Премиера на 09. декември 2018 (недела), од 19 часот / „ЗЕМЈА ВО КОЈА НЕ СЕ СТИГНУВА“

„ЗЕМЈА ВО КОЈА НЕ СЕ СТИГНУВА“ – прв мјузикл за деца

Премиерно на 09. декември 2018 (недела), од 19 часот, на сцената на Teatar za deca i mladinci – Skopje.

„Ако чувствувате дека околу вас сѐ е грдо: девојчињата ве исмеваат, возрасните мислат дека ништо не знаете, мајките само ве опоменуваат, наставниците ве караат дека сте мрзеливи, а татковците дека сте плачковци… Побарајте го чичко Сѐ и децата кои играат во првиот македонски мјузикл за деца со деца. Тие ќе ве одведат во волшебната земја на Оливера Николова, а таму ќе ве чекаат прекрасните песни на Александар Џамбазов.

РЕЖИСЕР: Вилоета Џолева

ИГРААТ: Драган Спасов Дац, Катарина Илиевска Силјановска, Мартин Јорданоски и младите таленти: Јован Петровски, Лука Златков, Петар Златков, Михаил Николовски, Александар Грчев, Јован Дукмеџиев, Ена Исмаили, Ема Ќулавкова, Марија Јанчевска, Мања Митевска, Луна Бејков, Јелопи Седеу Нишевиќ, Лара Трпческа, Лена Катја Илиевска, Ирина Давидовска, Неда Димкова, Ангела Алексовска.

Асистент на режија: Драган Спасов – Дац
Драматург: Маја Стевановиќ
Кореографија: Кренаре Невзати-Кери
Костимограф: Елена Дончева
Музички продуцент: Александар Митевски
Аранжер: Дамир Имери
Видео сценографија: Емил Петрoв
Снимање на видео материјал и фотографии за претставата: Филип Кондовски
Дизајн на плакат и промотивен материјал: ПИКАДО “Креативен колектив“

Инспициент: Ѓуро Дракуловски

Изработка на костими: Љубица Велкова
Изработка на реквизити: Кирил Василев
Тон мајстор: Ангел Насковски и Владимир Стефановски
Светло мајстор: Оливер Ставрев и Мартин Митровски
Шминка: Игор Петрески

Фoтoграфии: Емил Петров