Претставата „Убавицата и ѕверот” ја имаат гледано повеќе од 40 илјади луѓе. Со 350 изведби и 20 години во Театарот за деца и младинци.
“Со 350. изведба на ‘Убавицата и ѕверот’ утревечер маркираме недвижно културно наследство по стандардите на УНЕСКО. Во 73 години историја на македонскиот театар, од 1945, ова е најизведуваната претстава во континуитет. Имало и пред неа, 346 пати е изведена ‘Чорбаџи Теодос’, 334 – ‘Болва во уво’, 262 -‘Сомнително лице’, но интересни се два факта, ниту една од овие наведени претстави кои биле со децении на репертоар, не стигнале до бројката 350 и ниту една не била изведувана во континуитет полни 20 години, со иста сценографија и костимографија, со иста екипа”, истакна театрологот Јелена Лужина
“Театарот за деца и младинци утревечер (12 декември) во 19 часот ќе ја изведе ‘Убавицата и ѕверот’ по 350. пат со што станува рекордно најиграна претстава во овој театар како и во театрите во Македонија. Претставата премиерно беше прикажана во 1998, на 6 февруари и 20 години активно се игра во овој театар со речиси комплетно иста екипа, и со истите костими“, рече Катарина Илиевска-Силјановска директорка на ТДМ.
“Режијата на претставата е на Димитар Христов, кој не е веќе меѓу нас, а текстот е на Игор Бојовиќ. Во премиерната изведба настапиле актерите Ана Левајковиќ Бошков, Игор Маџиров, Олгица Христовска, Тања Кочовска, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев. Сценографијата и костимографијата е на Александар Ношпал, музиката на познатиот композитор Славе Димитров, а кореографијата Александар Хаџиманов #, додаде Илиевска Силјановска која подоцна станала дел од екипата на местото на Олгица Христовска.
“Со 350-та изведба на ‘Убавицата и ѕверот’ утревечер маркираме недвижно културно наследство по стандардите на УНЕСКО. Во 73 години историја на македонскиот театар, од 1945, ова е најизведуваната претстава во континуитет. Имало и пред неа, 346 пати е изведена ‘Чорбаџи Теодос’, 334 – ‘Болва во уво’, 262 -‘Сомнително лице’, но интересни се два факта, ниту една од овие наведените претстави кои биле со децении на репертоар, не стигнале до бројката 350 и ниту една не била изведувана во континуитет полни 20 години, со иста сценографија и костимографија, со иста екипа“, истакна театрологот Јелена Лужина честитајќи му на ТДМ што успеале да ги зачуваат костимите и тие да го имаат истиот квалитет досега.
Зборувајќи за историјатот на претставата и на ТДМ Лужина посочи дека ‘Убавицата и ѕверот’ не е случаен проект и дека е важен бидејќи е прв проект на ТДМ кој се играл на оваа сцена. Таа воедно посочи дека актерите на ТДМ пред да настапуваат на оваа сцена играле на други сцени бидејќи немале сопствена. “Тие настапуваа по кина, домови за култура, во Универзална сала каде и беше инаугуративната претстава на ТДМ, а на ова место каде сега е театарот беше ресторан ‘Вардар’. Тогаш Љубомир Чадиковски, тогашен директорот на ТДМ со тогашниот министер за култура Слободан Унковски смислуваат трикче како од еден ресторан да се направи театар за деца“, додаде Лужина истакнувајќи дека тоа било чудо во македонската култура кое чинело речиси ништо, а кое резултира со традиција пред која сите треба да симнеме капа.
“Во овој театар, во неговата 28 годишна традиција немало подеми и падови, она што на сите театри им се случува. Овде секогаш има една константа на висок квалитет, одговорност, купишта публика и насмевка“, истакна таа посочувајќи дека претставата настанала кога Чадиковски го одбира писателот Игор Бојовиќ, кој има 28 година и не е славен како денес, и кој по порачка го пишува овој текст. Потоа тој го викнал и проверениот режисер Димитар Христов, композиторот Славе Димитров, кој направил оригинална музика, и Александар Ношпал, кој има 25 години и штотуку е вратен од Лондон од Школата за висока мода за да прави првпат во животот сценографија и костим.
“И тој прави костими како што учел во своето елитно училиште, по принципите на високата мода и затоа овие костими издржале 20 години. Ова е кроено, шиено, произведено и чувано по највисоките стандарди“, истакна таа посочувајќи и дека текстот кој го напишал Бојовиќ го преведува, препејува Петре М. Андреевски.
“Квалитетот на преводот се гледа во секоја реплика, а доволно е само да се слушне како се викаат ликовите како Скакулка, Оѕверен Ѕвер, Злобницата Волшебница, Најубавата меѓу најубавите, Цвеќарот Јован Јоргован… да се направи бајка од секој збор“, рече Лужина.
Актерката Тања Кочовска, пак, истакна дека таа како Скакулка и актерот Предраг Павловски како Таткото на Убавицата, ги имаат одиграно сите 350 изведби на претставта, а Ана Левајковиќ-Бошков, која ја игра Убавицата, посочи дека потребна е страст за да се игра на сцената на ТДМ и дека децата се најискрената публика.
Во 2019 ќе почне изградба на нов објект на ТДМ
“Идната година ќе се започне со изработка на проектната документација која ќе се заврши до крајот на мај, а до крајот на 2019 најверојатно ќе се започне со изградба на нов објект на Театарот за деца и младинци во централното градско подрачје#, посочи заменик-министерот за култура Владимир Лазовски. Директорката изрази желба новиот објект на ТДМ да го носи името на нивниот колега кој има настапувано во “Убавицата и ѕверот#, починатиот актер Игор Маџиров.
https://vecer.press/