На почетокот на мојата кариера, влегов во бифето на Драмски, Мите седеше со некое друштво.
Кога ме виде ми рече;
Дете напиј се една ракија со нас, реков благодарам но пијам антибиотици. Е сега јас ќе те излечам, ми рече.
Порача мастика чаша вода и цело лажиче бибер.
Испиј го биберот и мавни ја мастиката на екс, водата ти е да не се загрцнеш.
Реков дека тоа ми е страв да го направам… тоаш Мите го лапна лажичето бибер и ја испи мастиката на екс.
Ајде сега ти, гледаш дека не е сташно.
Порача уште една тура од “иљачот” и ми рече: Ти си на ред!
Бев ставен пред свршен чин и морав да ја повторам неговата постапка. Земав бибер и ја испив мастиката на екс…
Почна да ми се случува револуција во стомакот и да се потам. Утредента јас бев здрав, дали од антибиотиците или од иљачот на Мите, не знам, ама знам дека температурата и истоштеноста ја снема.
Збогум Мите.
