„Нема да платам“ премиерно во Театар Комедија

 

Политичката сатира 

Театар Комедија ќе ја заокружи годината со премиера на претставата “Нема да платам“ од Дарио Фо во режија на Александра Кардалевска која ќе се изведе утревечер (27 декември) со почеток од 20 часот.

 

Сценографијата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска. Изборот на музика го изврши Александар Јорданов, а драматург е Дарко Јан Спасов.

Во претставата играат: Атанас Атансовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски. “Политичката сатира „Нема да платам“, на добитникот на Нобеловата награда за литература, италијанскиот драмски писател, сценарист, режисер, актер и борец за човекови права и еднаквост Дарио Фо, ги пресликува реакциите на потрошувачите против зголемување на цените и е провокативна реакција против злоупотребите и неправдата на општеството“, стои во најавата на Театар Комедија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *