дело „Ubu Roi“ често се наведува како претходник на дадаизмот, па дури и надреализмот и футуризмот од 20-тите и 30-тите години на 20 век. Алфред Жари пишувал различни жанрови и стилови, но најчесто го користил постмодернизмот. Тој пишувал романи, драми, поезија, есеи и работел како новинар. Неговите текстови се сметаат како пионерска работа во областа на т.н. апсурдна литература и постмодерната филозофија.
Во Драмски театар во Скопје / Крал Иби од Алфред Жари
Режија: Васил Христов
Францускиот автор Алфред Жари претставува предвесник на Надреализмот во театарот како и основоположник на Театарот на апсурдот. Неговото култно дело Крал Иби се третира како првата модерна авангардна драма во театарската традиција која веднаш по нејзиното поставување на сцена го сврте вниманието на публиката кон артифициелноста на театарските конвенции.
Овој текст е еден од првите три стилизирани бурлески каде Жари ги исмева и покажува аномалиите на модерното време. Преку главниот протагонист Татко Иби во една структура на гротескна пародија на Шекспировиот Магбет, плашливецот Крал Иби, претставникот на буржоазијата е прикажан како некој кој бескурпулозно гази се пред себе за да ги достигне своите цели. Преку овој централен карактер кој е познат по неговиот апсурдно инфантилен однос кон светот и кој поседува алчна потреба по низа задоволства, авторот ни ја презентира неговата слика за модерниот човек. Во таа смисла Иби е метафора за тој модерен човек, кој е прикажан како грд, вулгарен, алчен грандиозен, нечесен, глупав, незрел, зол и кукавица. Истовремено авторот става акцент и ги издвојува алчноста и моќта за власт како „болести“ во модерниот свет.
Денес, 122 година од првата изведба на Крал Иби, повторно се навраќаме на него заради неговата оригиналност и провокативност. Кај Жари вулгарната гротеска се интерпретира како авторско-режисерско-актерска дистанца и коментар за не-вредностите на современиот човек. Крал Иби е извор на многубројни како теоретски така и практични истражувања и мотив за градење на цели идејни движења во градењето на театарската естетика на дваесеттиот век.
– Васил Христов